Чиста среда – Тримир
Постејќи браќа телесно, да постиме и духовно: да раскинеме секаков синџир на неправда; да скршиме секаква врска на суровите страсти; да раскинеме секаков список неправеден. На гладните леб да им дадеме, и бедните без покрив – во домовите да ги воведеме, за да примиме од Христа Бога милост голема.






„Вака вели Господ: Од Сион ќе излезе законот, и од Ерусалим - словото Господово. И ќе им суди Он на народите и ќе изобличи многу племиња; ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои - во српови: народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна. О, доме Јаковов! Дојдете, ќе одиме во Господовата светлина.
Ова е времето за покајание, ова е денот спасителен, почеток на Постот: биди будна, душо, вратите на страстите затвори ги и сврти се кон Господа. Со гласот на Неговата Црква, Господ нѐ повикува да ги оставиме зад себе своите грешни и срамни дела и да ја започнеме добрата борба на трпение преку пост и молитва, која ги чисти нашите души и нѐ поставува пред Христа. И нека никој не рече дека без оваа борба и без овие добродетели
Влегувајќи во арената на четириесетдневната благодатна борба, ние никако не смееме да ги осудуваме ближните од нашата околина што нема да постат. Напротив, да се молиме усрдно за нив, та и тие еден ден да Го побараат Христа и со добри дела да Му угодуваат. Од нас не се бара осуда и предимство над другите, туку љубов и простување. Во денешното Евангелие, Господ Исус беше многу јасен:
Вее снегот насекаде
Тоа можеме да го постигнеме поминувајќи ги овие денови во пост, молитва, оддалечување од светот, посетување на црковните Богослужби; со солзи на покајание, со подготвување за радосниот Празник кој ќе го означи крајот на овој период на прогонство, и сведочејќи им на сите во оваа „туѓа земја“ за настапувањето на еден уште поголем Празник...
На секоја Литургија, ако ги слушате внимателно молитвите, оној дел што Црквата го нарекла и го доживува како анамнеза, сеќавање, е спомнување за сето она што Господ го направи за нас – смртта, гробот, погребението, тридневното воскресение, вознесувањето и седнувањето оддесно на Бога и Отца, второто пришествие. И сето тоа остварено за нас и наше спасение, за нам да ни се простат гревовите, за ние да бидеме избавени од смртта и за да ни го даде Бог она...
Ако мислиш лошо за луѓето, тоа значи дека лошиот дух живее во тебе. И тој ти ги вметнува лошите помисли за луѓето. И ако некој не се покае и умре, не простувајќи му на братот, тогаш неговата душа ќе отиде таму каде што живее лошиот дух, што ја заробил душата. Таков е духовниот закон: ако простуваш, значи дека и тебе Господ ти простил. А ако не му простуваш на братот, значи дека и твојот грев останува со тебе.
Во денешново евангелско четиво Господ Исус Христос не упатува на три основни чекори: простувањето, постењето и безвременската награда која не очекува. И токму првиот чекор е простувањето: „Ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец Небесен." - вели Христос. Силата на простувањето е двонасочна и необично поврзана со давањето опрост и барање прошка. Невозможно е да се прости, а да не се...
Високи гости од државата и странство, амбасадори и конзули, владини министри, претставници на јавниот живот од градот и ученици од Израел и Германија, со „Марш на животот“ одбележаа годишнина од депортацијата на битолските Евреи.
На сите да им простиме сè. Дури и на непријателите. Така Господ направил. Од крстот рекол: „Оче, прости им,...!“ (Лука 23,34). Бог бара од нас да не бидеме никогаш во непријателство со луѓето и да немаме злопамтливост (Матеј 5,23-24).
Затоа, како плод на така сфатеното и така оствареното послушание се појавува личниот однос со Бог. Оној што нема опит, треба да го живее подвигот на послушание сходно претходната реченица ако не сака да промаши. Кога некој би побарал од мене со една реченица да ја објаснам тајната на послушанието, јас би се обидел вака: послушание е остварување на сите наши желби и цели, но не на начин
Но, тоа не е само обврска на клерот и на Црквата, туку и на секој човек што сака нешто да направи за својата вера и црква. Од нас зависи каква вера ќе им предадеме на идните генерации. Вера што станала компилација од вера, адети, национализам, верски фанатизам, омраза кон другите вери, фолклор, форма без суштина, а која, пак, нема да биде интересна за нив, или, пак, вера во живиот Бог, која води кон спасение и живот вечен.
Со Христовото послушание сме спасени, а со Адамовото непослушание сме фрлени во пеколна бездна. Патот на послушанието навистина води на Голгота. Тој е нагорен и искачувањето е малку напорно. Ќе се потиме и ќе се уморуваме, но сепак да помислиме дека по воскресението ќе ги стекнеме чистотата на душата и восиновувањето и дека тоа богатство не може да се спореди со никакви овоземни наслади. Што зборувам јас?
Во почетокот беше Словото. Без Него ништо не постои. Катадневно го вкусуваме болниот и беден живот во нашето тело. А сепак, создадени сме според образот на Христа, Апсолутниот. Проблемот, тајната на нашиот живот, е во преминот од релативното во Апсолутниот. Ако битието е создадено од Бога, не треба да умре. Бог го создаде животот, не ја создаде смртта. Нашата цел е животот во Христа Бога, во бесмртноста, во вечноста.
























