логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Утеха за денешната состојба

3.angeli.so.truba

Отец Пимен (Влад) е настојател на Ќелијата – Воведение на Пресвета Богородица

– на Света Гора Атонска, која припаѓа на Скитот Лаку.

3.angeli.so.truba
 
Драги мои! Сакам на кратко да поговорам со вас, седејќи со чашка кафе. Си приготвив кафе, слатко кафе, какво што јас сакам. Знам, дека вие сте ужаснати, и многу од вас се исплашени со тоа што се случува сега. Особено тие кои што се во Италија… Но, ајде да не заборавиме за следново: пред нашето кормило стои Бог. Бог, Којшто ги створил небото и земјата, Кој од ништо создал сѐ. А како што е кажано во Светото Писмо, во Бога и влакната на вашата глава се изброени. Вие мислите дека нешто се случува без волјата Божја, без Божјо допуштение? Не. Затоа би сакал да ви кажам вам, да не се вознемирувате, да не се ужаснувате и плашите, поради тоа што сето ова е допуштение од Бога за наша полза.
Секоја вечер толку прекрасно пееме на повечерие (тоа особено го знаат жителите на манастирите – монасите, монахињите): „С нами Бог! Разумейте, языцы, и покоряйтеся, яко с нами Бог. Услышите до концов земли, яко с нами Бог. Сильные, покоряйтеся, яко с нами Бог. Страха вашего не убоимся и не смутимся, яко с нами Бог“.


„Со нас е Бог! Разберете, народи и покорете се, зашто со нас е Бог. Слушнете до краевите на земјата, зашто со нас е Бог. Силни, покорете се, зашто со нас е Бог. Од стравот ваш не ќе се исплашиме и посрамиме, зашто со нас е Бог“.
Слушнавте? „Стравот ваш“. Тоа е кажано и за силите на темнината, и за силниците и моќниците на овој свет, коишто сакаат да нѐ исплашат со одредени работи. Но не плашете се од ништо, зашто со нас е Бог. Ако со нас е Бог, Кој ги создаде небото и земјата, тогаш зарем треба да се плашиме? Ние пак, да бидеме спокојни и да не се збунуваме.


Видете, ние можеме да го претвориме ова што се случува во нешто прекрасно. Повеќето од вас седат дома – и деца, и родители. Потрудете се да го исползувате тоа време на убав начин. Сега имате време, сега имате повеќе време за молитви. Соберете се наутро сите заедно, прочитајте го акатистот на Пресвета Богородица, извршете ги утрените молитви. Еден нека чита на глас, а другите да слушаат. И навечер исто така. А во текот на денот разговарајте меѓу себе. Родители, говорете со своите деца. Пред тоа вие немавте за тоа време, поради работа и грижи. Исклучете го малку телевизорот, исклучете ги сите средства на информирање, и потрудете малку да разговарате со своите деца. Сослушајте ги, дозволете им да ви го кажат тоа што ним им е потребно да ви го кажат. И не им зборувајте за грипот, за вирус. Оставете го сето тоа настрана. Оставете го сето тоа на милоста Божја. Зборувајте за доброто, за коешто досега немаше време да се зборува. За она за што вие некогаш се радувавте и за кое заборавивте. И потрудете се да гледате напред, што вие можете да направите за да се радувате еден со друг. Не бидете преокупирани, не бидете лути едни на други.

И така, да не забораваме, дека Бог е над сите нас. Дека Он го допуштил тоа за наша полза. Вие многу убаво знаете, колку многу во последно време се поминаа рамките на нормалноста, почнувајќи со абортус, блуд, сѐ – пијанство, наркоманија, сѐ што сакаш, сѐ кај е нас превртено наопаку, хомосексуалност итн. Цел свет се свртел наопаку. Затоа беше природно што Бог допушти да се случи нешто. Небитно, пристигнал ли овој вирус од било каде, или бил произведен, тоа нас не нѐ интересира. Бог него го допуштил. Затоа што светот трча на таа страна, и Бог мораше да нѐ крене на нозе. И Он го допуштил тоа.
Ајде да си спомнеме, оние од вас, кои го читале Стариот Завет, за градот Ниневија. И таму се случувало истото тоа, што се случува денес во светот. Се правело секакво зло. И Бог, гледајќи, дека тие не престануваат, го пратил пророкот Јона:
– Оди, и кажи им, дека остануваат уште 40 дена, и градот Нинивеја ќе биде уништен.
Исто така како што биле уништени Содом и Гомор. Истото тоа им го говорел и ним. Најпрво пророкот Јона не сакал да оди. Зошто? Затоа што знаел дека Бог е милостив. Пророкот ќе им каже, дека за 40 дена градот ќе биде уништен, а тие ќе се покајат, ќе се обратат кон Бога, ќе жалат барајќи прошка. За Бог да им прости. И Он ќе им прости, и неговото пророштво ќе се покаже дека е лага. Но, на крајот на краевите, бивајќи послушен на Бога, отишол и им кажал:
– Уште 40 дена, и градот Ниневија ќе биде уништен.
И кога гласината за тоа стигнала до царот, и царот слушнал, тој проговорил:
– Тоа е тоа. Почнувајќи од денешниот ден, ние се откажуваме од гревот.
И ја фрлил од себе одората, ги соблекол царските одежди и се наврел со вреќиште, посипувајќи ја главата со пепел застанал на покајна молитва. И рече вака:
– Сите луѓе нека се каат, нека ги исправат своите зли патишта, нека се предадат на пост и молитва. И не само луѓето, но и животните нека постат. Зашто ние луѓето Го огорчивме Бога, но животните не го огорчија. Можеби со нивниот плач и вик ќе Го смилостиват Него, за да не ја фрли оваа казна врз нас.
И кога Бог го виде нивното покајание, од царот до последниот човек, како тие се молат, плачат и бараат прошка во Бога, Он се смилостиви над нив и ја повлече казната.
Гледате? Он сам рекол: „Четириесет дена“, го решил тоа, и тие се обратија. Бидејќи Бог е милостив, Бог е љубов. Ако Он го види нашето обраќање кон Него, знаете ли што ќе се случи? Целиот тој вирус и сѐ ќе исчезне за неколку денови. Но Он сака да види трошка преобразба кај нас. Ако пак Он нè гледа скаменети во страв, во овој парализиран страв…
Да погледнеме на друг страв, исто така страв од смртта. Слушаме кај свети Василиј Велики, како тој говори: „Сеќавањето на смртта – тоа е голема мудрост“. Но сеќавањето на смртта е добро, само кога размислуваме: што правиме денес, можеби денеска сме на овој свет, но утре одиме кај Бога, за што сме ние виновни за повеќе да не грешиме. А ние, парализирани од страв, седиме пред телевизор и следиме: што уште таму се случило, колку луѓе умреле, кој уште се заразил и што ќе биде потоа, без крај. Што ќе ни е сето тоа? Исклучете го телевизорот. Помолете се, радувајте се. Погледнете, како денеска свети сонцето, исто како вчера, ќе изгрее и утре. Птиците пеат, цветовите цветаат. Наоколу сè се одвива по својот нормален тек. Зошто да седиме затворени во таа состојба на парализираност. Не. Да се потрудиме да се свртиме на страната на Бога, да се потрудиме да се израдуваме. Да се радуваме на времето кое што го имаме, да се радуваме на денешниот ден.

3.angeli.so.truba

Видовте, јас си направив кафе? Многу добро. Пробајте и вие, направете си кафе, а кој не може да пие кафе, нека направи чај. Седнете во дневната соба со целото семејство и разговарајте. Исклучете сѐ што е поврзано со технологија, и разговарајте. Најдете време да разговарате, сѐ друго отфрлете. Потрудете се да се радувате еден на друг. Бог ќе го отстрани и тоа. Но Он сака да види нешто од наша страна: еден чекор, една капка, малку нешто. Така се исправаме и стануваме подобри.
Некој кажуваше дека слушнал нешто восхитувачко. На некој јавен настап на репортери и власти, завршувајќи го говорењето, кажале:
– Бог да ни е на помош.
Но зошто го кажуваме тоа само тогаш, кога ќе ни стават нож на грло? Зошто не го велиме тоа секогаш? Во секое дело треба да почнуваме и да завршуваме со Бога.
– Бог да ни е на помош. Бог да нѐ сочува. Мајката Божја да ни помогне. И да не заборавме дека ја имаме Мајката Божја. Таа е нашата врска со небото. Сите добри дарови доаѓаат преку Мајката Божја. Обидете се да го читате секој ден акатистот, молебниот на Мајката Божја! Ќе видите колку помош ќе добиеме. Мајката Божја нема никогаш да нѐ остави. Таа е Мајка, Таа сѐ знае. Таа има срце мајчинско, Таа знае што е тоа болка и страдање. И Таа е секогаш со нас, покрај нас… Затоа и јас би сакал да ви пренесам, не само вам кои што се наоѓате во татковината, но и до расеаните низ целиот свет. На сите кои се тажни, кои се исплашени, кои се во очај: не ни треба ова! Да не заборавиме дека со нас е Бог. И, зошто тогаш треба да се плашиме ако со нас е Бог, Кој создаде сè од ништо? Покрај тоа, ние ја имаме Пресвета Богородица, Мајката Божја – нашата Посредничка и нашата врска со небото. Со тоа и ќе завршам. Мајката Божја да ви помогне, да ви даде сили, да ве заштити. За повторно да почнеме да се радуваме на прекрасните минути, поминати со нашите драги луѓе, имајќи ги посреди нас Бога и Мајката Божја. Амин.


Монах Пимен (Влад)


https://pravoslavie.ru/129478.html

 

 За Преминпортал подготви

Дејан Блажески

Јануари 2021 лето Господово

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная