Ве известуваме дека во рамките на учеството на Македонската православна црква на годинешниот МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој ќе се одржи од 04. 05. 2023 година до 10. 05. 2023 година во спортскиот центар „Борис Трајковски“, Повардарската епархија ќе ги претстави сите свои изданија од своите две активни издавачки дејности „Св. Ѓорѓи Полошки“ и „Ѓаконија“.
Сите изложени изданија на саемот ќе бидат со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите. Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија ќе бидат изложени и бесплатни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“.
Оваа година ќе претставиме три нови изданија од нашата издавачка дејност, во однос на минатогодишниот саем, и тоа книгите: „Старец Тадеј“, „Ти си ми сѐ“ и „Проповеди на големите христијански празници“.
Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската православна црква и да одберете некое од нашите изданија.
Ивор:
http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/index.php?option=com_content&task=view&id=2878&Itemid=112