ВИТЛЕЕМ – ГРАТЧЕТО КАДЕ ШТО СЕ РОДИ ХРИСТОС
Светиот крал и пророк Давид е роден во овој град (Лука 2: 4-11).
Селото Химкам, близу Витлеем, било вообичаено место од кое патниците се упатувале кон Египет (Јер. 41:17). Градот се наоѓа на еден рид, на околу 10 км јужно од Ерусалим. Поклониците отсекогаш го посетувале Витлеем. Од далечина, погледот кон Витлеем е многу убав. Меѓу плодните полиња, опкружен од сите страни со ридови, тоа е навистина едно од најживописните места во Палестина.