После Вознесението Господово, за Мајката Божја се грижел апостол Јован Богослов,
а во негово отсаство Пресветата живеела во домот на неговите родители,
во близина на Елеонската гора.
Пророче Божји, Михеј свети,
ти кој волјата Господова до луѓето ја приближи,
опомени за непослушности донесе,
синовите на непокорноста да се исправат помогна,
Радувај се горни Ерусалиме,
радувајте се христијани по сите краишта земни,
радувај се свети Максиме, Бог благоволи прослава да воздаде,
Известуваме дека излезе од печат второто издание на книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит”. Станува збор за најавтентичниот извор за животниот пат и за опитното учење на современиот светител на Православната Црква.
Преводот од грчки јазик е на јеромонах Атанасиј Арсоски.
Радувајте се свети маченици,
верата ваша со благодат ве зали,
Аникито и Фотие, вие кои познавте дека нашите страсти
се демони глуви и неосетливи,
Словото Божјо во раце носејќи го,
во срцето твое се всели о свети Евпл ѓаконе,
темнина во пештерата постоеше се додека светлината Христова
преку тебе во неа не се насели.
На Маслиновата Гора, на местото каде се вознел Христос, плачејќи се молела Бог да ја земе од овој свет.
Тогаш ѝ се јавил Архангел Гавриил и ја известил дека по три дена (на 15.08./28.08) ќе биде упокоена. Тој ѝ донел една рајска гранка од палмово дрво, која светела со светлост од небесната благодат и која ќе се носи пред одарот на Божјата Мајка, како знак на тоа д
Пoстoјат прeсудни мoмeнти вo чoвeчкиoт живoт кoга на чoвeкoт навистина му e oставeнo да избeрe живoт или смрт. Јуда вo прeсудниoт мoмeнт гo сoблазнилo срeбрoтo и тoј ја избрал смртта, т.e. грeвoт на срeбрoљубиeтo. Кoга старeшината сакал да гo прoизвeдe вoјникoт Марин (види, 7 август) вo oфицeр, нeкoј завидливeц гo тужил дeка тoј e христијанин.
Да чуеме што вели свети Григориј Палама: ’Воведените во тајните од Господ (Апостолите), тогаш преку промената на сетилата, која во нив ја предизвикал Светиот Дух, биле приведени од состојба на тело во состојба на дух‘. И уште вели: ’Христос во моментот на Преображението не примил ништо што дотогаш немал, ниту се променил во нешто што претходно не бил,
На литургијата и чинот на благословување на грозјето присуствуваше и премиерот на владата на Р. Македонија г. Христијан Мицковски со членови на владата и пратеници на Собранието на Р. Македонија. Црковниот одбор за целиот верен народ приреди трпеза на љубовта.
Третата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но и за Неговата слава после страдањето на Крстот. За да не ги раслаби Неговото страдање та да отпаднат од Него, Он, Премудроста, сакаше пред да се случат страдањата делумно да им ја покаже Својата Божествена слава.
Овој празник е востановен во спомен на собитието на Тавор, кое се случило четириесет дена пред Христовата смрт и распетие. Кога Господ забележал дека апостолите не можат да ги разберат претстојните Негови страдања и дека во срцата се исполнуваат со тага, за да не ослабнат во својата вера,
Сите тие нешта се вистинити само поради една причина и на еден начин – ние луѓето сме дар и откровение еден за друг и така другиот навистина може да стане твој дел и ти негов дел. Тоа е таа голема тајна, да бидат сите едно – се зборови на Христос – како што ние сме едно. Да си едно со другиот е стравично – после тоа не смееш да го повредиш, туку можeш само да му чиниш добро. Кој би зел пила за самиот да си ја исече раката?
А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено. Што е толку големо и таинствено во покажувањето на чувствената светлина, кој во изобилство ја имале тогаш не
Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, чиноначалствуваше на Света Божествена Литургија во манастирот Нерези, на чијшто прекрасен храм, посветен на светиот великомаченик Пантелејмон, годинава му се навршуваат 860 години од издигнувањето и фрескописувањето.На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
глас 7
Христе Боже, си се преобразил на планината,
покажувајќи им ја на Твоите ученици Твојата слава,
колку што можеа (да видат).