Тропар на Богојавление 6 јануари / 19 јануари 2025
Кога во Јордан Те крштеваа Тебе Господи,
се покажа поклонувањето на Пресвета Троица:
Родителскиот глас сведочеше за Тебе,
именувајќи Те за Возљубен Син,
и Духот во вид на гулаб,
Ирмосː Крепкиот Господ во борбите, го откри дното на бездната и Својот народ го преведе по суво, а во неа ги потопи непријателите, зашто се прослави.
Господ – Царот на вековиите, во Јорданските води го обновува Адама изгниениот, и ги смачкува главите на земните што се вгнездиле во него, зашто се прослави.
Кога во Јордан Те крштеваа Тебе Господи,
се покажа поклонувањето на Пресвета Троица:
Родителскиот глас сведочеше за Тебе,
именувајќи Те за Возљубен Син,
и Духот во вид на гулаб,
Денешниот празник во народот е познат како Водокрштение, Водокрст или Водопост. Водокрст доаѓа од крштевањето, односно осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за пост. Оваа година типикот дозволува пост со зејтин бидејќи е сабота. Овој празник е востановен во спомен на крштението на луѓето кои го примиле христијанството.
Оној којшто многу страда во срцето свое кога го срамотат и го нажалуваат, од ова нека познае дека внатре во себе ја носи древната змија. Според тоа, ако трпи молчејќи или ако одговори со многу смирение, ќе ја расслаби и ќе ја направи немоќна онаа змија.
Богослужбата, богата со древните писанија и песнопенија, нè поттикна сите на размислување за нашето сопствено крштение, за обновувањето на нашиот завет со Бога и за потребата од постојано очистување на душата преку покајание и молитва. Светлината на Богојавлението, која
Сакајќи да ги погребе нашите гревови со вода во јорданските струи, од милосрдие, Христос доаѓа да нѐ обнови со крштението, нас распаднатите.Христе, покривајќи ја срамната голотија на прататкото Адама, се соголуваш доброволно, и Себе Самиот се покриваш со јорданските води, Ти Кој со води ги покриваш небесата, единствен Многумилостиве!
На празникот на Сoбoр на св.70 апoстoли; преп. Теоктист; преп. мч. Онуфриј Хилендарец, во храмот на Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје старешината на храмот протоереј-ставрофор Трајче Петковски отслужи Утрена богослужба, Царски часови со изобразителна за Светото Богојавление.
Блажена, целомудрена мајко наша Синклитикио, смиреномудрието дишење ти стана,
милосрдието – солза со која
ги миеше душите на натажените,
подвигот телесен ја покажа силата Христова во тебе.
Ние тоа гледајќи го верата ја засиливме
Глас 3
Апостоли свети, молете го Милостивиот Бог, да ни подари простување на нашите согрешенија.
Во вечниот ден Господов,
лице в лице проповеда Апостолот да се видиме,
а ти Пророче на Христовото доаѓање,
со Ангелот вазден собеседеше, благодатта на јаве светлина од тебе излеваше
Ги гледаш движењата на неговите усни и изразот на неговите очи кои се менуваат, го слушаш неговиот глас, чувствуваш дека некој ти ги допира рамената, а не гледаш ниту раце ниту лице, дури не се гледаш ниту самиот себеси или неговите контури – туку само заслепувачка Светлина што се распространува насекаде околу вас и ја осветлува со својот сјај снежната покривка на ридот и снегулките што го посипуваа великиот
Не треба никого да осудуваме, па дури и со сопствените очи да видиме како некој прави грев или загинува поради нарушување на Божјите заповеди, по зборовите Божји: "Не судете, за да не ви се суди. (Мт. 7.1)", и уште:" Кој си ти, да осудуваш туѓ слуга?" Пред својот господар тој стои
Согледувајќи ја твојата љубов кон монашкиот живот, твојата мајка, преподобен отче Серафиме, ја позна светата волја Господова во врска со тебе, па како совршен дар те принесе на Бога, благословувајќи те на тесниот монашки пат со својот свет крст, кој го носеше до крајот на својот живот, пројавувајќи ја со тоа својата голема љубов кон распнатиот за нас, нашиот Бог Христос.
„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така, бараме знак од Бог. А не гледаме дека всушност целата наша многу добро создадена природна околина е, не еден знак, туку безбројни знаци што Он ни ги дава и обезбедува постојано; и дење и ноќе: луѓето – нашите блиски, сонцето, месечината, планетите, ѕвездите, планините, долините, водите, воздухот, растенијата,
Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи празнична Вечерна служба во чест и спомен на свети Василиј Велики во соборната црква „Светите Методиј и Кирил“, во Струмица. Владиката на сите присутни им подели лепчиња со сребрена паричка со ликот на свети Василиј Велики.
Не принесува на Господа слава и чест оној, кој е пристрасен кон човечката слава; кој ги сака парите; кој, скапо ги цени телесните задоволства; кој се восхитува од учења туѓи на Богочестието; зашто, како што со добрите дела ние принесуваме слава на Господа, така, со своите лоши дела го произведуваме спротивното. Што вели Господ на грешниците?
Од младоста Христа си го засакал, Блажен,
на Него Единствениот огнено си сакал да Му служиш.
Си се подвизувал со непрестајна молитва и труд во пустината,
со умилно срце си ја стекнал љубовта Христова,
Ти Кој седиш на огнозрачен Престол на висините,
со Твојот Беспочетен Отец
и со Божествениот Дух, си благоволил
да се родиш на земјата
О, блажен си ти Зотик,
тврдино на верата, уподобен на милосрдието,
од Христа се поучи во човекољубието,
болните, губавите и отфрлените,
тебе во Бога за сокровиште те имаат,
Земното богатство раздавајќи го,
на небесата вечни блага си стекнала,
мудро си тргувала,
земниот обручник со Небесниот си го заменила,
Мелание преподобна, моли се за нас