Правило (типик) за Велигденскиот пост (15.03.2016)
Светата четириесетница е востановена во чест на страдањата и Воскресението на Господа Исуса Христа. Според Типикот на Православната Црква се пости вака:
Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не. А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство. Повеќе... |
Светата четириесетница е востановена во чест на страдањата и Воскресението на Господа Исуса Христа. Според Типикот на Православната Црква се пости вака:
Обидете се срцето и намерите на ближниот да ги толкувате позитивно,а не негативно;
во тој случај, ретко ќе бидете во можност да згрешите,
а на вашиот ближен ќе му биде полесно да се поправи.
Со благослов на Митрополитот Кумановско-осоговски, г. д-р Јосиф, Епархискиот црковно-образовен совет објави пет нови наслови во својата библиотека: двотомната антологија на предавања, интервјуа и проповеди на Митрополитот Антониј Сурошки насловени „Пастирство“, студијата „Биоетика на репродуктивните технологии“ на отец м-р. Филип Станковски, како и Акатистот на Пресвета Богородица и Статиите на Велики Петок...
На 14.03.2016 година, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово служеше Големо повечерие со Канонот на свети Андреј Критски.
Светиот Лука Кримски ја нарекува молитва на чистото срце, затоа што се излеала од совршено очистеното срце на великиот подвижник. Оттука и таквата моќ и таквото таинствено дејство на оваа чудесна молитва врз христијанското срце. Преподобен Ефрем Сириски не само што Го моли Бога да му даде дух на добродетели и да го ослободи од духот на пороците,...
Во текот на Великиот пост се практикува една многу силна молитва од св.Ефрем Сирин позната како Великопосна молитва. Сите богослужби се завршуваат со неа, почнуваќи од Сирната недела само во среда и петок, за време на великата 40-ница од понеделник до петок, сите седмици до празнувањето на Лазаревото воскреснување. Текот на молитвата оди вака :
Еден млад свештеник, проповедник, кој горел со духот да ги запали срцата на луѓето со верата во Бога, дошол во едно село со мртва црква и веднаш започнал со работа, иако во епархијата претходно го предупредиле, дека заминувајќи во оваа далечна парохија залудно ќе го изгуби времето, Црквата во ова село е сосема мртва, луѓето не сакаат.
Иако далеку од дома верниот народ Македонски не заборава кој е, и каде е .Така беше и денес во МПЦО-Св.Кирил и Методиј-Дортмунд.
Могуброен верен народ денес присуствуваш на Света Литургија во единствениот Православен Македонски храм во Дортмунд и околината за да побараат прошка пред Господ Нашиот Бог.
На 13. 03. 2016 година – Прочка (Недела сиропусна; преподобен Јован Касијан, преподобен Варсонуфиј) во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа пригодно слово.
Во Неделата на простувањето - Прочка, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на голем број свештеници од епархијата отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На Литургијата присуствуваа голем број верници од Велес, кои молитвено побараа прошка од Бога.
„Засветли благодатта Твоја, Господи, засветли просвештението на душите наши. Ова е време благопријатно, ова е време за покајание; да ги отфрлиме делата на мракот и да се облечеме во оружјето на Светлината; и, откако ќе ја препливаме големата морска ѓир на постот, да стигнеме и до тридневното...
Христос искушуван беше, а ѓаволот Го искушуваше, барајќи од Него камењата лебови да ги направи; на (висока) планина Го одведе, за миг сите царства да ги види. Душо, од стапицава исплаши се, отрезни се, и во секој час на Бога моли Му се.
Грлицата пустинољубива, гласот на оној што вика, Христовиот светилник, кој проповеда покајание: Ирод незаконски со Иродијада живее.
Но, кај нас има огромна количина на нешто што и не е поезија, а сепак е одамна ставено во некакви програми, и тоа кај луѓето созадава одбивност кон читањето на таков вид литература што претенциозно се нарекува „поезија". Знам голем број здрави луѓе кои велат дека не разбираат поезија, не ја читаат, и им се чини дека тоа е нешто глупаво или неразбирливо.
На 13.03.2016 г, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Вечерна богослужба во соборниот храм Свети Димитриј, Битола.
После Вечерната, според благочестивата христијанска традиција, беше отслужен Чинот на простувањето, кој историски се протега до египетските монаси, кои за време на Четириесетницата се повлекувале во пустината, претходно просејќи прошка еден од друг.
На 13.03.2016 год., во неделата на простување од Сирната седмица, кога Православната црква го започнува Великиот пост, во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, се отслужи Вечерна богослужба на која присуствуваше Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан заедно со свештениците од Скопската епархија. На крајот од богослужбата верниот народ побара меѓусебна прошка.
Како што често велат: «Почнав за здравје, завршив за упокојување». Треба да се најде смисла. Работата, која што ја работиш, ти се допаѓа ли? Дали наоѓаш смисла во неа, дали те исполнува таа тебе со среќа и задоволство?Не е важно толку тоа што правиш, туку како го правиш и што тоа тебе ти дава.
Самиот Ти, Боже наш, откако се исполни времето, јавувајќи се во тело на земјата, си озаконил и си осветил четириесет дни и ноќи да се пости, а бидејќи си дарежлив и милостив, благоволи да ги поминеме овие свети денови во совршено покајание, во нелицемерно смирение, во усрдни молитви, без алчност за храна и неумерено пиење, во често приклонување на колената, со срце смирено и скрушено...
За многумина, ако не и за мнозинството парвославни христијани, постот се состои од ограничено количество формални, претежно негативни правила и прописи: воздржување од извесна храна, игранки и, можеби, од кино. Ние сме оддалечени од вистинскиот живот на Црквата во толкав степен што ни е речиси невозможно да разбереме дека во постот има нешто друго,...
Како и во манастирите. Оној, вели страец Паисиј, кој го напушта манастирот, за тоа што му пречи големата врева, и оди во друг, но, таму го дразни големата тишина, потоа оди во друг, таму влагата, во некој друг, скакулците, во еден друг има еден олук, по кој се слеваат дождовните капки и тоа го...
Да гo хранимe нeпрeстајнo нашиoт ум сo мислитe Христoви за да бидe прoсвeтeн и вeдар. Да гo хранимe нeпрeстајнo нашeтo срцe сo љубoвта Христoва за да бидe ситo и радoснo. Да ја хранимe нeпрeстајнo нашата вoлја сo запoвeдитe Христoви и сo примeрoт Христoв, та вo сeкoја минута да прави дoбри дeла.