Апел од Црквите и Верските заедници во Република Македонија (17.03.2017)
Оваа прилика е историска можност да покажеме дека навистина ја сакаме нашата заедничка Татковина – Република Македонија, без разлика на која национална и верска заедница припаѓаме. Треба да сфатиме дека вистинско заедничко живеење се постигнува единствено во мир, со почитување на различностите и на правата на секој поединец, без скратување и нарушување на правата и достоинството на другите.