Одговара: отец Горан Стојчевски
5-ти декември 2012 год.
Прашање од Валентина:
Ако Христос пострадал на крстот за да ги искупи гревовите на луѓето, зошто христијаните сеуште страдаат, или секој христијанин покрај вербата треба да има и своја лична внатрешна борба?
Одговор:
Христос, на едно место вели, ако светот Мене ме замрази, знајте дека вас уште повеќе ќе ве замрази, ако Мене ме гонеа и вас ќе ве гонат... Да Христос ги искупи нашите гревови, и со Својата смрт ја победи смртта, а со Воскресението ни даде живот вечен, но со Христа и ние страдаме, го носиме Крстот, со Него да умреме, но и со Него да воскреснеме! Страдањата секогаш доаѓаат на различен начин, но секако ако ја имаме верата и практикувањето на таа вера, тогаш како што вели Спасителот, Моето бреме е лесно, и јаремот Мој е благ. Преку крстот до Воскресението, така велат светите Отци.
Преминпортал
Лето Господово 2012