Фрескописување на сцени во манастирот Св. Никола во с. Љубанци (скопско)
Кога го прашале еден монах иконописец, како настанува една икона, тој одговорил:„Со помош на благодатта Божја и раката на грешникот.“
Кога го прашале еден монах иконописец, како настанува една икона, тој одговорил:„Со помош на благодатта Божја и раката на грешникот.“
Излезе од печат Петровденското издание на списанието „Православна Светлина“. Во овој 38-ти број се сместени повеќе наслови од нашата православна вера и живот. Се надеваме дека и овој празничен број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко. Вашиот примерок од новиот број ќе можете да го земете во сите храмови низ Повардарската епархија.
На 12. 07. 2016 година на празникот на Светите апостоли Петар и Павле - Петровден, во храмот „Св. вмч Георгиј“ во Кочани, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи света архиерјска литургија.
"Плодови на вистинската молитва: светол мир во душата, соединет со тивка, молчалива радост, туѓа на мечтаењето, суетата и разгорени пориви и движења; љубов кон ближните, која не ги одделува во себе добрите од злите… но се застапува за сите пред Бога, како за себеси."
Илустрираната едиција „Библиски Настани“ содржи 14 изданија, кои ќе се печатат во тираж од 10.000 броја, а ќе излегуваат од печат во определен временски интервал. Вакво илустрирано библиско издание се печати за првпат во историјата на издаваштво на Македонската Православна Црква, ...
Сeкoја направа сo кoја луѓeтo сe гoрдeат какo сo изум на свoјoт разум, всушнoст, e oбјавeна сo Прoмислата Бoжја; и сeкoја прoнајдeна направа има двe свoи назначувања: eднo физичкo, а втoрo духoвнo. И часoвникoт e eдна прeкрасна направа, нo тoј нe e направeн самo да ни гo пoкажува врeмeтo на дeнoт и нoќта, туку и да нè пoтсeтува на смртта. Тoа e нeгoвoтo духoвнo назначувањe.
Кога Христос, Неговото Свето име, ќе влезе во срцето - фалангите на демоните почнуваат да бегаат.
Старец Ефрем Филотејски
Старче, кога ќе ни кажат: „Молете се за моето дете, полага испит“, или „молете се за тој и тој, му претстои операција“, дали после тоа треба да се распрашуваме како поминало и дали е во ред?
Нема сомнеж, драги браќа и сестри, Господ ја открива пред Евреите силната вера на стотникот. Во неа има скромност и смирение. Тој - гордиот Римјанин кој зазема висока положба, познат е во градот и има потчинети војници и слуги, себе си се смета за недостоен да Го прими Спасителот под својот покрив.
Од каде болестите, од каде телесните повреди? Господ го создаде телото, а не болеста, душата, а не гревот.
Што од сето е покорисно и по потребно? Соединувањето со Бог и општењето со Него, со помош на љубовта. Губејќи ј таа љубов, ние отпаѓаме од Бога,..
И самиот тој се бореше со таа болест. Таа беше распространета внатре во него, и како што самиот кажуваше, успеал да ја смири за десет години. Како лек ја користеше само непрестајната молитва кон Исус и изучувањето на Светото Писмо. При една дискусија во болницата „Сингру“ со еден универзитетски професор старецот рече:
Исус Христос, Тој прекрасен небесен Гост, често доаѓа во нас и посакува да влезе под покривот на нашата душа. Тој ни се јавува преку недостижното ТАИНСТВО НА СВ. ПРИЧАСТИЕ. Тој тропа на секоја врата, посакува да влезе во секој дом, посакува да зборува со секое срце, сака да ја направи среќна секоја душа која верува во Него и да му го даде небесниот дар.
Акo цeлиoт твoј живoт пoминал мирнo и бeзгрижнo, плачи над самиoт сeбe. Заштo и Eвангeлиeтo и искуствoтo на нарoдoт eднoгласнo пoтврдуваат дeка никoј бeз гoлeми маки и жалoст нe гo oставил гoлeмoтo и кoриснo дeлo на зeмјата ниту пак сe прoславил на нeбeсата.
Според зборовите на Спасителот: „Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо“ (Јован 3, 5). Во светата вода на крштението човекот се очистува од сè што е грешно и се преродува од Светиот Дух. Ако е дете, се очистува од прародителскиот грев; ако е пак возрасен, се очистува и од личните гревови. Со самото примање на крштението се станува член на Телото Христово – Црквата.
Според резултатите од седницата, бил постигнат договор помеѓу одделот за труд и социјала и Синодалниот оддел за црковна добротворна дејност и социјално служење при РПЦ, за укажување помош од страна на професионални психолози во парохиите и од свештеници во државните институции.
Има прекрасни, духовно изградени луѓе на кои душата им е скапоцена, дијамантска, со љубов и многу среќа. Сестрите во манастирот, моите сестри, тие имаат такви души, мојата љубов кон нив е толку голема што го помина дури и небото. Мојот дух ми се наполна со благодат кога зедов благослов од отец Партениј...
Колку повеќе светиот човек е разгорен со копнежот по Бог и љубовта кон Него, толку е посилно неговото чувство дека тој нема ништо свое. Колку повеќе се вознесува кон висините на љубовта, толку посилно чувствува дека неговата љубов кон Бог е послаба од кај кој било друг.
Oд кадe ниe знаeмe дeка пoслe смртта има живoт? Знаeмe oд Христа Гoспoда, врз oснoва на Нeгoвитe збoрoви, Нeгoвoтo вoскрeсeниe и мнoгутe Нeгoви јавувања пo смртта. Филoзoфитe кoи гo признаваат живoтoт пoслe смртта, гo признаваат врз oснoва на свoeтo умувањe, а ниe гo признавамe врз oснoва на искуствoтo
Крштението е света тајна во која човекот, откако претходно ќе ја исповеда правата (православната) вера, преку трикратно целосно потопување во водата во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, се очистува од сите гревови, станува мртов за гревот и грешниот живот, повторно се раѓа во духовен, свет живот и добива обновување на образот Божји во себе..
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, и оваа година Повардарската епархија организираше бесплатно групно крштевање во водите на реката Бабуна во Велес. На крштевката, која се одржа на 16. 07. 2016 година (сабота) и беше деветта по ред, имаше голем број луѓе кои доброволно пристапија на православната вера, примајќи ја Светата Тајна – Крштение.