Скопје, 21.04.2023 г.- Соборен храм Свети Климент Охридски
„На ден 21. 04. 2023 година во Соборниот архиепископски храм ,,Свети Климент Охридски" - Скопје, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение на: Митрополитот Преспанско-пелагониски г.Петар,Митрополитот Повардарски г.Агатангел,Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и на викарниот Епископ хераклејски г. Климент отслужи опело на новопретставениот протоереј-ставрофор Јован Таковски, долгогодишен професор и и поранешен декан на Православниот богословски богословски факултет и еден од најплодните просветни дејци на нашата МПЦ-ОА.“
Нека Семилостивиот Господ на Кого верно Му служеше Го насели нашиот отец Јован во пределите рајски таму каде што почиваат праведниците! Вечен нека му е споменот!
FOTO Galerija
Во Господа се упокои ставрофорниот протојереј Јован Таковски
На 19.4.2023 година, во Господа се упокои ставрофорниот протојереј Јован Таковски – најплодниот црковен деец и ерудит од поновата историја на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
Со својот беспрекорен интелект, учителствување, беседништво и преведување на современ македонски јазик, отец Јован Таковски остави зад себе длабоки траги како за Македонската Црква, така и за Татковината.
Опелото за упокоениот отец беше извршено на 21.4.2023 година во Архиепископскиот Соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје од страна на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во сослужение со Нивните Високипреосвештенства, Митрополитите: Преспанско-пелагониски г. Петар, Повардарски г. Агатангел и Тетовско-гостиварски г. Јосиф, и со Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски, г. Климент. На опелото присуствуваше семејството на покојникот, како и броен народ – почитувачи и духовни чеда на отец Јован.
Нека Господ Бог го всели отец Јован во светлината на Своето Царство – во онаа Светлина за Којашто тој постојано краснословеше во овој земски живот.
Царство небесно и вечен спомен во Бога, оче Јоване!