Имајќи таква љубов душата на сè се радува, а кога ќе ја изгуби повеќе не наоѓа мир, збунувајќи се и обвинувајќи ги другите за нејзината несреќа. Таа не сака да разбере дека самата е виновна што ја изгубила љубовта кон Бога и го замразила и осудила братот.






Овде во Сихастрија станале познати неговите аскетски подвизи. Не јадел ништо, додека не завршел со исповедање на народот, а исповедал понекогаш и по 15 часови без прекин; спиел многу малку и тоа само после полноќ, седејќи на мала клупа. Од своето молитвено правило никогаш не отстапил сѐ до самата смрт.
Бидејќи, кој се срами од Мене и од зборовите Мои, од него ќе се засрами и Синот Човечки, кога ќе дојде во славата Своја, и на Отецот и на светите ангели.
Одамна не се плашам од ништо
По ова јасно Светиот Дух ни дава до знаење и ни открива со самото тоа што поставува запирка и потоа укажува Македонец а не човек од Македонија што значи дека Македонец е поим и чувство на некој кој се стреми и моли за спасние од Бог а не и секој кој живее во Македонија, што можеме и тоа денес јасно да го увидиме..
Зрното на верата посеано во човечките души, раѓа живот. Оној кој искрено верува, го љуби својот небесен Отец и се потчинува на Неговата воља. А Неговата воља е совршеноста на човекот. Господ Исус Христос ја протолкувал симболиката на целата парабола по барање на апостолите. И кога сееше едно семе падна покрај патот, па беше изгазено, или исколвано од птиците,...
Пoкајаниeтo нe e самo за eдeн час или за eдeн дeн. Тoа трeба да бидe нашe внатрeшнo занимањe дo крајoт на живoтoт. Сeкoја нoќ гo навлажнувам лeглoтo мoe, гoвoри Давид. Сo тoа нe сe вeли дeка прeку дeн нe трeба дe сe каeмe, туку дeка изливoт на душeвнoтo пoкајаниe e пoудoбнo нoќe oткoлку прeку дeн.
Божјата благодат му помага на човекот тогаш кога Господ ја гледа неговата „добра волја“, и „добра желба“, кога човековата душа објавува вистинска решителност: и кога што и да ѝ биде сторено, и кога меѓу илјада искушенија, трпејќи сѐ, вели: и ако треба да умрам нема да Го оставам за да му угодам на гревот и непријателот (св. Макариј Велики).

Што е вистинско послушание сме сфатиле дури ако во отсуство на духовникот, замислувајќи го неговиот лик, мислиме дека тој е пред нас и одбегнуваме секаков разговор, или збор, или јадење, или сон, или што и да е друго коешто според нашето мислење би можело да му биде непријатно.
Не залажувајте се себеси, слушајќи ги оние кои работат со „молитви’’, со „црковни свеќи’’, ги советуваат клиентите да појдат во црква и т.н. Ние знаеме дека сите натприродни појави (и вештини) можат да бидат едно од од двете природи: или од Бога (на пример- чудеса кои се појавуваат кај светите угодници), или да не се од Бога... Трето- не е дадено.

Дошол еднаш тој во манастирот на посета, а и заради духовна корист на браќата. По вообичаените заемни поздравувања, тие пошле во светата Божја црква да отслужат служба. Блажениот Павле внимателно го набљудувал секој што влегувал во црква за да види со какво
Душевен мир се стекнува преку скрби. Писмото вели: Влеговме во оган и вода, и Ти нé изведе на слобода (Пс. 65:12). Патот на оние кои сакаат да Му угодат на Бога, минува преку многу скрби. Како ќе ги ублажуваме светите маченици заради страданијата што ги претрпеле за Бога, штом не можеме да истрпиме една треска?
Старецот Сава од манастирот Филотеј ми раскажа дека за време на големиот глад во 1917 година, монасите од манастирот Ивирон, гледајќи дека залихите во нивните магацини се намалуваат, го редуцирале давањето милостиња. Всушност, скржавиот надзорник инсистирал сосема да се престане со давањето милостиња.
Палењето кандило го симболизира принесувањето како жртва на нашата почит и чест кон Бога и кон Неговите светии.
























