Господи, Ти си Извор на Животот. Испрати ми ја животворната сила на Духот да ми го излекува умот, душата, волјата и телото. Дарувај ми исцеление од сите психички и физички слабости и страдања. Дарувај ми здравје, сила и живот, младост и убавина и да се развијат во мене благодатните дарови и способности да можам да живеам, да се учам и да Ти служам.
Пријателството е добродетел, затоа што се основа на моралот и чистото живеење на здравата душа, затоа што се спојува и со самата добродетел и станува нејзин љубеник

Трите ангели, на кои им укажа гостољубие Авраам, како икона на Света Троица, заминувајќи божем „ги заборавија“ нивните бастуми, покрај Мамврискиот даб.
Нив ги употребуваше Сара како дрва за во огнот, но гореа без да изгорат до крај, па затоа таа ги фрли велејќи „проклети дрва не горат“.