логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Со многу љубов и внимание беше проследена Матушка Софија од Русија -претседател на Рускиот меѓународен фестивал СРЕТЕНИЕ, и добитник на ордени од највисок ред во Русија. Тој извонредно топол и љубовен пристап на публиката, Матушка неможеше а да не го забележи и во своето поздравно обраќање, да се заблагоради и упати благослов на македонскиот народ.

Синоќа, во познатото кино Вју на Пикадили сиркус, во Лондон, на Интернационалниот филмски фестивал Реинденс својата светска премиера ја имаше најновиот македонски долгометражен игран филм „Златна петорка“.На фестивалот присуствуваат режисерот Горан Тренчовски, продуцентот Дејан Милошевски и актерката Јана Стојановска.Филмот остави голем впечаток кај публиката.

Во официјалната фестивалска рецензија „Златна петорка“ е претставен како „силен и трогателен филм“:„Алавантие, академик во години, се враќа во својата татковина од која избегал за време на угнетувачкиот режим на Тито по егзекуцијата на неговите другари од детството: студентските активисти кои се противеле на југословенската комунистичка власт и се залагале за независна Македонија. Во 1951 година, петтемина другари се заедно со Алавантие и со нивниот друг другар од детството, Џиџи, во нивниот роден град, само неколку дена пред нивното апсење и егзекуција. Повеќе од 50-тина години подоцна, Алавантие и Џиџи, единствените преживеани членови на дружината, повторно се среќаваат.

Со години наназад Алавантие неуморно ја истражувал нивната смрт и ја открил вистината за она што навистина се случило со "Златната петорка". Прекрасно прикажување и на тогашната и современата Македонија се преплетува во приказната за "Златната петорка", настаните кои довеле до нивното егзекутирање и последиците децении подоцна. Иако филмот е претежно приказна за минатото, како и сите добри приказни за нашата историја, не’ информира за нашата сегашност, не’ предупредува за последиците од фанатичен национализам и нетолерирањето критики кон власта, но исто така дава порака на надеж за оние од нас кои се подготвени да ги прифатат лекциите од минатото...“ По успешната лондонска премиера, претставниците на продукцијата имаа средби со дистрибутери заинтересирани за овој филм.На 16 октомври „Златна петорка“ ќе биде прикажан во Сиднеј, а на 23 во Торонто.Скопската премиера е на 6 октомври во кино „Милениум“, а за премиерата во Струмица на 7 октомври неколку проекции се веќе распродадени.


Сценариото за овој македонски филм е инспирирано по вистинит настан и е работено по мотиви на Братислав Ташковски, а на последната верзија косценарист беше Билјана Гарванлиева. Директор на фотографија е Апостол Трпески, монтажери се Андрија Зафрановиќ и Аристид Филактов, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез. Во филмот улогите ги толкуваат актерите Славко Штимац, Јана Стојановска, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Билјана Таневски, Дине Дрваров, Стојан Велков, Александар Ристоски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски и др.
Филмот „Златна петорка“ е во продукција на „Револушн“ од Скопје и е поддржан од Агенцијата за филм на РМ како дебитантски филм.

© Револушн - СкопјеЛондон, 30 октомври 2016https://vimeo.com/176761291--
info/press office of
Goran Trenchovski
http://www.gorantrenchovski.com/

 

 

Да се бориш против неправдата или да го свиткаш ’рбетот е прашањето во „Хамлет“ на Александар Поповски; - Небојша Глоговац како Хамлет во Југословенско драмско позориште во Белград

Синоќа, театарски настан за Белград па и за регионот беше поставката на „Хамлет“ од Шекспир во Југословенско драмско позориште, во режија на Александар Поповски, а во адаптација на Горан Стефановски, со еден од најомилените глумци на овие простори, Небојша Глоговац како Хамлет.Стефановски најави оти со оваа претстава се преиспитува воената грозница, параноја, надворешнополитичката ситуација. Тој додава дека Кралот е постојано на брифинзи по штабови, маршираат војски, сите се на готовс, војниците на мртва стража. Странски агресори, полицајци во панцири, цивилни служби за обезбедување. Лудилото на принцот Хамлет не е само лично прашање, се работи за лудило на цела нација.Поповски, кој е пречекан во Белград како еден од водечките европски режисери на кого му се доверува „Хамлет“ во ЈДП вели дека појдовна точка му била репликата на Шекспир:„Морам да сум суров за да бидам добар“. Тоа е феноменот на неправдата, вели Поповски.

Поповски, кој е пречекан во Белград како еден од водечките европски режисери на кого му се доверува „Хамлет“ во ЈДП, вели дека појдовна точка му била репликата на Шекспир:„Морам да сум суров за да бидам добар“

Поповски, кој е пречекан во Белград како еден од водечките европски режисери на кого му се доверува „Хамлет“ во ЈДП, вели дека појдовна точка му била репликата на Шекспир:„Морам да сум суров за да бидам добар“


Поповски, кој е пречекан во Белград како еден од водечките европски режисери на кого му се доверува „Хамлет“ во ЈДП, вели дека појдовна точка му била репликата на Шекспир:„Морам да сум суров за да бидам добар““

Во оригиналот, Хамлет е младо момче кое по прв пат се сретнува со голема неправда. Кај мене, тоа е зрел човек кој има повеќе такви искуства, кого непрвадта го оштетила, го изменила. Поголемиот дел од актерската екипа не кореспондира со возраста според Шекспир, но не е важно кој колку години има, важно е како тие со своето искуство го формираат Хамлет“, вели Поповски.

Глоговац, кој отпрвин не се согласил поради возраста да го игра Хамлет, вели:

„Во нашата поставка да се биде или не, значи да се бориш, да дејствуваш против неправдата, против системот кој те меле, да го виткаш ’рбетот, да прифаќаш да живееш здодевен живот, или да бидеш – што значи да се бориш, да мислисш со своја глава, да не дозволуваш безусловно друг да мисли за тебе. Системот секогаш манипулира со поединецот, и во Шекспирово време, пред тоа и потоа. Во минатото тоа беше некако закамуфлирано. Денес е целосно разоткриено, и повторно функционира, неверојатно!“.

Музиката во претставата е на Кирил Џајковски.

Извор: http://sdk.mk/index.php/kultura/popovski-i-glogovats-go-sobraa-tsel-belgrad-na-premierata-na-hamlet/

 

Денес во киното „Милениум“ беше промовиран саундтракот со наслов „Рубин“ за долгометражниот игран филм „Златна петорка“, во продукција на „Револушн“ и во музичка изведба на групата „Баклава“.


Филмот „Златна петорка“ е во продукција на „Револушн“ - Скопје, финансиран од Агенцијата за филм на РМ, а копродуценти се Македонската телевизија и Арт-попкорн од Белград. Партнер при снимањето беше Општина Струмица, а помагатели беа и Општините Босилово и Василево.

Сценариото за овој македонски филм е работено по мотиви на Братислав Ташковски, а него го потпишуваат Елеонора Венинова и косценаристите Билјана Гарванлиева и Горан Тренчовски. Продуцент е Дејан Милошевски, директор на фотографија е Апостол Трпески, монтажер е Андрија Зафановиќ, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез.

Играниот филм „Златна петорка“ е фикција за една насилно прекината и за една започната љубов, меѓу коишто лебдат копнежот и предавството. Во филмската приказна нè водат протагонисти кои речиси цел живот бегаат од апсурдните гревови на минатото. Сè додека еден преживеан сведок не отпрета некои нови траги кои наведуваат на досието од 1951 при што е ликвидирана група од пет невини студенти од Струмица.
Во филмот улогите ги толкуваат актерите Славко Штимац (Ламариниќ), Јана Стојановска / Љупка Џундева (Ката), Игор Ангелов / Петар Арсовски (Џиџи), Васил Михаил / Ненад Милосављевиќ (Алавантие), Билјана Таневски (Загариева), Дине Дрваров (Кољо), Стојан Велков (Монах); петте студенти ги играат Александар Ристоски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров и Виктор Јакимовски.
Филмот „Златна петорка“ ќе има скопска премиера на 6 октомври во киното „Милениум“, премиерата во Струмица ќе биде на 7 октомври во НУЦК „Антон Панов“, а веднаш потоа ќе започне да се прикажува во кината низ Македонија.

 

https://www.youtube.com/watch?v=4KwnEzApIDM

© Револутион - продукција, Скопје

19.04.2016 год.

Во селекцијата македонски филмови на  годинашниот Скопски филмски фестивал, кој ќе почне во петок, ќе биде прикажан филмот „И фабриките имаат душа“ по оригинална идеја, режија, продукција на Јане Алтипармаков и фотографија и ко-режија на Наташа Гелева.

Проект координатор на филмот е Јан Харлан, извршен продуцент на Стенли Кјубрик. Монтажата е на Дарко Стефановски, а музиката е компонирана од Игор Василев – Новоградска.

Во оваа селекција ќе биде прикажан и филмот „Лазар“ на Светозар Ристовски, како и новиот филм на Елеонора Венинова „Борба за смрт“.

На фестивалот македонска премиера ќе има шведскиот филм „Затнати усти“, по сценарио и режија на Карл Абрахамсон, во кој Јане Алтипармаков учествува како камерман и асистент, а улогите ги толкуваат Лин Шпаренборг, Теа Шалдева, Стојан Николиќ и Вера Николиќ.

Во склоп на фестивалот режисерот Абрахамсон ќе одржи работилница за експериментален филм, а музичарот Игор Василев - за филмска музика.

Извор: Утрински весник

Долгометражниот игран филм „Златна петорка“ поддржан од Агенцијата за филм на РМ од денес официјално влегува во фаза на постпродукција. Филмот се снимаше интензивно 24 денови на автентични и адаптирани локации во Струмица и струмичкиот регион, а работата на проектот се одвиваше според замислениот план и обем.

На последната клапа во Струмица присуствуваше и директорката на Агенцијата за филм м-р Мими Ѓоргоска-Илиевска, при што таа го изрази задоволството за завршетокот на снимањето на уште еден нов македонски филм. Продуцентот Милошевски и режисерот Тренчовски јавно им се заблагодарија на сите кои беа вклучени во изработката, на финансиерите, како и на поддржувачите на овој филмски проект.

Филмот „Златна петорка“ е во продукција на „Револушн“ - Скопје, копродуценти се Македонската телевизија и Арт-попкорн од Белград. Главен помагател и партнер на филмската продукција беше Општина Струмица, која меѓу другото, пружи помош со повеќе ресурси и институции кои се во надлежност на локалната самоуправа, со давање дозволи за снимање, со асистенција и логистика на теренот.

Сценариото за овој македонски филм е работено по драмски и прозни мотиви на писателот Братислав Ташковски, а него го потпишуваат Елеонора Венинова и Билјана Гарванлиева заедно со косценаристот Тренчовски. Продуцент е Дејан Милошевски, директор на фотографија е Апостол Трпески, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, тонот е на Дарко Спасовски-Пацки, а една музичка нумера во филмот изведува групата „Баклава“.

Играниот филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски е замислен како фикција за една прекината и за една започната љубов, меѓу коишто лебдат копнежот и предавството. Во филмската приказна нè водат протагонисти кои речиси цел живот бегаат од апсурдните гревови на минатото. Се додека еден преживеан сведок не отпрета некои нови траги кои наведуваат на досието од 1951 при што е ликвидирана група студенти од Струмица.

Во филмот улогите ги толкуваат актерите Славко Штимац (Ламариниќ), Јана Стојановска / Љупка Џундева (Ката), Игор Ангелов / Петар Арсовски (Џиџи), Васил Михаил / Ненад Милосављевиќ (Алавантие), Билјана Таневски (Загариева), Дине Дрваров (Кољо), Стојан Велков (Монах); петте студенти ги играа Александар Ристевски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров и Виктор Јакимовски.

Филмот „Златна петорка“ на Горан Тренчовски ќе го монтира Андрија Зафрановиќ и се планира тој да биде готов до крајот на летото 2016 со премиера на некој од светските филмски фестивали.

Во изработката на филмот беа вклучени  голем број филмски работници, статисти и граѓани на Струмица и околните места. Помагатели на проектот беа и Општините Босилово и Василево, како и повеќе субјекти, јавни претпријатија и установи, фирми и поединци од државно и локално ниво.

Директорот на фотографија, Наум Доксевски, ја освои наградата Golden Eye во категоријата Најдобара студентска работа, на фестивалот за филмски и ТВ сниматели Golden Eye, кој викендов се оддржа во Тлибиси, Грузија,  за својот дипломски краткиот игран филм “Враќање”. Наум Доксевски е дипломиран филмски и ТВ снимател во класата на проф. Апостол Трпески на Факултетот за драмски уметности во Скопје.  Како директор на фотографија досега има потпишано пет краткометражни играни и неколку документарни филмови.

Синоќа во чест на наградените на овогодишниот Астерфест беше прикажан документарецот „Две веремиња“ на Киро Урдин.

Официјалната жири-комисија во состав: Јанко Баљак, режисер од Белград, Република Србија, Борис Мисирков, директор на фотографија од Софија, Република Бугарија и Атанас Чупоски, филмолог и писател од Скопје, Република Македонија, констатираше дека квалитетот на филмовите од годинашава селекција на фестивалот Астерфест, и во категоријата на кратки играни филмови, и во категоријата на документарни и анимирани филмови беше на многу високо ниво. Селекторите во сите конкуренции понудија многу квалитетни филмови од кои неколку веќе беа наградени на реномирани светски фестивали, што дополнително ја компликуваше и онака сложената работа на жирито. 

Жири-комисијата донесе одлука на 11-иот Астерфест да ги награди следниве филмови:

Во конкуренцијата на анимираните филмови, „Анимоушн“, во селекција на Марјан Пецев-Захов, жири-комисијата му доделува пофалница на филмот „Кокошка“, во режија на Васил Бедошвили од Руската Федерација. Филмот се издвојува од конкуренцијата заради оргиналниот третман на трогателната човечка историја овде претставена низ форма на птица, т.е. кокошка.
Главната награда за најдобар анимиран филм на 11-тото издание на Астерфест, жири-комисијата му ја доделува на филмот „Сладок кожурец“, во режија на Матео Барнар, Матијас Бриже, Жонатан Дире, Манон Марко и Кентен Пуираво, од Франција. Филмот го добива ова признание заради техничкото мајсторство и заради начинот на кој е раскажана оваа невообичаена приказна која претставува алегорија за минливоста на животот.

Во конкуренција на кусометражните играни филмови, насловена како „Глобална фикција“, во селекција на Сунчица Уневска, жири-комисијата донесе одлука на 11-тото издание на Астерфест да ги награди следниве филмови:
Жири-комисијата му доделува пофалница на филмот „Даб плеј“, во режија на Немања Лазиќ од Република Србија. Оваа одлука жирито ја образложува со специфичната филмска нарација и поигрувањето со жанровските стереотипи кои докажуваат дека младиот режисер вешто се служи со филмскиот јазик и успева во овој нискобуџетен филм да постигне максимален резултат со минимални средства.

Наградата „Ѓорѓи Абаџиев“ за најдобро сценарио му е доделена на филмот „Повеќе од два часа“ на режисерот Али Азгари од Иран. Односите во иранското општество, сублимирани во една ноќ на интимна драма на главните протагонисти на филмот, ја креираат специфичната филмска атмосфера.
Наградата „Ацо Алексов“ за најдобар автор ја добива режисерот Мет Киркби од Велика Британија за филмот „Телефонски повик“. Режисерската умешност се гледа во мајсторството само низ неколку кадри на експресивна актерска игра, да се раскаже возбудлива приказна за љубовта, животот и смртта.
Специјалната награда „Старозлатен проектор“ ја добива филмот „Пештерата“, во режија на Ахмед Гонеими, во египетско-македонска копродукција. Динамичната фотографија одлично соодветствува на динамичната актерска игра и на одличната режија, со што се креира хипер-реална атмосфера која буквално го вовлекува гледачот во приказната.
Наградата „Најдобар краток филм“ на 11-тото издание на Астерфест, му се доделува на филмот „Случајно“, во режија на Жора Крижовников од Руската Федерација. Брилјантната црна комедија инспирирана од Достоевски со исклучително режисерски водени актерски минијатури, всушност ја раскажува потресната приказна за крахот на моралните вредности во современото руско општество.

Во конкуренција на документарните филмови, насловена како „Ѕвездени документи“, селектирана од Гена Теодосиевска, жири-комисијата донесе одлука на 11-тото издание на Астерфест да ги награди следниве филмови:
Специјалната пофалница на жири-комисијата ја добива дебитантскиот филм на режисерот Перо Кованцалиев, со наслов „Вујче“. Умешноста на режисерот се состои во тоа својот автентичен јунак да го препознае како главен јунак на својата непретенциозната и духовита филмска приказна.
Наградата „Бронзена потковица“ му се доделува на филмот „Живеј војнику, живеј“, во режија на Кирстен Гајнет од Руската федерација. Вонсерискиот филмски деби на младата режисерка од Русија, во кој на визуелно супериорен начин ја раскажува трогателната приказна за Чернобилската катастрофа преку универзалната сторија за заборавените херои, ветува дека и во иднина од неа можеме да очекуваме солидни филмски остварувања.
Наградата „Сребрена потковица“ му се доделува на филмот „Нема ништо недоречено“, во режија на Ане-Марике Графманс од Холандија. Преку автентична режисерска постапка авторката успева да го избегне непотребниот сентиментализам и со автентичен филмски јазик да ја раскаже семејната приказна за достоинството на човечкиот живот во која се допираат  прашањата за животот и смртта, за очајот и надежта.

Наградата „Златна потковица“ на 11-тото издание на Астерфест му се доделува на филмот „Како сакате“ на режисерката Паула Онет од Романија. Со супериорен визуелен стил, Паула Онет, која истовремено е и режисер и сценарист и директор на фотографија и монтажер на филмот, преку интерпретација на фотографиите на надгробните споменици, реализира метафизичка и делумно иронична приказна во која се испреплетуваат вечните прашањата за човечкото постоење на овој свет, за животот после смртта, за вечната љубов...   

Специјалното жири составено од Дина Дума, Васко Маглешов и Александар Филев, одлучуваше за наградата за најдобар филм од Турција. Според нив, краткиот филм „Губење бои“ на Озан Гонен од Турција е вистинска анимирана бајадера од програмата "Мувиленд". Во него со еден минималистички манир е соопштена пораката за вроденото право за слобода. Филмот „Губење бои“ е чиста метафора на идејата за излез од стегите на секоја наметната идеологија.

Фестивалот завршува вечерва во 19,30 час. со проекција на наградените филмови.

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 243
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 695
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 916
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

« »