ЈЕРАРХИЈАТА НА ДУШЕВНИТЕ СИЛИ
Имаме тело, со кое го восприемаме светот што нè опкружува и кое го одржуваме во живот така што се храниме од овој свет, пиеме од него, го дишеме, му се насладуваме или го користиме на граблив начин. Кога го созерцуваме, ние, всушност, и го „јадеме“ со погледот…


Тој тесен пат нема крај — неговото својство е вечноста. Таму секој миг е нов почеток: сегашноста ја содржи иднината — Денот на Судот; сегашноста ја вклучува и минатото — создавањето на светот; зашто Христос е безвременски присутен насекаде, и во адот и на небото.
Египетскиот пустиножител, свети ава Исаија, за Исусовата молитва вели дека таа е огледало на умот и светилник на совеста. Некој ја споредил оваа молитва со тивок, непрестаен глас во куќата: секој крадец што ќе се прикраде до таква куќа, веднаш бега кога ќе чуе дека внатре има некој буден.
Закхеј разбра дека срцето кое Го прима Христа мора да се испразни од сè друго: дека мора да ги жртвува сите оние блага стекнати на незаконит начин – похотта на телото, похотта на очите и гордоста на животот (1 Јн. 2:16). Тој сфати дека оној кој е богат на земјата е сиромашен на небото, зашто да се биде материјално богат значи да се биде духовно сиромашен, според зборовите на свети Јован Златоуст.
Примерот на Света Марија Египетска може да ни помогне да ги надминеме тешките мигови на темнина. Таа четириесет и осум години живеела во задјорданската пустина. Кога ќе ја напаѓале искушенијата и кога спомените од нејзиниот поранешен грешен живот во Александрија ја мамеле да
Знакот на Крстот секогаш прави го со внимание, зашто и тоа е молитва без зборови. Во еден краток миг, без празни зборови, Крсното знамение јасно ја изразува твојата волја да имаш удел во Христовиот живот, да ја распнуваш својата плот и со слободна волја, без роптање,
Ако во себе не ги најдеме богатите плодови на љубовта, мирот, радоста, умереноста, смирението, простотата, исправноста, верата и трпението – целиот наш труд е залуден, вели свети Макариј Египетски. Трудот се принесува за жетва, но жетвата Му припаѓа на Господа.
Знаете ли кој бил тој човек?! Тоа бил оној разбојник што бил распнат повеќе од триесет години по овој настан, покрај Христос, на крстот, кому Господ му рекол:
Во твоето духовно бдеење ќе ти помогне постот – ниту над, ниту под мерката на твоите сили. За Божествените нешта не се размислува со прејаден стомак, велат подвижниците. Дури и наједноставните тајни на Света Троица остануваат сокриени за оној што е телесно наситен. Сам Христос ни даде пример
Големита дарови секогаш се придружени со големи искушенија — и пред нивното доаѓање, и по него. Така е, затоа што добриот Бог го знае нашиот болен нарцизам, тајната желба сè да присвојуваме за наша корист. Затоа, заедно со дарот и харизмата, Тој допушта и искушение.
Важно е, кога се молиш на претходно опишаниот начин, да не му дозволуваш слобода на сопственото тело. Молитва при која телото не страда, а срцето не плаче, е слична на неоформен плод; таквата молитва нема душа, велат духовните учители.
Некогаш читав во една книга од областа на психологијата дека нашите мисли не се наша вистинска „сопственост“. Она за што размислуваме е резултат на воспитување, околности, времето во кое живееме, земјата во која сме родени. Да сме се родиле во друго време и друго место,
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден, без разлика на тешкотиите што ќе се појават. Владиката Теофан им советува на почетниците да изберат еден краток молитвен стих од Псалтирот, како на пример: „Господи, побрзај да ми помогнеш“;
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од испуканата земја на твоето срце. Не чекај состојба на екстаза или душевен занес. „Тагувајте и плачете“ (Јак. 4:9). Присети се на својата смртност и викај кон Господа за милост.
Прокло му го опишал изгледот на човекот, како тој стоел блиску до него и му зборувал нешто на уво. Потоа, кога ја погледнал иконата на свети апостол Павле, која била на ѕидот, и рекол: - Еве, овој беше човекот кој беше кај тебе ноќеска! Самиот св. Ап. Павле се јавувал ноќно време на св. Јован Златоуст и му ги
Во врска со празникот на светите Архангели, да видиме како се однесуваат ангелите, како предстојат пред Бога и како се манифестираат пред луѓето. Ние, православните, ја ползуваме привилегијата преку богослужбените книги да ги познаваме житијата на светителите, како и догматската и духовната содржина на празниците; боголужбата во нашата Црква дејствително ги содржи во себе и небото и земјата.
Кога така ќе се разбере, молитвата е наука над науките и уметност над уметностите. Уметникот работи со глина, бои, зборови или музички тонови и според својата умешност му дава на материјалот форма, полнота и убавина. Но за оној што се моли, материјалот е самата жива човечка природа.
Молитвата и верата се како двете крилја со кои душата се издигнува кон небото. Со едно крило не може да се лета: молитва без вера станува бестелесен звук, а вера без молитва — мисла без здив. Ако почувствуваш дека верата ти слабее, исправено кажи: „Господи, умножи ми ја верата.“
Светот денес нè учи да бидеме дрски, безобразни, непослушни – а во суштина отсутни од сопствениот живот. Забораваме дека вистинскиот живот бара труд, тивка посветеност и култура на срцето. Лесно е да се напише, но тешко е да се живее. А сепак – не е невозможно.
























