Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот нахранувајќи го и необлечениот облекувајќи го, одејќи со брзање во црквата Божја, пазејќи ]а со страв заповедта Божја, со вера барајќи го царството Божјо, како што рече Господ:
Бескрајна е Божјата љубов и благост кон луѓето. Он нас нѐ љуби силно, бидејќи сме Негов род. Иако ние секој час се откажуваме од Бога, Он лесно не се одрекува од нас. Но, сепак, помило Му е кога луѓето нарочно Му се обраќаат. (…) Човекот треба да се одвои од светот и да тргне да Го бара Господа.
Па поради тоа, молитвата кон Бога претставува не само леб на душата, туку нешто повеќе од тоа – нејзин живот. А Бог, Кој ги знае и гледа нашите потреби и желби, ќе направи она што секој татко би го направил за своето добро и послушно дете, зашто Бог е Татко на татковците. Татко на сите.“
Ако од нашите сили зависи сознанието на духовниот свет и Бога, ние би останале совршени незнајковци во тој поглед. И на тој начин, би биле одвоени и отфрлени на оваа земја без Бога, далеку од Него и од Неговата помош и утеха. Но, за среќа, тоа не е случај со нас. Бог знае дека ние не можеме
Вo 1963 година заминал на Света Гора. За неговиот престој таму директно добил благослов од Игуменијата на Света Гора – Пресвета Богородица. Бил замонашен во грчкиот манастир „Свети апостол Павле“ со монашко име Гаврил. Сето време додека престојувал на Света Гора избегнувал контакти со луѓе.
Никогаш не му давал одмор на своето тело – речиси никогаш не спиел, а и кога спиел, секогаш лежел на земја или на тврда рогозина. Иако многу строго постел и бил многу слаб, поседувал голема виталност и енергија. Редовно ги служел сите богослужби во манастирот и непрестајно се трудел во подвигот на
Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со човекот: првиот пат, кога не поверуваа дека бил слеп; и вториот пат, кога сакаа да го омаловажат делото Христово, а и Самиот Христос.
Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за догма, од проста причина што на крајот, како и на почетокот, ќе има прогон на Црквата и никој не ќе може јавно и долго да служи Литургија,
Нивниот сеславен спомен нека биде вечен, а ние верните да го прославуваме со радост и со подражавање на нивниот подвиг. На многаја лета!Прославата на нивниот спомен започна на 24 мај во попладневните часови, со вечерна богослужб во храмот „Св. Атанасиј“, во живописното струшко село Вишни.
Вечен споменот да е на нашите просветители и описменувачи Кирил и Методиј.
Чувајте ги верата и јазикот на кои нѐ научија овие горостаси!
По тоа ќе нѐ познаат дека сме од родот нивни, а не по географијата.
Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,
о голем столбу на православието,
ревноста по Христа ја привлече благодатта,
и со неа мноштво чудеса сотвори,
Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и
дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога.
И навистина се оддал на богоугоден живот, го изучувал Светото Писмо,
делата на светите отци, а особено делата на св.Григориј Богослов.
Во првата половина на IX в. словенските земји на Балканот биле своевидно јаболко на раздорот меѓу Првото Бугарско царство и Византија. Во таa ситуација византиската власт не можела да спроведува политика на отворен притисок врз словените во Македонија и Грција. Во првата половина на IX в. словенските племиња на територијатa на Империјата сѐ уште имале многу широка автономија
О, преславни учители и просветители на словенските народи, свети рамноапостолни Методиј и Кирил. Кон вас, како чеда кон своите отци, со светлината на учењата и од буквите ваши просветени и во верата Христова поучени, сега усрдно прибегнуваме и со скрушени срца се молиме. Ако вашите завети, како непослушни чеда, не ги запазивме и за угодувањето на Бога, како што нè учевте, не се грижевме, и од
Слава, глас 8.
Радувај се, свештена двоице, која нѐ озари со светлината на Богопознанието: Кириле, живоносен извору на мудроста духовна, кој ги напои словенските народи кои од жед се топеа: Методие, чесно живеалиште на молитвата! Прилежно молете се на Христа, пред Чија слава стоите, заедно со вас да Го величаме и да Го превозносиме во сите векови.
Рамноапостолни учители на словенските земји,
богомудри Кириле и Методие,
Владиката на сите молете Го,
да ги утврди сите словенски народи