логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

 3.angeli.so.truba

   Зборовите што сакам да ги парфразирам, отприлика се вака: кога е мирно сѐ изгледа нормално, а кога ќе избие криза излегуваат сите наши ненормалности што сме ги таложеле во срцето кое требало да го чистиме од страстите. Реков, отприлика за да може секој да ги побара овие зборови на отецот, да истражува, да ги прочита, да ги согледа, и ако сака да ги усвои. Се надевам дека нема да ми замери што предолго ги парафразирав.

Светот е на колена од суетата и алчноста што ја пројавуваат оние, т.е. човештвото, личностите што треба да го спасуваат и приведуваат кон вечноста во царството небесно. А, личностите, човекот треба да се очистува, просветлува и обожува по мерата од растот Христов, како што вели светиот апостол Павле, за да бидеме свети како што е свет нашиот Отец Небесен во благодатта на Светиот Дух. Конфузијата не треба да е својствена за верните чеда, синови и ќерки на Бога, кои во Христос Богочовекот се посиновени, преку благодатните дарови кои штедро се излеваат врз секоја личност со вера во Воскреснатиот Господ, со надеж за живот вечен и дела на љубовта која го реализира единството наше со Него.

Но, ако и ова како и сите искушенија не се прифатат со благодарност, со послушание нема да ни бидат од полза, само ќе доупропастиме, а состојбата ќе наликува на онаа кога ќе влезат во нас, да не даде Господ и седум други демони пострашни од оној што сме го избркале. Не, ако не се преумиме, или пак стручно да се изразам, ако не го восгласиме на живот со степенот на животот во покајание, тешко дека ќе се научиме, истите ќе бидеме, дури и полоши, т.е. пак стручно, ќе се доразболиме како личности. Ние слабо паметиме, добро ќе се истревожиме, Господ ќе ни даде сила, ќе се очистиме од лепрата, но нема да се вратиме да заблагодариме. Нема анамнеза, нема епиклеза. Нема ли постојано заклучување во зборовите на молитвата, или свесноста како што ја образложил митрополит Наум, нема да дојде ни дарот на благодатта врз нас, т.е. Светиот Дух. Слава му на Бога што ова ни дадено на Литургијата, па секогаш кога се богослужи си споменуваме за сѐ што направи Господ Христос за нас, та така ни го испраќа Светиот Дух врз Даровите предложени како Леб и вино, претворени со благодатта Божја, со епиклезата во Тело и Крв Христови, како вистинско јадење и вистинско питие за живот вечен. Реалното и видливо единство со Бога тука се остварува. Во тој миг, миг на вечноста, на присуство на царството Божјо во овој свет, на реализирањето на личностите во Христа како Собор, како Негово Тело, како Црква, светот се чисти од секаков грев и прегрешение, ние причестени исто така, бели и светли како од крштевање, родени од вода и Дух причестени со Христа, свети чеда на Отецот. Но, тоа е сѐ заради Еден што сѐ направи за нас, крстот, гробот, тридневното Воскресение, уште и Второто и славно доаѓање.

HRISTOS.PRICHESTИ во сите и во сѐ заради Еден во Три Ипостаси Кој нѐ внесува во Самиот Негов живот, љубовта преку Неговата несоздадена благодат кој непрестајно се излева, за разлика од нашата молитва која не е таква, непрестајна. Но, сето ова не е магија за да нѐ заштити од корона вирус, или било кое друго заболување кое секако рековме во еден миг на вечноста и тоа е, исцеление и од тоа, и од сѐ. Но, како продолжуваме кога ќе излеземе од тој миг, дали продолжуваме со преумувањето чии дарови ги вкусивме на Литургијата, дали се заклучуваме непрестајно во зборовите на молитвата, дали веруваме во Воскресението, дали се надеваме на вечниот живот, дали преку делата учествуваме во љубовта Христова, дали воопшто се трудиме да го стекнеме дарот на Светиот Дух, та литургискиот миг да го пренесеме постојано, сега и секогаш и непрестајно, за благодатта Божја да се излее на сите и на сѐ кое е создадено и во очите на Бога прекрасно.

Нема постојано покајнио споменување на Христа во зборовите на молитвата, нема ни  дела љубовта која треба да свети за слава на Бога, тогаш нема ни дар на Светиот Дух, малку звучи како трговски однос, но само така разбираме, причеста била само да добиеме здравје, да се иселиме од болестите, за да си поживееме подолго во местото на пустошот и смртната сенка, па кога ќе дојде време на старост нека оди по ред умирачката, а “нормално” да му покажеме на светот дека нас корона вирусот ништи не ни може, бидејќи имаме ние причест преку која Бог го сфаќеме како суперхерој од Марвел маспродукцијата, а имаме и доста други “орудија” крст, темјан, босилек, осветена вода кои најверојатно не ги разбираме како придружни средства на покајнието туку налик на чеканот на Тор, наметката на Супермен, штитот на капетан Америка, а тоа убива корона и сѐ друго во радиус.

 

Но, гледаме дека не е така, причеста погоре споменавме дека е сведоштво за тоа дека само едно ни е потребно, Христос во било кое искушение, но тоа не значи со сигурност дека ќе не одмине чашата која треба да ја испиеме со благодарност. Но, се молиме како Него, другите да бидат помилувани, та сите заедно влеземе во Неговиот спокој. Сите помошни средства имаат дејство согласно нашата вера, да, но само ако верата е согласна со нашето покајание, ако нашето срце го чистиме од страстите за да влезе во него благодатта Божја која без ограничување се излева врз сите и врз сѐ, во молитвеното дело на љубовта, само ако за една личност го затвориме срцето, а камоли за повеќе луѓе, еден народ, или неодговорно и несовесно однесување кон созданието, ништо нема да помогне. Треба верно, а не суеверно да се однесуваме кон причеста, иконите и фреските, крстот, осветената вода, темјанот, елејот, петтолебието, славското и именденското коливо итн.итн.


    Да останеме спокојни и да продолжиме да велиме: Пресвета Богородице спаси нѐ, Господи Исусе Христе, помилуј нѐ, да направиме литија од добри дела кон ближните, тогаш Бог ќе види во нашето срце, и ќе нѐ помилува, но нека биде Он како што сака.

И да пристапиме со Љубов кон Изворот на животот!

 

Goran.S.Velig.jpg

Презвитер Горан Стојчевски

 3.angeli.so.truba

Скопје, 17ти март 2020 лето Господово

На празникот на Преп. Герасим Јордански; преп. Јаков Постник

 

Друго:

  



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3219
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3059
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Тимотеј: † ВОЗДВИЖЕНИЕ НА ЧЕСНИОТ И ЖИВОТВОРЕН КРСТ - КРСТОВДЕН

Митрополит Тимотеј: † ВОЗДВИЖЕНИЕ НА ЧЕСНИОТ И ЖИВОТВОРЕН КРСТ - КРСТОВДЕН

Честопати може да се слушнат прашања од наши верници за значењето на овие зборови. Што значи да се земе својот крст? Секој човек има свој крст и тој ќе го...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Ако некое страдање (Крст) ни предизвикува очај наместо радост, тоа е знак дека треба да го смениме нашиот однос со Бог, односно знак дека нашиот однос со Бог сигурно е...

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Како што видовте на Светата литургија, на двата јазика, сите заедно ја служевме оваа литургија без да постои прекин или пречка. Познато ми е за да дојдеме до овој момент,...

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Што правиме ние? Најчесто, не се трудиме доволно да ги извршуваме нашите дневни обврски во послушание, свесно и согласно Божјите заповеди – во слава Негова и за добро на ближните,...

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

Непријателот веќе не го попречува духовниот живот, но настојува да го оскверни, а потоа и да го уништи тоа што е стекнато на тој пат. Тој ти всадува славољубие и...

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Освен ова благодатно проникнување, проземање, друг начин на постоење и спасение за нас, христијаните, е невозможен, и незамислив. Ние не сме етичко тело, ние сме Тело Христово – еден со...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

« »