† СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ, СВ. СЕДМОЧИСЛЕНИЦИ И СВ. ВЕЛИКОМАЧЕНИК ПАНТЕЛЕЈМОН
Торжествата по повод празникот на св. Климент Охридскиот Чудотворец, на св. Седмочисленици и на св. вмч. Пантелејмон, продолжија на 09.08.2019 година, во Светиклиментовиот манастир на Плаошник во Охрид, каде што беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен,






Овој род се истерува само со молитва и пост. Ако овој род се изгонува со молитвата и постот на некој друг, тогаш уште понемоќен е овој род да влезе во човек што самиот се моли и пости. Ете ти ограда! Има многу бесови, и сиот воздух е исполнет со нив. А сепак, тие не можат ништо да му направат на човекот што е ограден со молитва и пост.
Излезе од печат новиот број на списанието „Премин“, кој е посветен на свети апостол Петар, првоврховниот меѓу апостолите, заедно со свети апостол Павле. Подарок со овој број: „Кога сум слаб, тогаш сум силен“, поуки од Светите отци за болестите.
Љубовта се познава преку Светиот Дух. А душата Го препознава во мирот и во сладоста. О, колку сме должни ние да Му благодариме на Бога за тоа што многу нe љуби. Размислете, возљубени браќа: Господ ? го дава Светиот Дух на грешната душа, ? дава да ја познае Неговата милост. За да Го познаеме Бога не ни треба богатство. Треба само да го љубиме ближниот и да го имаме смирениот дух, воздржание и послушание, и за тие добри дела Господ ќе...
Во овој свет секој има свое послушание: некој е цар, некој е патријарх, некој е готвач, или ковач, или учител, но Господ сите ги љуби. Поголема награда ќе добие оној кој повеќе Го љуби Бога. Господ ни ја даде заповедта да Го љубиме Бога со сето срце, со сиот ум, со сета душа. А без молитвата како е можно да се љуби? Затоа, умот и срцето на човекот секогаш треба да се слободни за молитвата. Оној што го љубиш, за него сакаш и да мислиш,
Некој византиски цар беше нарачал од еден краснописец да му подготви препис од Стариот и Новиот Завет. Долго време одзело додека се заврши, но затоа резултатот бил воодушевувачки. Оваа прекрасна Библија, чија вредност надминувала 15 златници, царот ја подарил на еден старец-пустиножител, кој еднаш му беше помогнал. Тој старец, малку време пред своето упокојување, овој скапоцен дар го предал на својот послушник Геласиј.
Причина за солзите е духовното гледање, спознанието за својата гревовност. Причина за солзите е – сиромашноста на духот: бидејќи самата по себе блаженство, таа пораѓа друго блаженство, плач, го храни, го поддржува и го јакне. „Не потекнува плачот од солзите, туку солзите од плачот “ – рекол преподобниот Јован Пророк.
Лудост беше истерана
На 02.08.2019 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророк Илија и светите Пречистански преподобномаченици, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети пророк Илија во с.Орашац – Кумановско. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На 02.08.2019 година, Св. пр. Илија – Илинден, преп.3 Пречистански нмч-ци, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен, и свештеници од Тетовско-гостиварската и Европската епархија богослужеа Света Златоустова Литургија во Лешочкиот манастир.
Фестивалот оди во живо од неделата 21 јули до 04 август 2019 лето Господово. Овој фестивал ја охрабрува онлајн соработката, каде гледачите можат да споделуваат преку сите социјални медиуми. Фестивалот годинава овозможува лајв скрининг, преку таканаречените Global Screening Partner. Предвидени се филмови кои што рефлектираат православни теми, култура и вредност, а сепак, а се богати од уметничка гледна точка.


Молитвата ги заменува сите разоноди, сите потреби – сѐ она без кое обичниот човек не би можел да живее.
“ Никогаш Крстот не е без Воскресение! Никогаш молитвата кон Бог не е без одговор ! Никогаш тагата по Бог не е без радост ! Никогаш плачот по Бог не е без утеха! Страдањето, молитвата , тагата и плачот по Бог се истовремено сведоштво на присуството на Божјата благодат во нас, сведоштво на нашата лична заедница со Него ! Што друго ни треба ? “
Вечен и Милосрден Боже и Многумилостив Оче наш, маките и тешките неволји што ме снашле, страшни ја измачуваат мојата душа. Но, Тебе така Ти било угодно, затоа јас се’ доброволно поднесувам. Сите мои телесни страдања и душевни маки ги трпан и поднесувам како отплата за моите гревови, а за мое спасение. Те молам, Милостив Боже, дај ми трпение и сила за да поднесувам се’ онака како што Тебе Ти е угодно и да се спасам. Амин!
























