логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 11/02/2015   Актуелности, Поуки - совети

евхаристия

Евхаристијата – е главната Тајна на Црквата, востановена од Господ Исус Христос пред Неговите спасителни страдања, крсната смрт и воскресението. Учествувањето во Евхаристијата и причестувањето со Телото и Крвта Христови е заповед на Спасителот, Кој преку Своите ученици им рекол на сите христијани: „Примете, јадете: ова е Моето Тело“ и „пијте од неа сите, ова е Мојата Крв на Новиот Завет“ (Мт. 26, 26-28).

Самата Црква е Тело Христово, па затоа Тајната на Телото и Крвта Христови видливо ја претставуваат мистичната природа на Црквата, градејќи ја црковната општина.
Духовниот живот на православниот христијанин е незамислив без причестувањето со Светите Тајни. Приопштувајќи се кон Светите Дарови, верните се осветуваат со силата на Светиот Дух и се соединуваат со Христос Спасителот и еден со друг, сочинувајќи го едното Тело Христово.
Тајната Евхаристија бара посебна подготовка. Во Црквата, самото време – било да е време на човечкиот живот или историјата на целото човештво – е очекување и подготвување за средбата со Христос, а сиот ритам на богослужбениот живот – очекување и подготвување за Божествената литургија, и соодветно за причестувањето, заради кое таа и се совршува.

I.
Практиката на причестувањето и подготовката за него во историјата на Црквата се менувала и добивала различни форми.
Уште во епохата на апостолите во Црквата се востановила традиција да се служи Литургија секоја недела (а по можност – и почесто: на пример, во деновите кога си споменувале за мачениците), за христијаните да би можеле постојано да пребиваат во општење со Христос и со заедницата (на пример: 1 Кор. 10, 16-17; Дела. 2, 46; Дела. 20, 7). Сите членови на локалната заедница учествувале во еженеделната Евхаристија и се причестувале, а откажувањето од учеството во евхаристиското заедничарење без доволни причини за тоа, било подложено на осуда: „Сите верни, кои влегуваат во црква и писмата ги слушаат, но не остануваат на молитвата и светото причестување до крајот, како оние кои безредие прават, да се одлачат од црковното општење“ (правило на светите Апостоли 9). Ранохристијанската практика за причестување на секоја Божествена Литургија останува идеал и во денешно време, претставувајќи дел од Преданието на Црквата.
Заедно со тоа, количествениот раст на Црквата во III, и посебно во IV век, довел до промени, меѓу другото и во литургискиот живот. Со зголемувањето на бројот на денови посветени на споменот на мачениците и на други празници, евхаристиските собранија почнале да се извршуваат сè почесто, а присуството на нив за секој христијанин почнало од многумина да се смета пожелно, но не задолжително – исто како и учеството во причестувањето. Црквата ја спротивставила на тоа следната канонска норма: „Сите кои влегуваат во црква, и ги слушаат свештените Писма, но заради некакво отклонување од поредокот, не учествуваат во молитвата со народот или се одвраќаат од причестувањето на светата Евхаристија, да бидат одлачени од Црквата дотогаш, додека не се исповедаат, покажат плодови на покајание, и побараат прошка, и на тој начин да можат повторно да се причестат “ (2-ро правило на Антиохискиот Собор).

Сепак, високиот идеал за постојана подготвеност за примање на Светите Тајни се покажал тешко достижен за многу христијани. Затоа, уште во делата на Светите Отци од IV век се среќаваат сведоштва за постоењето на различни практики во однос на регуларноста на причестувањето. Така, свети Василиј Велики пишува за причестувањето четири пати во неделата како за норма: „Да се причестуваме секој ден, и да се приопштуваме кон Светото Тело и Крв Христови – добро е и полезно, затоа што Самиот [Христос] јасно вели: Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв, има живот вечен. <…> Ние секој анедела се причестуваме четири пати: во недела, во среда, во петок и во сабота, а исто така и во останатите дни, ако се падне спомен на некој светител“. (Послание 93[89]). После помалку од половина век, свети Јован Златоуст забележува, дека многумина – вклучувајќи ги и монасите – почнале да се причестуваат еднаш-двапати годишно: „Многумина се причестуваат со оваа Жртва еднаш во цела година, други двапати, а трети – неколку пати. Нашите зборови се однесуваат на сите, не само што присуствуваат тука, но и кои се наоѓаат во пустината, – затоа што и тие [исто така] се причестуваат еднаш годишно, а често – и еднаш во две години. Што да се прави? Кого треба да го оправдаме? Оние кои [се причестуваат] еднаш [годишно] или оние, кои често, или пак оние кои ретко? Ни едните, ни другите, ни третите, но оние кои се причестуваат со чиста совест, со чисто срце, со беспрекорен живот. Таквите секогаш нека пристапуваат; а оние кои не се такви [не треба да се причестуваат] ни еден пат [годишно]“ (Беседа на Посланието до Евреите (17, 4).


Во VI век, конечно била зафиксирана нормата која се донела уште во доникејската епоха, за задолжителен евхаристиски пост – целосно воздржание од храна и пиење во денот на причестувањето до моментот на примањето на Светите Христови Тајни: „Светото таинство на олтарот да се извршува од луѓе кои не јаделе“(41-во [50-то] правило на Картагенскиот Собор; потврдено со 29-то правило на Трулскиот Собор). Сепак на границата меѓу IV-V век, некои христијани ја поврзувале причеста не само со запазување на евхаристиско воздржување пред литургијата, но и, по сведоштвата на св. Јован Златоуст, со времето на Великиот пост. Самиот светител повикува кон почесто причестување: „Те молам, кажи ми: пристапувајќи кон причесната еднаш годишно, ти навистина сметаш дека четириесет дена ти се доволни за очистување на гревовите за сиот [тој] период? А потоа, по изминувањето на неделите, пак се предаваш на претходното? Кажи ми: ако ти, оздравувајќи 40 дена од некоја тешка болест, потоа пак да се вратиш на истата храна која ти ја причинила болеста, не би го изгубил ли и претходниот труд? Очигледно, дека тоа е така. Ако пак така е устроено физичкото [здравје], тогаш колку повеќе – моралното. <…> [Само] четириесет – а често не и четириесет – денови посветуваш на здравјето на душата – и мислиш дека си Го смилостивил Бога? <…> Не го кажувам ова за да ви забранам да пристапувате еднаш годишно, но повеќе сакајќи секогаш да пристапувате кон Светите Тајни“ (Беседи на Посланието кон Евреите 17, 4).


Во Византија, околу XI-XII век, во монашката средина се установила традиција да се причестуваат само после подготовка, која во себе вклучувала пост, исповедање на својата совест пред манастирскиот духовник, читање пред причест посебно молитвено правило, кое се зародува и започнува да се развива имено во таа епоха. На истата традиција почнале да се ориентираат и благочестивите мирјани, бидејќи монашката духовност во Православието секогаш се гледала како идеал. Во најстрог вид таа традиција е претставена, на пример, во укажувањата на рускиот Типикон (глава 32), кој за разлика од грчкиот, зборува за задолжителен седумдневен пост пред причестувањето.


Во 1699 година, во составот на рускиот Служебник била вклучена статија со наслов „Поучно известување“. Во неа, меѓу другото, постои укажување и за задолжителен рок на подготовка за светото причестување – во четирите многудневни пости можат да се причестуваат сите кои што сакаат, а надвор од постите треба да се пости седум дена, но тој рок може да биде скратен: „Ако посакаат да пристапат кон светата причест, надвор од четирите обични пости, претходно седум дена да постат, стоејќи во молитви црковни и домашни (но ова не е задолжително: задолжително е три дена, или само еден ден да постат)“.


На практика, крајно строгиот пристап кон подготовката за Светата причест, имајќи позитивни духовни страни, сепак, доведувал и до тоа, некои христијани долго да не се причестуваат, повикувајќи се на неопходноста на достојната подготовка. Против таквата практика на ретко причестување, конкретно, во Руската Империја била донесена норма за задолжително причестување на сите христијани барем еднаш годишно, кој се наоѓа во „Духовната регулатива“ . „Секој христијанин е должен често, или барем еднаш годишно да се причестува со Светата Евхаристија. Зашто тоа и е нашето најголемо благодарење на Бога за надумното наше спасение, извршено преку смртта на Спасителот… Заради тоа, ако се покаже дека некој христијанин многу се оддалечува од Светата причест, со самото тоа покажува дека тој не е во Телото Христово, што значи не е соопштник со Црквата“.
Во XIX – почетокот на XX век, благочестивите луѓе се стремеле да се причестуваат барем во сите четири многудневни пости. Многу светители од тоа време, меѓу кои се и – свети Теофан Затворник, св. праведен Јован Кронштадски и други – повикувале да се пристапува кон Светите Тајни уште почесто. По зборовите на свети Теофан, „мерата [да се причестуваме] во месецот еднаш или двапати – е најумерена“, иако „не може да се каже ништо неодобрително“ и за почестото причестување. Секој верник може да се раководи со следните зборови од тој светител: „Со Светите Тајни причестувајте се почесто, како што ќе ви разреши духовниот отец, само трудетесе секогаш да пристапувате и со потребната подготовка, и повеќе – со страв и трепет, за привикнувајќи се, да не почнете да пристапувате рамнодушно“.


Исповедничкиот подвиг на Црквата во годините на гонењето во XX век, побудил многу свештенослужители и црковни чеда да ја преосмислат поранешната практика на ретко причестување. Така, во 1931 година Привремениот Патријаршиски Синод во својата одлука на 13 мај укажал: „Желбата, околу можното често причестување на православните христијани, а за оние кои преуспеваат – и секоја недела, да се признае допустливо“.
Во денешно време, многу од православните луѓе се причестуваат доста почесто, отколку повеќето христијани во дореволуциона Русија. Сепак, практиката на често причестување не може автоматски да биде распространета на сите верници без исклучок, зашто зачестеноста на причестувањето зависи дирекно од духовно-моралната состојба на човекот, за, по зборовите на Златоуст, верните да пристапуваат кон причестувањето со Светите Тајни „со чиста совест, колку што тоа за нас е возможно“ (Против јудеите. Слово ΙΙΙ. 4).


II.
Барањата за подготовка за Светата причест се определуваат за секој верник со црковните определби и норми, кои се применуваат од духовникот, имајќи ги во предвид регуларноста на приопштувањето кон Светите Тајни, духовната, моралната и телесната состојба, надворешните животни околности, на пример, зафатеноста, обременетоста со грижа за ближните.
Духовен отец (духовник) на човекот е свештеникот, кај кого тој постојано се исповеда, кој е запознаен со околностите на неговиот живот и духовната состојба. Притоа, верниците можат да се исповедаат кај други свештеници, во случај да не можат да се исповедаат кај својот духовник. Ако нема духовник, верникот треба да се обраќа со прашањата кои се однесуваат на причестувањето, кај свештениците во храмот каде што сака да се причести.
Како духовникот, кој се раководи со црковните определби и норми и врз нивна основа го раководи христијанинот, така и причасникот, неопходно е да осознава, дека целта на подготовката не е надворешно исполнување на формални услови, но добивање на покајна состојба на душата, простување на навредите и помирување со ближните, соединување со Христос во Светите Тајни. Постот и молитвата се повикани да му омогнат на оној кој се подготвува да се причести во задобивање на таа внатрешна состојба.
Спомнувајќи си за зборовите на Спасителот, Кој ги изобличувал оние, кои налагаат на луѓето тешки и неподносливи бремиња (Мт. 23, 4), духовниците треба да се свесни, дека неоправданата строгост, исто како и прекумерното снисходење можат да станат препрека на соединувањето на човекот со Христос Спасителот, и да му направат штета.
Подготовката на монасите за учество во Тајната Евхаристија е во согласност со Положбата за манастирите и монаштвото и внатрешните устави на манастирите.

1. Практиката на подготвителниот пост се регулира со аскетичката традиција на Црквата. Постот, во форма на воздржување од скромна храна и оддалечување од забави, придружуван со усрдна молитва и покајание, традиционално му претходи на причестувањето со Светите Тајни. Должината и мерата на постот пред светата причест можат да бидат различни, во зависност од внатрешната состојба на христијанинот, а исто така од објективните услови на неговиот живот. На пример, при тешки или хронични заболувања, кои бараат посебен режим на исхрана, а за жените – при бременост и доење постот може да биде скратен, олеснет или разрешен. Тоа се однесува и на христијаните, кои привремено или постојано се наоѓаат во услови на световен интернат, кои подразбираат заедничка храна (војска, болници, интернати, специјализирани школи, затвори).
Практиката која постои денеска, според која оние кои се причестуваат неколку пати годишно постат три дена пред причест, потполно е соодветна на преданието на Црквата. Исто така, приемлива е и практиката, кога оној што се причестува секоја недела, или неколку пати во месец, а притоа ги пази предвидените од Уставот многудневни и еднодневни пости, да пристапува кон Светата Чаша без дополнителен пост, или запазувајќи еднодневен пост, или пост на вечерта спроти причестувањето. Решението за тоа прашање треба да се прима со благослов на духовникот. Барањата за подготовка кон света причест, адресирани кон мирјаните кои се причестуваат често, се однесуваат и на свештенослужителите.
Посебен случај, во однос на практиката за подготовка за светата причест претставува Светлата седмица – неделата после празникот на Христовото Воскресение. Древната канонска норма за задолжително учество на сите верни во воскресната Евхаристија во VII век, била распространета и на Божествените литургии во сите денови на Светлата седмица: „Од светиот ден на Воскресението на Христос, нашиот Бог, до Неделата Нова, во сета седмица, верните се должни непрестајно да се подвизуваат во црквите, во псалми и песнопенија, и песни духовни, радувајќи се и торжествувајќи во Христос, и внимавајќи на читањето од Божествените Писма, и со Светите Тајни насладувајќи се. Зашто на тој начин, со Христос заедно ќе воскреснеме, и ќе се вознесеме“ (66-то правило на Трулскиот Собор). Од тоа правило, јасно следува, дека мирјанити се повикуваат да се причестуваат на литургиите во Светлата седмица. Имајќи во предвид, дека на Светлата седмица Уставот не пропишува пост и дека на Светлата седмица и претходат седум недели подвиг во Великиот пост и Страсната седмица, – треба да се признае како соодветна на канонското предание, практиката која се појави во многу парохии на Руската Православна Црква, кога оние христијани кои го пазеле Великиот пост во периодот на Светлата седмица пристапуваат кон светата причест, ограничувајќи го постот со невкусување на храна после полноќ. Слична практика може да биде распространета и во периодот меѓу Рождеството Христово и Богојавление. Оние кои се подготвуваат за причест во тие дни, треба со посебно внимание да се чуваат од неумерна употреба на храна и пијалоци.


2. Од подготвителниот пост треба да го разликуваме евхаристискиот пост во строга смисла на зборот – целосно воздржување од храна и пијалоци од полноќ, до светата причест. Тој пост канонски е задолжителен (види погоре 41-во [50-то] правило од Картагенскиот Собор). Притоа, барањата за евхаристиски пост не се применуват кон младенци, а исто така и кон лица кои страдаат од тешки, сериозни или хронични заболувања, кои подразбираат неопходно примање на лекови или храна (како, на пример, при дијабетис), и кон смртно болните. Освен тоа, ова барање, според одлуката на духовникот, може да биде ослабено во однос на бремени жени и доилки.
Каноничното право пропишува во периодот на подготовка за светата причест да има воздржание од брачни односи. 5 правило на Тимотеј Александриски зборува за воздржување ноќта пред Причеста.


Христијаните, подложни на штетната навика на пушење цигари, Црквата ги повикува да се откажат од неа. Тие, кои веднаш немаат сила за тоа, треба да се воздружваат да не пушат после полноќ, а по можност – и од вечерта пред светата причест.

Бидејќи Литургијата на Претходно-осветените Дарови според Уставот е соединета со вечерната, нејзиното служење во вечерно време е уставна норма (впрочем, на практика таа литургија обично се служи наутро). Во соодветност со одлуките на Светиот Синод на Руската Православна Црква, од 28 ноември, 1968 година, „кога Божествената Литургија на Претходно-осветените Дарови се служи во вечерните часови, воздржанието од храна и пијалоци на оние кои се причестуваат треба да биде не помалку од 6 часа, но сепак, воздржувањето пред причест после полноќ, од почетокот на дадениот ден е за голема пофалба, и него можат да го пазат оние кои имаат физичка сила“
На не помалку од шестчасовно воздржание, треба да се ориентираме и при подготовката за причест на Божествената Литургија, која се служи ноќе (на пример, на празниците Велигден и Рождеството Христово).


3. Подготовката за причест не се состои само во откажување од одредена храна, но и во почесто посетување на црковните богослужби, а исто така и во извршување на молитвеното правило.
Задолжителен дел од молитвената подготовка претставува Последованието пред светата причест, кое се состои од соодветен канон и молитви. Молитвеното правило обично ги вклучува во себе каноните на Спасителот, Мајката Божја, Ангелот Чувар и други молитви (види „Правило на оние кои се подготвуваат да служат, и сакаат да се причестат со Светите Божествени Тајни, Телото и Крвта на Господ наш Исус Христос“ во Последованието на Псалтирот). За време на Светлата седмица молитвеното правило се состои од Пасхалниот канон, и исто така од канонот и молитвите пред светата причест. Личното молитвено правило треба да се извршува надвор од богослужбите, кои секогаш подразбираат соборна молитва. Посебно пастирко внимание е потребно во однос на луѓето, чиј духовен пат во Црквата само што започнува и кои сеуште не се навикнале на долги молитвени правила, а исто така за децата и болните. Последованието на Псалтирот дава можност каноните и акатистите да се заменат со Исусова молитва и поклони. Во духот на тие упатства, по благослов на духовникот споменатото правило може да се замени со други молитви.
Бидејќи литургијата е врв на сиот богослужбен круг, присуството на службите кои ѝ претходат – пред сè, на вечерната и утрената (или сеноќното бдение) – претставува важен дел од подготовката за примање на Светите Тело и Крв Христови.


Духовникот, или свештеникот кој исповеда, во случај човек да отсуствувал на вечерната служба пред причеста, или не го извршил молитвеното правило во целосен обем, треба да го побудува кон усрдна подготовка за причеста, но истовремено да ги има во предвид околностите на неговиот живот, и возможното количество на разбирливи причини.
Подготвувајќи се за примање на Светите Христови Тајни на Божествената литургија, чедата на Црквата треба да се собираат во храмот на почетокот на богослужбата. Задоцнувањето на Божествената Литургија претставува небрежност кон Таинството на Телото и Крвта Христови, особено кога верните доаѓаат во храмот после читањето на апостолот и Евангелието. Во случај на такво задоцнување, свештеникот кој исповеда или причестува може да донесе одлука да не го допушти човекот до Светата Чаша. Исклучок може да биде направен за луѓе со ограничени физички можности, мајки доилки, деца во бебешка возрасти и возрасните кои ги придружуваат.


По завршувањето на Божествената Литургија, христијанинот треба да ги ислуша во храмот, или да ги прочита благодарствените молитви по светата причест. Христијанинот треба со сите сили да се стреми кон тоа, заблагодарувајќи му се на Господа во молитва за примениот дар, да го чува во мир и благочестие, љубов кон Бога и ближните.
Имајќи ја во предвид неразделивата врска на причестувањето со Божествената Литургија, духовенството не смее да ја допушта практиката, кога во одделни храмови на верниците им се забранува да пристапуваат на светата причест на празници како Велигден, Раѓањето Христово, Богојавление, заупокоените саботи, и Задушница.


III.
Оној кој се подготвува за света причест ја испитува својата совест, што подразбира искрено покајание за направените гревови и нивно откривање пред свештеникот во Тајната Покајание. Во услови, кога многумина од оние кои доаѓаат во црква сеуште не се доволно вкоренети во црковниот живот, поради што некогаш не го разбираат значењето на Тајната Евхаристија или не ги осознаваат моралните и каноничните последици од своите грешни дела, исповедта му ја дозволува на свештеникот кој исповеда, можноста да го допушти оној кој се кае, за примање на Светите Христови Тајни.
Во одредени случаи, соодветно практиката која се појавила во многу парохии, духовникот може да му благослови на мирјанинот да се причестува со Телото и Крвта Христови неколку пати во текот на една недела (на пример, на Страсната и Светлата седмица) без претходна исповед пред секоја причест, освен во ситуациите, кога оној кој сака да се причести чувствува потреба за исповед. При давањето на соодветниот благослов, духовниците треба добро да помнат за високата одговорност за душите на оние кои ги раководат, положена врз нив во Тајната Свештенство.
Во некои парохии се сретнува долго чекање на почетокот на причестување на мирјаните. Тоа се случува заради долгото причестување на духовенството при служење на соборни богослужби или заради извршувањето на исповедта после причасните стихови. Таквата појава треба да се признае како непожелна. Тајната покајание треба да се извршува, по можност, надвор од Божествената Литургија, за да не се лишуваат оној кој исповеда и оној кој се исповеда од полноцено учество во заедничката Евхаристиска молитва. Недопустливо е извршувањето на исповедта од свештеникот кој помага на литургијата, за време на читањето на Евангелието и евхаристискиот канон. Исповедта, пожелно би било да се извршува главно вечерта, или утрото пред почетокот на Божествената литургија. Освен тоа, важна е одлуката во парохиите да има фиксирани дни и часови, кога свештеникот е задолжен да присуствува за средба со оние кои сакаат да поразговараат со пастирот.

IV.
Недопустливо е причестувањето во состојба на озлобеност, гнев, при неисповедани тешки гревови или непростени навреди. Оние кои се осмелуваат да пристапат кон Евхаристиските Дарови во таква состојба на душата, самите се подложуваат на судот Божји, по зборовите на апостолот: „Кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, не расудувајќи за Телото Господово. Затоа многу од вас се немоќни, и многумина умираат“ (1 Кор. 11, 29-30).


При извршени тешки гревови, применувањето на каноните за одлачување од причест на подолго време (повеќе од една година) може да се примени само по благослов на епархискиот архиереј. Во случај на злоупотреба од свештеникот на правото на наложување забрани, прашањето може да биде предадено на разгледување на црковен суд.
Каноните забрануваат да се причестуваат жени во женска нечистотија (2-ро правило на св. Дионисиј Александриски, 7-мо правило на Тимотеј Александриски). Исклучок може да се направи во случај на смртна опасност, и исто така кога крвотечението се продолжува подолго време заради хронични или сериозни заболувања.
V.
Како што е забележано во Основите на социјалната концепција на Руската Православна Црква (X. 2) и во решенијата на Светиот Синод на Руската Православна Црква од 28 декември, 1998 година, Црквата, настојувајќи на необходноста на црковниот брак, сепак не ги лишува од причестување со Светите Тајни сопружниците, кои се наоѓаат во брачен сојуз, кој е склучен со примање врз себе законски права и обврски и се признава како правен полноценет брак, но заради некои причини не е осветен со венчание. Таа мера на црковна икономија, која се потпира на зборовите на светиот апостол Павле (1 Кор. 7, 14) и правилото на 72 Трулски Собор, го има во предвид олеснувањето на можноста да учествуваат во црковниот живот оние православни христијани, кои стапиле во брак до почетокот на своето свесно учество во Црковните таинства. За разлика од блудното сожителство, кое претставува канонска препрека за причест, таквиот сојуз во очите на Црквата претставува законски брак (со исклучок на тие случаи, кога според законодавството допустливите „бракови“ – на пример, сојуз меѓу блиски роднини или еднополови бракови, кои се признаени во некои држави – а од гледна точка на Црквата, се принципиелно недопустливи). Сепак, долг на пастирите – е да им напомнуваат на верните за неопходноста не само да склучуваат правно признат брак, туку и да го осветат истиот во црковното свештенодејствие.


На посебно разгледување подлежат тие случаи, кога лицата кои живеат заедно подолго време, често имаат и заеднички деца, но не се наоѓаат ни во црковен ни во регистриран државен брак, при што една од страните таквиот соживот не сака ни да го регистрира, ни да се венча. Таквите односи се грешни, а нивното распространување во светот претставува противење на Божјата замисла за човекот. Тие се опасни за бракот како институција и не можат да добијат никакво признание од страна на Црквата. Притоа, духовникот, познавајќи ги околностите во животот на конкретниот човек, со снисходење кон човечката немоќ, во исклучителни случаи може да ја допушти до причест таа личност, која е свесна за гревовноста на таквите односи и се стреми да склучи законски брак. Не се допушта до причест таа страна, по чија вине не се склучува бракот. Ако барем еден од партнерите се наоѓа во друг брак, двете страни не можат да се допуштат до причест, без канонско регулирање на ситуацијата и принесување на должно покајание.
VI.
Подготовката на децата за светата причест има свои особености. Нејзината содржина и времетраење се определуваат од родителите во консултација со духовникот, и треба да се имаат во предвид возраста, здравствената состојба и степенот на воцрковеност на детето.


Родителите, кои регуларно го носат своите деца кон Светата Чаша, што е многу добро, неопходно е да се стремат да се причестуваат заедно со нив (при невозможноста истовремено да се причестуваат двајцата родители – по ред). Практиката, кога родителите ги причестуваат децата, а самите ретко пристапуваат кон светата причест, пречи на зацврстувањето на неопходноста во свеста на децата, од учеството во Евхаристиската трпеза.


Првата исповед пред причест, согласно 18-то правило на Тимотеј Александриски, се извршува по наполнувањето десет години, но во традицијата на Руската Православна Црква првата исповед се случува, како правило на возраст од седум години. Притоа, возраста на извршувањето на исповедта, а исто така и зачестеноста на исповедта за дете од 7 до 10 години, при причестувањето секоја недела, треба да се определуваат заедно од духовникот и родителите, имајќи ги во предвид индивидуалните особености во развитокот на детето и неговите сфаќања за црковниот живот.
За децата до три години, евхаристискиот пост не е задолжителен. По традиција, од тригодишна возраст, децата во православните семејства постепено ги навикнуваат на воздржување од храна и пиење пред причестувањето со Светите Тајни. До седумгодишна возраст, детето треба цврсто да привикни да се причестува нагладно. Од тоа време, треба да се учи детето да ги чита молитвите пред светата причест, чиј обем и содржина се определуваат од родителите во соодветност со возраста, духовниот и интелектуалниот развој на детето.
Кумовите треба да имаат големо учество во воспитувањето на децата во благочестивост, меѓу другото, да ги побудуваат регуларно да се причестуваат со Светите Христови Тајни и да им помагаат на родителите да ги приведуваат до Светата Чаша.
* * *
Евхаристијата – е централно Таинство на Црквата. Регуларното причестување е неопходно за спасението на човекот, во согласност со зборовите на Господ Исус Христос: „Вистина, вистина ви велам: ако не го јадете Телото на Синот Човечки и не ја пиете Крвта Негова, нема да имате живот вечен. Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв има живот вечен, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден“ (Јн. 6, 53-54).

Избор: Преспанско- пелагониска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3214
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7700
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная