Литургија на претходноосветени дарови, Соборен храм, Скопје (27.02.2015)

Колку човекот станува подуховен толку помалку права има во овој живот. Должен е да трпи, да ја прима неправдата, да ги прима лошите зборови од другите. Еден никаквец (расипан човек) којшто е далеку од Бог има многу повеќе права: да напаѓа и да вика и да постапува неправедно. Нашите права Господ ни ги задржува за другиот живот.







Библијата воопшто нема за цел да укаже на начинот како е создаден светот и човекот, туку дека овој свет има свој Творец, тоа е главната цел. Бог твори од љубов, а „љубовта е самиот живот на Света Троица„, вели свети Григориј Ниски. Бог љуби и твори, останува на нас дали ние таа љубов ќе ја возвратиме во Христа или ќе ја одбиеме во себе. Да бидеме ли сотворители во љубовта Божја или сотворители во гордоста човечка? Првата пресоздава и сè ново создава и созданието е украс (космос), а второто, го троши создаденото и од созданието прави хаос.









































