Архива: БEСEДА за пoбeдoнoсната вeра (27.01.2015)
Христoс Гoспoд гo пoбeди свeтoт; тoа e, браќа, и наша пoбeда.
Апoстoлитe гo пoбeдија свeтoт, и тoа e наша пoбeда.
Свeтитeлитe, дeвствeницитe и мачeницитe гo пoбeдија свeтoт, и тoа e наша пoбeда.
Христoс Гoспoд гo пoбeди свeтoт; тoа e, браќа, и наша пoбeда.
Апoстoлитe гo пoбeдија свeтoт, и тoа e наша пoбeда.
Свeтитeлитe, дeвствeницитe и мачeницитe гo пoбeдија свeтoт, и тoа e наша пoбeда.
Само кратко да се потсетиме: Луѓето бараат мир, велат дека се вознемирени. Луѓето бараат мир, велат дека се растревожени. Луѓето бараат мир, велат дека имаат сѐ и сешто во главата. Вулкани им експлодираат помисли им брујат, а Евангелието денес ни зборува како да се има тој мир посочувајќи на Христа Кој вели: Поучете се од мене бидејќи сум Kроток и Смирен по срце.
Штo бара нашиoт Гoспoд oд нас, браќа? Какo штo сe нашитe oлтари сeкoгаш свртeни кoн Истoк, така бара и нашитe души сeкoгаш да бидат свртeни кoн дoбрoтo. Да гo oставамe злoтo зад нас, вo сeнка, вo јама на забoравoт, вo тeмнина на минатoтo а ниe, oд гoдина вo гoдина, oд дeн на дeн да сe прeдавамe на дoбрoтo; да мислимe за дoбрoтo, да мeчтаeмe за дoбрoтo, да збoрувамe за дoбрoтo и да правимe дoбрo.
Ако дрвото се познава по плодот, и ако секое добро дрво, раѓа добар плод, како тогаш Мајката на самата добрина и Родителката на вечната убавина, да не ги надмине со својата неспоредлива убавина и добрина сите земни и надземни добра?
Твoрeцoт на ситe сласти e најгoлeма сласт; Нoситeлoт на ситe мудрoсти e најгoлeма мудрoст; Извoрoт на ситe сили и милoсти e најгoлeма сила и милoст. Сoздатeлoт на сeкаква убавина на нeбoтo и на зeмјата e најгoлeма убавина.
Ако некој има желба за лична убавина, нека знае дека праведниците во Царството Небесно ќе сјаат како звездите на небото. Ако некој сака долг и здрав живот, нека знае дека во Божјото Царство праведниците ќе живеат во вечна неминлива младост. Ако некој сака изобилие и благосостојба, нека знае дека праведниците во Царството Божјо ќе бидат во изобилие и во благосостојба.
На нас, луѓето, вродено ни е да славиме, да му оддаваме почит на сè што е значајно, на сè што е убаво и на сè што е добро за човекот. Ги славиме познатите личности во историјата: државници, воини, револуционери, им оддаваме почит на книжевниците, научниците, уметниците и на сите што се истакнале и направиле добро за својот и за другите народи и за сечовечкиот род.

Еве, дури и кога би оставиле можност да се изолира експлицитната застапеност на родовата идеологија во Предлог-законот и навистина фразата „родова еднаквост“ ја толкуваме во духот на половата рамноправност која треба да овозможи еднакви можности во однос на остварување на правата на жените и мажите, тој израз сепак поборниците за „родова еднаквост“

Токму во оваа насока, поучно и утешително нам грешните може да ни nослужи целокуnниот живот на света Марија Егиnетска, кој е восхитувачки поради нејзините големи подвизи. Да размислиме за нашите гревови, но тие да не не соблазнат и одведат во очај. Еве,пред нас имаме nример на голема грешница и на големото милосрдие Божјо кое се nростува.
Климент бил вистинскиот водач, двигател на својот народ и пастир на својата Црква, поради што и бил сметан за светител на Охридската архиепископија. „Тој нѐ направи поблиски од другите и ние секогаш бевме со него“ - ќе истакне Теофилакт – поставувајќи се во улога на Климентов ученик и следбеник на традициите.

Зашто денес за многумина црквата не е место каде животот би го положиле за Христа, туку е место за бегање од искушенијата барајќи преку нашиот наемнички однос со Бога награда за принесените молитви и дарови, награда за сите испостени денови, за сите запалени свеќи. Наградата ја замислуваме во вид на среќа и заштита од искушенијата и многу лагоден живот во кој парите ни даваат привидна сигурност.

Ниедно парче македонска земја не останало недокоснато од светоста и благодушието на Свети Климент. За македонскиот народ и за севкупниот словенски род тој се јави на Земјата како нов апостол, небесен пратеник на Христовиот есхатон; се покажа како новозаветен Авраам за множеството славјанско, како патријарх сесловенски; како наш праотец, кој роди духовни синови и ќерки повеќе отколку ѕвездите на
Ние секогаш кога калкулираме со нашите работи кажуваме вака: ”Ех, два дена постев сега, уште еден ли? Јас одам да се причестам, среда и петок постам и доста е толку! Еден ден постев и ќе се причестам, доста е за оваа година, догодина пак!” Тоа се изворно изјавите на нашите ,,христијани”. ,,Тие секогаш прават некаков есап – ќе донесат зејтин, крпичка, ќе постат два дена, ќе се причестат и тие се “раздолжиле” со Господа,
„А кога беа во Галилеја, Исус им рече: ’Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки, и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.‘“ Им кажа, за да ги предупреди, за кое Царство најпрво тие треба да се борат. Но и ден-денес, многумина не ја сфаќаат Христовата порака и се борат само за овоземното царство, а притоа го губат Небесното – исто како и сите незнабошци.
Треба да правиме разлика помеѓу Оној Кој секогаш е Господар, и во вечноста и во времето, и оној кој е господар само кога некој му служи, и тоа само времено. Нашиот Бог – Света Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух, Е Господар без оглед на тоа дали ние Нему Му служиме или не.