Што да правиме ако постојано ни доаѓаат лоши ПОМИСЛИ?
Треба да внимаваме на себе, да се контролираме. Кога непријателот ни носи лоши, зли помисли, треба да се трудиме да ги истераме и да ги замениме со добри, благи помисли.
Треба да внимаваме на себе, да се контролираме. Кога непријателот ни носи лоши, зли помисли, треба да се трудиме да ги истераме и да ги замениме со добри, благи помисли.
Како човекот станува демоноподобен
Веќе сум ви кажал дека енергетското растројство е изобличување на Божјиот лик во нас, но главниот проблем е што тоа изобличување е според ликот демонски. Да ве потсетам само на еден пример од повеќето што ви ги посочив:
Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не, го насочуваме кон оној што го сметаме виновен за несреќата што ни се случила; остатокот од нашата енергија го трошиме на погрешни сигнали – кон духовниот свет, кон другите луѓе и кон природата околу нас; и ако нешто енергија ни остане и ако ни текне да се помолиме, ја насочуваме кон Бог – во некој неодреден правец. Ако вината не ја лоцираме во себе, преку првенствено барање на Божјата правда, тогаш немаме целосна енергетска молитвена насоченост кон Бог во нашето срце, туку се наоѓаме во енергетско растројство.
Еве ви еден пример и од животот на свети Макариј Египетски, кој го потврдува тоа што ви го велам, дека енергетското растројство е вообличување на ликот демонски во нас:
„Свети Макариј, египетскиот духовен Старец, овој редок избран Божји сад, ме праша еднаш: ’Која е причината што ние, паметејќи го злото што ни го направиле луѓето, ја растројуваме силата на нашата душа што памети, а кога си спомнуваме за злото што ни го направиле бесовите, не претрпуваме никаква штета?‘ Кога јас, не можејќи да одговорам на неговото прашање и го замолив тој самиот да ми го објасни тоа, тој рече: ’Првото е спротивно на нашите раздразителни сили, а второто е сообразно со нив‘“.
Со други зборови, некои луѓе стануваат толку демоноподобни што воопшто не се гневат на демонот кој ги повредува, активирајќи ги нивните страсти кон чинење грев, додека пак, многу лесно се гневат на своите ближни и за најмала нивна грешка, злопамтат и не простуваат. Тоа е најобично енергетско и душевно растројство, т.е. демоноподобност.
Ќе ве потсетам на уште еден пример: нашата немолитвеност, т.е. потхранувањето на примарната функција на нашиот ум, т.е. неговото отпаѓање од превосходната енергетска комуникација со Бог, а од друга страна, прехранувањето на секундарната функција на нашиот ум, односно прекумерната комуникација со овој свет поради задоволувањето на нашите страсти, како и знаењето и опитот што нашиот разум го стекнува притоа, го прават нашиот разум компатибилен на демонскиот. Истото ни се случува кога не го ставаме нашиот ум во процес на исцеление, преку послушание кон духовниот отец, сѐ до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва, а наместо тоа остануваме послушни на демонскиот глас во нас – кој е компатибилен со нашите страсти и нашиот компромитиран – од демонот – разум, а пред сѐ, со страста на високото мислење за самите себе и демонската гордост.
Мислам дека, за паметните, доволно објаснив.
Затоа честопати и инсистирам на исповед и духовно советување. Ништо не можете да скриете од духовниот отец. Тоа што се обидувате да го скриете од него, внатре во вас, е смртта. А таа почнува да зрачи, да смрди и почнува пополека да станува видлива за сите останати. Духовниот отец однапред го гледа тоа и ве предупредува. Толку барем може.
Негова задача е да го вообличи ликот Божји во вас, да станете преподобни, т.е. богоподобни – ако го слушате Неговиот глас.
Пресвета Богородице, спаси нас!
Митрополит Струмички г. Наум
Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето, каде што е изворот на нашето слово: Господи Исусе Христе, помилуј нас!
Постои еден замор кој не произлегува од она што ни се случува, туку од она што сме.Тоа добро го знам.
Така, денешниот маж, соочен со сè поголемата присутност и слобода на жената во различни улоги и простори, ги губи своите сигурни потпори.
Човекот се исцелува кога ќе престане да живее за да им докажува нешто на оние што го повредиле. Мирот започнува тогаш кога нивното зло повеќе не одредува кој е тој пред Бога.
Богоносен оче наш Јоакиме, си се јавил како жител на пустината, ангел во тело и чудотворец. Откако преку
Депресијата не е само тага. Таа е пропаѓање во кое умот го затемнува секој излез, душата ја губи радоста и вкусот кон животот, а телото
Тебе, избраната од сите родови, Божјата Мајка и Царица, Која се вознесе од земјата кон небесата, побожни песни Ти принесуваме,
После Вознесението Господово, за Мајката Божја се грижел апостол Јован Богослов, а во негово отсаство Пресветата живеела во домот на неговите родители, во близина на Елеонската гора.

Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како треба да се почитува својата
Христос може да слезе и во најдлабоката темнина, но не ја благословува вратата што човекот од гордост ја држи заклучена.
Зошто толку голема грижа за брчките, промените и трагите што ги остава времето?
Депресијата не е само тага, ниту пак минлива слабост. Таа може да стане бавно тонење во кое човекот ја губи радоста на животот, силата да
Можеби молитвата нема веднаш да ја промени околноста. Но, ако е вистинска, таа го менува оној што се моли. А понекогаш Божјиот одговор не е она
Можеби си видел човек гол, а сепак ниту за миг не си ја допрел неговата вистина. Можеби го познаваш неговото тело,
Воплотувањето Божјо и обожението на човекот е големата тајна на нашата вера и теологија. Нашата Црква секојдневно ја живее таа тајна
Постете отсега: во понеделник, среда и петок. Постот, за оние што можат да го практикуваат, го очистува телото од сериозни болести и немоќи.