Господи, Ти си Извор на Животот. Испрати ми ја животворната сила на Духот да ми го излекува умот, душата, волјата и телото. Дарувај ми исцеление од сите психички и физички слабости и страдања. Дарувај ми здравје, сила и живот, младост и убавина и да се развијат во мене благодатните дарови и способности да можам да живеам, да се учам и да Ти служам.
Одговара: отец Горан Стојчевски
На Крстот на Кој е распнат Нашиот Спасите Господ Исус Христос е извршено помирувањето на човекот и Бог и повторно ни е дадена можноста за живот вечен и единство со Него во царството Божјо, што беше прекинато во рајот со гревот на нашите прародители, по кој влезе и смртта. Токму на Крстот, Спасителот го распна стариот човек, стариот Адам, ги зеде на Себе гревовите на светот и човекот...
Одговара: отец Горан Тасески
Да , постои црковна забрана, затоа најдобро е лицето кое е од римокатоличка вероисповед да се советува за да најпрво стане член на едната света соборна и апостолска црква, односно да го прими православието.Но доколку, и покрај советувањето ...