4 ноември 2022 е значаен датум за Europe House Skopje!
Лазар Личеноски се вбројува меѓу основоположниците на македонското современо сликарство. Неговото сликарство го одразува нашето поднебје, преку колоритот и најпознатите негови пејзажи на афиони, галички бачила, Охрид и многу други. Личеноски е еден од втемелувачите на ликовниот живот кај нас. Неговиот талент, творечки опус и спомен-куќата како културен објект ги поврзавме со нашите роденденски активности.