логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Се покануваат сите благочестиви христијани на заеднички
Спомен на Блажена Ксенија Петроградска, јуродива за Христа

Во предвечерието на денот кога се слави споменот на Блажена Ксенија Петроградска, јуродива за Христа, на ден 05.02.2015 год. со почеток во 17,00 час. во храмот посветен на Пресвета Богородица во Скопје,ке се одслужи Повечерие со читање на Акатист кон Блажена Ксенија Петроградска , верниот народ ке биде помазан од кандилото пред нејзината икона и ке се осветат петолебијата кои се принос во нејзин спомен за здравје и спасение на сите .

Кондак 1
Избрана угодничке поради Христа јуродива, света блажена мајко Ксенијо, која го избра подвигот на трпение и злопатење, пофална песна ти принесувам почитувајќи го твојот спомен. Ти пак, заштити не од видливите и невидливите непријатели за да ти воскликнеме;
Радувај се блажена Ксенијо, молитвеничке за нашите души!

Во понови времиња се зголемува љубовта на македонците кон оваа руска светителка, потикнати од восхитот кој произлегува од нејзината силна вера во Христа.....надворешно, површински - припроста жена од народот, вдовица која и неделувала сосема нормално бидејки барала да ја именуваат со името на нејзиниот рано упокоен сопруг....Внатре, длабоко - океан од вера и, воедно, вулкан од љубов, изразен преку огромен подвиг,кон сето тоа овенчана со бескрајно смирение и затоа со силата на Светиот Дух, прославена и со дарови, прозорливост, исцелувања и чудотворства...И пред да биде свечено канонизирана и приспоена во бројот на многу признати светии, многу порано била од самиот верен народ,свештенството и монаштвото молитвено почитувана и повикувана за помош и спасение и постојат безброј пишани и непишани сведоштва за исцеленија и спасенија и чуда кои блажена Ксенија ги испросила пред Бога за сите кои и притекнале на помош.
Во времето кога Црквата во Русија претрпува огромни прогони и уништувања, во периодот на 18 век,кога е срушен заветниот храм на Христа Спаситеља во Москва, малиот скромен гроб и капелата на Смољенските гробишта останала незапазена, а скромната, неугледна црква, и нејзиното благо, гробот на Блажената, биле извор на вера и сила за милиони луѓе.И тој гроб останал, ја надживеал советската сила.
КОЈ МЕНЕ МЕ ПОЗНАВАЛ ДА ЈА СПОМЕНЕ МОЈАТА ДУША ЗАРАДИ ДУШАТА СВОЈА!Овие заветни зборови, вклесани на надгробната плоча на света Ксенија Петроградска на Смољенскиот гроб во Санкт-Петербург,повикуваат на молитвено почитување на светите Божји угодници, но и не опоменуваат дека нашиот Бог е Бог на живите и дека во нашиот Господ нема мртви туку само во Господа заспани и на земјата живи.Неговите угодници постојано се јавуваат и во помош му притекнуваат на секого кој молитвено и со вера им се обракаат.
Блажена Ксенија е неуморна и брза помошничка скоро два века.
Преподобна мајко Ксенијо, моли Го Бога за нас!

Подготви: Душанка Бојаџиева

 

Многу работи од земниот живот на света Ксенија останале од нас луѓето сокриени и само Господ Бог ги знае.Дури ни годините на раѓањето и упокојувањето на блажена Ксенија не се точно познати.Со сигурност се знае само дека живеела помеѓу двата предходни века.Родена помеѓу 1720, и 173о година, а се упокојила околу 1800 и некоја година.На земјата престојувала 71 година.Родена е во Петроград,Ксенија Григорјевна,млада,убава и образована,сонувала за срека во овој земен живот..Се омажила за дворски певец,полковник Андреј Тодоровиќ Петров, незнаејки дека таа среќа е лажна и поминлива. Не се знае точно какво е Ксеининото потекло, но самиот брак со угледен,богат и убав млад човек сведочи за високото ниво на нејзините родители, како и за нејзиното образование и примерно поведение.
По ништо Ксенија не се разликувала од своите врсници. Срекно омажена - се до една вечер кога нејзиниот Андреј изненада, иако млад и сосема здрав, умира на некоја забава. Ксенија тогаш имала 26 години. Немала деца, а сега останала и без својот љубен сопруг. Целото нејзино богатсво повеќе немало никакво значење.Затоа имотот го поделила на сиромаси, а куќата ја поклонила на својата пријателка Параскева Антононовна. За роднините тоа бил знак дека од болка Ксенија полудела, дуро до надлежните поднеле молба за да ја спречат во раздавањето на богатсвото. Молбата била прифатена и Ксенија била повикана на разговор. Но веднаш било констатирано дека вдовицата Ксенија е сосема здрава и да, има потполно право со својата имовина да располага самостојно, како нејзе и одговара.
Така гледале луѓето на слугинката Божја Ксенија, не разбирајќи дека после смрта на сопругот, во нејзината душа се случила потполна духовна преобразба. Смртта на саканиот сопруг на Ксенија и открива колку е лажна и суетна среќата во овој земен живот.Сфатила дека совршена среќа на овој свет нема, а суетата и заблудата од овој пролазен живот може да бидат препрека во патот до вечноста, до Бога. Затоа, ослободувајќи се од земното богатсво, ја облекува униформата на својот сопруг и заминува, во непознато на осум години. А кога се појавува во сиромашното предградие на Петроград, започнува сите да ги убедува дека не умрел нејзиниот Андреј тука таа, Ксенија Григорјевна. Затоа не се отповикувала на името Ксенија туку само на името на својот Андреј. На тој начин ги покајувала несамо своите гревови туку и гревовите на својот сопруг.
Умирајќи за светот, Блажената со целото свое битие се стремела кон Бога.Зачекорила на еден од најтешките патишта - мудроста ја прегрнала со облеката на лудост.Станала Јуродива за Христа. Тоа е еден од најтешките подвизи.
Ксенија немала одредено место на живеење. Воглавно по цел ден лутала по сиромашното предградие на Петроград, а најмногу престојувала во парохијата каде била црквата на Светиот Апостол Матеј. Невообичаено и сиромашно облечена, и скоро босонога, без постојано место на живеење. Нејзините алегорични приказни, кроткост и незлобливост многучесто биле исмевани и со подигрување и кај возрасните и децата. Но пред очите на Блажената секогаш бил ликот на невиниот Страдалник Господ Христос, Кој понизно ги примил и поднесол обвинувањата и плукањето,и навредите , и распнувањето, и самата смрт.Сеќавајки се постојано на Христовите страдања, Блажената покорно и мирно ги поднесувала сите навреди и подсмевања.
/преведено од житието на света Ксенија Петроградска,јуродива заради Христа/

+++

Во личноста на блажена Ксенија,лугето сфатиле дека не се работи за обична просјачка туку дека е некако посебна,невообичаена. Започнале да ја сожалуваат и понегогаш да и помагаат. Многумина и давале топла облека и обувки, бидејки униформата од нејзиниот сопруг која ја носела сосема се распаднала, па Ксенија и во лето и во зима била облечена во партали, додека на босите, натечени и од мразот промрзнати и црвени нозе носела искинати длабоки кондури. Но таквата помош Ксенија не ја прифакала и до крајот на животот била облечена во парталави и износени црвена кошула и зелена сукња или зелена кошула и црвена сукња.Освен таа облека немала ништо друго,па кога ке дојдела на посета кај своите пријатели,уште од врата во шега велела:
- Еве ме мене и све мое!
Ни милостиња непримала.Само од добри луге земала по некоја понудена копејка и истиот момент ја давала на други сиромаси.
Долго никој незнаел каде пребива во нокта.Човековото љубопитство и сомничавост ги потикнала некои нејзини сограѓани и полицијата во нокните часови да ја пратат.Откриле дека, без оглед на годишното доба и временските прилики, блажена Ксенија ноке одела во полето и на коленици се молела се додека неизгреело сонцето,притоа повеке пати правела земни поклони на сите четири страни на светот.
Така заради Христа јуроодива Ксенија,полни 45 години се подвигувала.Своето тело со постот го очистила, а душата со молитвата, па со Божја помош,ги победувала непријателите на човековиот род. Студените есенски дождови и страшните руски зими,кога и птиците во лет се замрзнуваат и здрави млади луѓе во движење,остарената и ослабдната Ксенија ги поднесувала топлена од љубовта Гоисподова, а земната храна ја заменувала со духовната храна преку своето непоколибливо верување. Иако со тело на земја,душата и лебдела над земјата, престојувајки непрекинато во живото и непосредно општење со Живиот Бог.

 

+++

Подготви;Душанка Бојаџиева

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

           Деца, од моментот кога имаме иста, православна, вера и исто, вистинско, Апостолско Преемство, расколот е на друго место – не е помеѓу Помесните православни цркви. Расколот е само внатре...

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

 Бог го создаде човекот според Својот образ и подобие, т.е. како личност. Што точно, колку што може да сфатиме, значи тоа? Прво, образот Божји значи - совршена слобода, а подобието...

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

« »

Православен календар

 

31/01/2026 - сабота

+Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски; +Свети Кирил Александриски; Свети Максим, архиепископ Влахозадпланински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот исповедник Марко Ефески  1 февруари/ 19 јануари  2026

Тропар на светиот исповедник Марко Ефески 1 февруари/ 19 јануари 2026

Храброста твоја Марко свети исповедниче,смелост пред Бога измоли,да посведочиш дека единствена вистина, е самата Вистина подарена, на твојата душа Богољубива.Силен факел...

Тропар на светите архиепископи Атанасиј и Кирил Александриски 31 јануари/18 јануари   2026

Тропар на светите архиепископи Атанасиј и Кирил Александриски 31 јануари/18 јануари 2026

Делата засветлија во Православиетосо нив го замолкнавте злословието,победоносци станавте,ги обогативте сите со благочестие,и Црквата ја украсивте,

Тропар на светиот цар Теодосиј Велики 30 јануари/17 јануари  2026

Тропар на светиот цар Теодосиј Велики 30 јануари/17 јануари 2026

Порфирата царска ја прифати како предвесник на вистинскиот сјај,на ангелските одори во небесното царство,о Теодосие смирен слуго Божји,Духот разум ти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная