ЗАБОРАВЕНИ (25.08.2018)
Гледав и се прашував
Зарем е можно да е судба,
На оние кои лазеа- ги гледав
Како да живееа во дупка.
Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не. А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство. Повеќе... |
Гледав и се прашував
Зарем е можно да е судба,
На оние кои лазеа- ги гледав
Како да живееа во дупка.
Ако имаше љубов во овој дом, ќе влезеше ли искушувачот во нашиот живот? Имено, љубовта го оддалечува секое искушение. Одговорот на секој проблем е да го најдеш решението на љубовта. Што ќе помогне за љубовта? Да се каже или да не се каже? Дозволете ми да не го кажам, да се направам дека не гледам, нека го загубам своето право заради љубовта,
Словото Божјо во раце носејќи го,
во срцето твое се всели о свети Евпл ѓаконе,
темнина во пештерата постоеше се додека светлината Христова
преку тебе во неа не се насели.
Пастиру Христов Сиксте, служителе на Бога Живиот,
семето посадено добро го негуваше,
пример давајќи на ѓаконите од службата жива не отстапи,
од Жртвата непорочна.
Начинот на кој соборноста на Црквата се открива во евхаристиската заедница покажува дека најдлабоката суштина на соборноста е положена во надминувањето на сите разлики во Христа. Ова мора да се разбере безусловно и без какви и да е исклучоци. Тоа ги покрива сите полиња и сите области на постоењето, било лични или општочовечки, историски или есхатолошки, духовни и
За пиетизмот богопознанието претпоставува „препород“ на човекот, а овој препород е сфатен како живеење според моралниот закон на Евангелието и како емотивно искуство на авторитативните вистини. Пиетизмот се претставува како мистична побожност, а конечно како облик на спротивставување на знаењето; како „адогматски“, во смисла дека ја игнорира
На Твоето Име слава подај Господи,
на Твоето Име слава воздај,
преку устата на апостолот вистината пред старата црква се посведочи.
Во сите науки, така и во историјата сите дискусии треба да се водат аргументирано и со факти. Кога биле во прашање дискусиите за македонскиот национален континуитет, неговите негатори секогаш ја наметнувале тезата дека не постојат средновековни докази за постоењето на Македонците како нација или пак за постоењето на посебен Македонски јазик.
Излезе од печат третата стихозбирка Богољубива поезија од циклусот Манастирски води - Убавина, под псевдоним на Кипријан Слепченски.
Рецензенти за оваа книга се проф. д-р. Владимир Мартиновски, академик Катица Ќулавкова и познатиот македонски поет и писател Раде Силјан.
Само така можам да прифатам
Се борам да не ја посрамам
Верата ослабува и зајакнува
Грижите мои ги објаснува
Да Те молам да ги отгрнеш
Знам – не заслужувам
Божествен плод на Радовиш,
голема пофалба на Солун си се покажал
новомаченику Спасо, храбро си го исповедал Господа
и заради Него си ја пролеал својата крв.
На големиот христијански празник, Преображението на Господ Исус Христос на планината Тавор, во црквата „Свети Атанасиј“ во Неготино, беше отслужена Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион,
„Благи Боже, Кој со Својата светлина ја освети сета вселена, се преобрази на Гора висока, откривајќи им ја на Твоите ученици силата Твоја, бидејќи светот го избави од престапот. Затоа Ти викаме: Милосрден Господи, спаси ги душите наши“ (Литиска стихира на Вечерна на Свето Преображение на Господ Исус Христос).
На Гората имало осум, но се гледале само шестмина: тројца – Петар, Јаков и Јован, кои се искачиле заедно со Исус, ги виделе како со Него стојат и разговараат Мојсеј и Илија, така што заедно биле шестмина; но заедно со Господа, секако, биле и Отецот и Духот Свет: Отецот – сведочејќи со гласот Свој, дека Овој е Неговиот возљубен Син, а Духот Свет – кој засветлил со Него во светол облак
Светот ни дава лажна утеха само да заборавиме на вечниот живот. Добриот пример е одговорност кон блиските на една страна но на друга страна и наш одговор на Страшниот Суд. Тогаш стануваме светила на светот или како што истакнува владиката Наум стануваме нови апостоли по примерот на Христовите апостоли.
Испоснички подвизувајќи се на гората,
со Крстот како силно оружје,
умното мудрување на демонските полкови го разруши,
о ти блажен Дометие.
Зoштo Гoспoд нe ја пoкажал Свoјата бoжeствeна сила на Тавoр прeд ситe учeници, туку самo прeд трoјца? Затoа штo, првo, Oн самиoт, прeку устата на Мoјсeја, гo дал закoнoт: присвeдoчeњeтo на двајца или трoјца свeдoци, сe дoнeсува рeшeниe (V Мoј. 19:15)... Трoјца свeдoцисe дoвoлни. Пoнатаму, и уштe затoа штo тиe трoјца свeдoци билe oдбрани. Тиe трoјцата ги прeтставуваат тритe главни дoбрoдeтeли:
Со разумното движење на душата, ние сме икона Божја. Телото, пак, претставува нејзино живеалиште. Но, со Адамовиот грев, не само што се осквернети цртите на оваа богосличност туку и нашето тело, малку по малку, паднало во тленост. Затоа се воплоти Словото Божјо, бидејќи Бог со Своето Крштевање ни ја даде водата на спасението заради преродба.
глас 7
Христе Боже, си се преобразил на планината,
покажувајќи им ја на Твоите ученици Твојата слава,
колку што можеа (да видат).
Многумина во мојата парохија го бараа скапоцениот ,Бисер‘. И многумина го имаа најдено. Мојата парохија напредуваше во секој поглед. Мојата душа се полнеше со радост, надеж и храброст. Моите проповеди оставаа голем впечаток. Многумина доаѓаа на исповед. Мојата црква секогаш беше преполна од народ. Успеав да ја заживеам целата парохија.