
3 Јуни(21 Мај): ВЛАДИМИРСКАТА ИКОНА НА МАЈКАТА БОЖЈА+++
Три пати во годината Црквата празнува во чест на Владимирската чудотворна икона на Пресвета Богородица од благодарност за трикратната помош за избавување на Русија од непријателски напади: 21. мај, 23. јуни и 26. август (по стариот календар), односно 3. јуни, 6. јули и 8. септември по новиот.
По преданијата се верува дека оваа икона ја насликал свети Евангелист и Апостол Лука на даска од онаа маса на која јадел Господ Исус Христос со Својата Пречиста Мајка и праведен Јосиф. Иконата била насликана уште за време на овоземниот живот на Богомајката и и` била принесена од благодатниот сликар, а Таа кога ја видела ги повторила пророчките зборови: ,, Од сега ќе ме нарекуваат Блажена сите родови”и додала :,, благодатта на Оној кој се роди од Мене и Мојата нека бидат со оваа икона”.
450 год. за време на императорот Теодосиј помладиот оваа икона е пренесена од Ерусалим во Константинопол, а во почетокот на 7 -от век е пренесена во Киев. Патријархот Цариградски Лука Хризоверх ја испратил на великиот кнез Јуриј Владимирович и оиконата била поставена во девичанскиот манастир во Вишеград кој во минатото бил даруван на благочестивата кнегиња Олга. Иконата набрзо станала позната поради многубројните чуда кои се случувале по молитвите пред иконата.
fb.Ljube Petreski
МПЦ-ОА
06.07
Житие: Споменот на Владимирската икона на Пресвета Богородица
Кога татарскиот цар Ахнет ја опколи Москва, кнезот Јован Василевич тргна со војска да ја брани Москва. Иако војската на овој кнез беше малубројна и послаба од војската татарска, сепак таа излезе победоносна. Зашто навали одеднаш неопислив страв на Татарите, та се збунија и се разбегаа. Овој неочекуван успех сите го припишуваа на иконата на Пресвета Богородица пред којашто народот се молеше за избавување од Татарите. Заради ова во Русија е одреден за спомен на ова чудо денот 6 јули/23 јуни.
Тропар
Денес градот Москва, кој прославува, светло се украсува примајќи ја како сончев зрак, Твојата чудотворна икона; кон Неа сега притекнувајќи и Тебе молејќи Ти се, повикуваме: моли се на воплотениот од Тебе, Христос нашиот Бог, да го сочува овој град и сите градови и земји христијански, неповредени од сите замки непријателски, и да ги спаси душите наши како Милостив.

























