"Молкот на Јосиф"
Ако е точно дека молкот е јазикот на светот што доаѓа, тогаш праведниот Јосиф Обручник е човек од времето што доаѓа. Во Евангелијата не е запишан ниту еден од неговите зборови, не е споменат ниту еден негов разговор. Само неговите помисли и дела се опишани. Тој ѝ пристапува на Тајната на неискажливото снисходење на Синот и Словото Божјо со восхитување, набљудување и молчење.