ЗА РОЖДЕНСТВОТО ХРИСТОВО - Преподобен Пајсиј Светогорец
Била една пештера во карпа и имала јасли, ништо друго немало. Таму одел некој сиромав човек и ги оставал своите животни. Пресвета Богородица со Јосиф, бидејќи сите анови биле полни и немало каде да останат, завршиле во оваа пештера. Таму биле ослето и теленцето, коишто со своето дишење Го топлеле Христа!