Како Свети Климент го спасил Охрид од колера
Свештениците се согласија и веднаш тргнавме, само ние, неколку души. Попат почна да ни се придружува народот. Го поминавме варошот, па потоа [врвевме] низ чаршијата. Турците не ни сметаа, зашто и тие се луѓе, наши браќа од човештвото, кои се пред Бога исти и делиме исти проблеми, и среќата и несреќата исто ја доживуваме, а сега сите паѓааме од колерата како муви. И така, до вечерта се вративме со моштите во црквата Свети Климент. Другиот ден никој повеќе не се разболе од колера. Оваа грозна болест веднаш се пресече.