логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Скопје,24ти март 2019 - храм Рождество на Пресвета Богородица

 

Протоереј Драган Јанковски: Втора недела од Велигденскиот пост


Во текот на неколку седмици Светата Црква ни изнесе повеќе места од Светото писмо во кои се говори за разни гревоеи. Пред нашите мисловни очи ни помина сликата на митарот, кој се каел за своите гревови, и фарисејот, кој заради својата гордост не можел и не сакал да ги согледа гревовите. Слушнавме и за блудниот син, кој поголемиот дел од својот живот го минал во неморал. Се потсетивме и за немилосрдните што на Страшниот суд ќе ја добијат левата страна од Господа Исуса Христа и ќе бидат во постојани маки. Светата Црква не потсетува на ова за и ние да ги согледаме нашите гревови и да се покаеме, особено во текот на четириесетдневниот пост.

Човекот кога му прави добро на својот ближен, тоа е вистинска добродетел, која Му е угодна на Бога. Оваа вистина ја посведочува и самиот Господ Исус Христос, бидејќи не само што честопати не учи на љубов и помагање на нашите ближни, туку и Он постојано им прави добро на луѓето.

Но, секое добро што го прави човекот на својот ближен треба да произлегува од љубовта спрема Бога и ближниот. Човекот треба да Го сака Бога со сета душа и со сето свое битие, како и својот ближен, бидејќи преку тоа фактички си помага на себе си. Се богати со богатството кое никој не може да му го одземе, а со тоа и си создава вечна радост и блаженство.

Така, на пример, учените треба да ги поучуваат неуките: оној пак на кого Бог му дал власт треба да ја застапува и брани правдата, а со тоа и да ја сопира неправдата; богатиот да ги помага сиромасите; слниот да ги крепи слабите; лекарот да ги лекува болните и тн.

Од сево ова јасно се гледа дека добродетелите можат да бидат различни и од повеќе видови. Со оглед на тоа што човекот се состои од душа и тело - добродетелите се духовни и материјални.
За секој човек многу поважни се духовните, односно моралните добродетели, отколку материјалните. На такви добродетели не поучува и нашата Света Црква, заповедајќи ни од нашите рожби да создаваме вистински христијани.

Има млади и образовани луѓе, кои се уште доволно не се упатени во христијанската вистина и придобивките од добродетелите, па затоа честопати дури и иронично говорат за верата и гревот. Со тоа тие го откриваат своето неверие во Бога, како и тоа дека не се плашат од гревот. А оние, кои не се плашат од гревот и од злото во животот, си создаваат место за пороци и престапи. Порочните страсти ја трујат не само душата на престапникот, туку го нарушуваат и здравјето на неговото тело.

Светата Црква денес ни презентира евангелско четиво, во кое е прикажана телесната немоќ на еден век, која доаѓа од гревот. За жал, има многу луѓе кои додека се здрави не се плашат од зборовите на Господ Исус Христос за Страшниот суд, но кога ќе оболат, почнуваат да размислуваат за смртта и за она што доаѓа потоа.

Таков човек бил и оној изнемоштениот, за кого ни говори денешното прочитано евангелско четиво. Еве, само некои акценти од него.
Во она време дошол Исус во Капернаум и се слушнало дека влегол во некоја куќа. Се насобрал многу  народ.  Господ Исус Христос  го поучувал народот. Четворица луѓе на носила донеле болен човек од парализа и бидејќи не можеле да пријдат до влезот на куќата, се качиле на кровот и преку кровот го спуштиле болниот пред Христа. Тогаш Исус му рекол на болниот: "Синко, ти се проштеваат гревовите, стани, земи си ја постелата и оди си дома." Тој станал, ја зел постелата и си заминал, славејќи Го и фалејќи Го Бога. Книжниците и фарисеите му забележале на Исуса, велејќн дека хули на Бога. Само Бог може да проштева гревови. Нивниот разум бил заматен, а очите замрежени, па не можеле да Го видат дека Он е Богачовек и како Бог може да ги проштева гревовите на оние кои се каат и кои ја бараат Неговата помош.

Господ му ги простил гревовите на болниот и тој оздравел. Повеќе не му требала туѓа помош. Товарот од гревови му бил симнат од неговите плеќи, раните биле излекувани. Вратена му била физичката и психичката моќ. Чудото било направено, а Чудотворецот прославен.

Да се потсетиме дека секој човек има небо и земја, душа и тело, внатрешност и надворешност, искра на рајско совршенство и хаос на грешното распаѓање - гниење.

Гревот во животот на човекот внесува депресија, па дури и парализа. Внесува неслога во семејството, антагонизам и завист меѓу соседите, недоразбирање меѓу луѓето и општеството, воопшто. Во срцата на луѓето војуваат престапот и страстните инстикти. Секој час создаваат несреќа и жалост. Посакуваат со малку работа, односно на лесен начин да се здобијат со големо материјално богатство. Желбата за неморални наслади пронаоѓа илјадници начини за остварување на истите. Злобата незапирливо владее во животот и ја руши среќата на луѓето. Му го одзема мирот и спокојството на душата и му донесува смртоносни болки на телото.

Ние мора поголемо внимание да обрнеме за лекување на разни слабости на душата. Како што се плашиме од телесната смрт, треба уште повеќе да се плашиме од духовната. Мора да имаме живи, а не мртви души. Заради тоа, добро да се преиспитаме најнапред себе си дали нашите души не боледуваат од било каква болест. Мораме да се увериме дека во нив зацарило никакво зло, кое ја нагризува нашата особност и ја нарушува духовната хармонија.

Вистина е дека треба да сме телесно здрави. Но здрава душа е онаа што треба човекот да ја спечали, бидејќи се си оди кон својот Творец. Душата оди кон вечниот Бог, а телото во земјата, зашто од неа е и создадено. Здравата душа гледа она што е добро и го има, таа со сигурност го разликува злото и го отстранува. Треба постојано да имаме вера, затоа што со верата се разгорува нашата духовна смиреност кон Бога за да Му се обратиме за помош, оти верата ни влева дух на готовност и послушност.

Борбата против злото може да се води само преку обнова на моралните сили и тврдата вера. Нив може да ги обнови само божествениот лекар Господ Исус Христос. Нашите гревови можат да бидат големи, знаеме дека доброто и моќта на Спасителот се неизмерни. Затоа, искрата на нашата вера треба да се разгори, да не окуражи и да не поттикне на смелост да Му се обратиме за помош. Да ни влее дух на готовност послушност да Му се приближиме и да се предадеме на балсамот на евангелските заповеди. Штом ќе ја кажеме нашата вера поткрепена со добри дела Он ќе ја види и ќе ни рече: "Деца мои, ви се проштеваат гревовите, ви се враќа здравјето и моќта, одете си дома и бидете радосни и задоволни."

АМИН!

 

24ти март 2019 лето Господово- храм Рождество на Пресвета Богородица

 Преминпортал (к.т.)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2682
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7132
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6965
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

14/07/2024 - недела

Св. бесребреници Козма и Дамјан; Преп. патрициј Петар; Св. маченик Потит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная