Скопје, 27-ми ноември 2015 год.- во Соборен храм св. Климент Охридски со донаторски средстав на верниот народ направен е прекрасен параклис посветен на св.Мина. Освен за богослужбите , адаптиран е и како крстилница.
[youtube height="350" width="560" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=zCdUApONa78[/youtube]
На 27- ми ноември 2015 година, кога Македонската православна црква-Охридска архиепископија молитвено го слави споменот на Свети Григориј Палама, архиепископ Солунски во параклисот посветен на св.Мина, во Соборниот храм, во Скопје, старешината на храмот презвитер Сашко Николовски во сослужение на ѓаконот Горан Трајковски, отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Семето што го посеа сатаната во срцето и умот Адамов – помислата да стане бог без Бога – е внедрено толку длабоко во нашето битие, така што непрестајно се наоѓаме под власта на гревот. - Старец Софрониј Сахаров
Preminportal (k.t.)
Друго:
„А што ќе правите вие во денот на посетата, кога смртта ќе дојде од далеку? Кон кого ќе прибегнете за помош? Каде ќе го оставите богатството свое?
Утрена богослужба во трета седмица на Светиот пост, Соборен храм, Скопје (10.03.2015)