Скопје, 29-ти ноември 2016 год.- Соборен храм на св. Климент Охридски
Денес, на 29-ти ноември 2016 година, во дваесет и третата недела по Педесетница, во параклис на св. Мина, во Соборниот храм на св. Климент Охридски, презвитер Зоран Пецовски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
А Он му рече: „Што е напишано во Законот? Како читаш?“ Тој одговори и рече: „Возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сите свои помисли; и својот ближен како себеси!“ Му кажа пак: „Добро одговори; тоа прави го и ќе бидеш жив.“
Знаците на ’растот до полнотата Христова’ во пределите на земното се: молитва слична на Христовата Гетсиманска молитва и умирање слично на Неговото на Голгота. При ова човекот во полна мера влегува во Божествената вечност. Ова е влегување во радоста на својот господар (Мат. 25, 21).- Старец Софрониј
Преминпортал (к.т.)
Друго: