Одговара: отец Горан Стојчевски
Прашање:Б.Б. Моето прашање се однесува на Света Троица.
Од кога се спомнува за Светата Троица, дали е спомната во Стариот Завет? Еднаш разговарав со муслимани кои тврдат дека ако трите лица се едно исто, кога припаѓат на ист Бог...им кажувам дека Светиот Дух ја засенил Дева Марија, а не Синот, бидејќи Неговиот живот на Земјата започнува од зачнувањето преку Светиот Дух во утробата на Марија, но тие не ме разбираат. Дали мозете поубаво да ми објасните за оваа врска меѓу трите лица на Бог, со цел да им одговорам на нивното прашање.
Одговор: Прашањето бара опширен одговор, но и таквиот одговор нема да го разбереме ако не практикуваме литургиски живот во Црквата, во Символот на верата е содржан прецизно одговорот на ова прашање, како и на кој начин ни се откррива единствениот и вистински Бог _ Света Троица, има и едно полезно толкување на Символот на верата дадено od Митрополит Европски г. Пимен - Користа која би ја имале од толкувањето на Символот на верата , а може да се најде и во духовниот азбучник на Преминпортал.
Друго:
-
Символ на Верата
Верувам во "единиот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, на се видливо и невидливо;
И во единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлина, Бог вистински од Бога вистински, роден, нестворен, едносуштен на Отецот, преку Кого се станало;
Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од небесата и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;
Распнат беше за нас при Понтиј Пилат и страдаше и беше погребан;
И воскресна во третиот ден, според Писмото;
И се вознесе на Небесата и седи оддесно на Отецот;
И пак ќе дојде со слава, да им суди на живите и на мртвите и Неговото царство не ќе
има крај;
И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој излегува од Отецот, Кому се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот и Кој говорел преку пророците;
Во Една, света, соборна и апостолска Црква;
Исповедувам едно крштение за простување на гревовите;
Го чекам воскресението на мртвите;
И животот во идниот век. Амин.