Спасителот вели: Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе го видат Бога (Мат. 5, 8), зашто Бог е скриен во срцата на оние што веруваат во Него. Тие ќе Го видат Бога и ризниците скриени во Него, кога ќе се очистат преку љубов и воздржание и ќе Го видат толку појасно колку повеќе се исчистени.
Свети Григориј Палама
Преку Неа луѓето примаат благодат. Ниту еден дар во Црквата не е примен без помош на Мајката Божја, која е првина на прославената Црква.
На покана на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, на 7 мај 2014 г. се одржи предавање на познатиот и европски признат психијатар и академик, проф. д-р Владета Јеротиќ. Предавањето се одржа на богословскиот факултет, во преполнетата сала „Архиепископ Доситеј“, и на истото присуствуваа Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, митрополитите г. Петар и г. Јосиф...
Ве информираме дека на првиот ден од саемот ќе биде одржана промоција на книгите „Старец Јосиф Исихаст“ и „Св. Серафим Саровски“, на која промотор ќе биде протоереј Миле Штрбевски, а ќе присуствува и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел,а на вториот...