Поглаварот на Македонската црква пред патријарх Неофит: Со полно единомислие побаравме БПЦ да биде Црква-Мајка
Поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Стефан денес беше примен од Бугарскиот Патријарх Неофит. Ова е прва нивна средба откако МПЦ-Охридска архиепископија побара бугарската да биде нејзина Црква-Мајка и така да добие автокефалност, пренесе репортер на БГНЕС. Македонскиот Архиепископ Стефан беше придружуван од Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, којшто е одговорен за надворешните односи на МПЦ-Охридска архиепископија.