логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Но, нешто се случи пред триесет години, и речиси престанав да ги читам тие дела, зашто открив еден цел континент со друга литература – св. Јован Лествичник, св. Исак Сирин, св. Јован Златоуст, св. Игнатиј Брјанчанинов, св. Теофан Затворник… Нивните дела се толку грандиозни, што откако ќе се запознаете со нив, не ви е лесно да се вратите на бестселери. Од време на 

tarkovski sacrificeАко зборуваме сериозно, во тој филм ми успеа целосно да го разоткријам моето разбирање на светот од страна на современиот човек. Но, од уметничка страна, „Носталгија“ ја ставам над „Жртвопринесување“, бидејќи тој не е изграден врз развој на некаква идеја или тема. Неговата единствена цел е поетскиот образец, додека „Жртвопринесување“

МPC-OA в недела на 30 април во манастирот во Слепче ќе го канонизира за нов светител Игуменот Кипријан Слепченски, кој пострадал маченички за православната вера. За овој Игумен македонската јавност дозна по истражувањата што ги направил Виктор Недески, теолог, асистент на Богословскиот факултет во Скопје и докторант на Универзитетот Аристотел во Солун. Свети Киријан маченички пострадал во XVIII век, во 1780 година кога на Велики четврток бил нападнат манастирот.


сонзорирано од Скопско Smooth
Фотографии: Елена Фиданска

 
Презентацијата на уметноста, особено на сликарството, е потешка од што изгледа ако на располагање го имаш само пишаниот збор.

Но и во тоа е умешноста. А бидејќи тимот на Reborn обожава предизвици, ќе се обидеме преку микс на зборови и фотографии да ти ги доближиме идеите, размислувањата и ставовите на две исклучително талентирани и млади колешки-сликарки, Ивана („#НеСум плавуша, фарбана сум”) и Ана („#НеСум drama queen”). Овие две уметници овој петок во Концепт 37 за првпат ќе имаат шанса да ја презентираат својата уметност надвор од своите атељеа.

Ивана Мојсовска е девојка која секогаш е во брзање, честопати го губи новчаникот (понекогаш и по пет пати на ден), се плаши од досада, сака нови предизвици, си ги обожава сестрите, знае да наслика и пет слики за дваесет минути ако и се погодат тие минути, а емоцијата е нејзиниот канализатор во уметноста.

Од друга страна пак Ана Апостоловска е девојката со сина коса и коси очи, која го обожава океанот и ужива во негово сликање. Често додека работи Ана заборава како е да се стои исправено, па слика во позиција на блага шпага. Заљубена е во аниме серии, слуша рандом бендови и им мјаука на мачињата во комшилук. После дипломирањето планот и е да се пресели покрај вода и да живее во хармонија со своите кактуси. А да обожава да ја буди Ивана секое сабајле.

 

Која е вашата приказна? Како се запознавте? Дали пред првата ваша самостојна изложба која ќе се случи овој петок во Концепт 37 имавте и некои други обиди за заеднички проект? Како изложбата го доби името „⅞“? Кажете ни нешто повеќе за неа.

Се запознавме за време на приемниот испит за факултет, а следниот ден веќе ги имавме исцртано ѕидовите во нашето атеље, кое инаку претходно беше спалната соба на Ивана. Со оглед на тоа дека по цели денови сме на факултет, поминуваме многу време заедно и делиме до некаде исти професионални искуства, многу лесно успеавме да го склопиме  концептот на оваа наша прва самостојна изложба т.е. прв заеднички проект.

Идејата за изложбата се роди сосема случајно и нејзиното планирање одеше како подмачкано, без никакви проблеми. Идејата на изложбата е првично да излеземе надвор од комфорт зоната, да ја смениме сцената и да се презентираме пред публиката. Ја нарековме „7/8“, бидејќи го бележи датумот кој на нас две ни е од огромно значење. На изложбата ќе бидат поставени екпресивни апстракции и портрети, слики на кои работиме цела година.

 

 

При крај сте со додипломските студии на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Дали имате некои планови за после студиите? Кажете ни нешто повеќе за минатогодишната групна изложба организирана во рамки на факултетот. Дали можеби и оваа година ќе има нешто слично?

Размислуваме да запишеме магистерски студии надвор од границите на Македонија, да го збогатиме нашето професионално портфолио, па ако успееме би сакале да живееме единствено од уметност.  

Секоја година во мај, Факултетот за ликовни уметности организира годишна изложба каде учевствуваат сите студенти со своите ремек-дела и танцуваат до сабајле. Тоа значи дека и оваа година повторно ќе се одржи ваква изложба, па имате отворена покана да нè посетите повторно оваа година.

 

 

Дали има некоја личност која може да ја наречете „ментор“, која ви помогна на почетоците или пак во изградбата на вашиот стил? Како тој/таа конкретно ви влијаеше?

Многу сме среќни што овие цели четири години ги поминавме со Проф. Благоја Маневски, кој несебично ги споделуваше и сè уште ги споделува неговите искуства како уметник со нас, на еден искрен и коректен начин. Денес, да бидеш искрен, реален, објективен човек кој отворено да разговара за проблемите и фрустрациите на денешницата е многу редок случај, а ние токму тоа го имавме со нашиот професор.

 
Кои ви се моментално омилените странски и домашни уметници?

Од странските, јасно и гласно изјавуваме дека ги обожаваме сите мангупи кои го основале апстрактниот експресионизам како правец, а од домашните би ги издвоиле Мартиновски, Касиопеја и Андов.

 

 

Од кога се занимавате со сликарство? Дали се сеќавате на моментот кога за прв пат пробавте и сфативте дека тоа е она со што сакате да го исполните животот и деновите?

Ивана: Од кога се занимавам со сликарство? Па од пред некое време, дури можам да кажам дека тој период е многу краток. Уште од мала обожавав да цртам, но никогаш не мислев дека еден ден ќе одговарам на прашања по повод мојата прва изложба.

Опседната со мода, моите цртежи можеа да се видат само во форма на некој фустан, сè до моментот кога пред едно 5 години влегов кај Милан Андов во атеље и си реков „чекај малку, застани, фрли ги иглите и фати четка во рака“. Токму тоа го направив. Прво па машко, кај Милан Андов во атеље. Можам слободно да кажам дека тој го направи пресвртот во мојот живот и пресреќна сум поради тоа.  

Ана: Јас ќе звучам малку клише-сто, но интересот за цртање кај мене се појави на поприлично рана возраст. Уште од основно школо знаев дека нема да бидам сјајна во решавање на математички проблеми, ама затоа цртав феноменални портретите од Хари Потер. Не постоеше дилема каде ќе се запишам во средно школо, а уште помалку каде ќе продолжам на факултет и многу ми е мило што целосно и се посветив на уметноста, затоа што ме донесе каде што сум денес – во подготовки на мојата прва изложба.

 

Освен пасијата кон сликарството, што друго го исполнува вашиот ден?

Слободното време го немаме во изобилие, но тогаш кога го имаме, гледаме да го искористиме за јадење на прејакиот компир во Менада и да испиеме по една, две, три, десет пијачки во Минус Еден. А за сето тоа добро да се свари и правилно испари од нашите оргазнизми, гледаме да пешачиме буквално секој ден на реалација Педагошка – Сули Ан.

 
Кога би можеле да изберете да поминете еден пролетен ден на пикник со 3 уметници, од било каде и од било кој момент од историјата, кого би избрале? Што би јаделе и за што би правеле муабет?

Ќе си седнеме со Warhol, Pollock и de Kooning во Central Park, NY, па 100% ќе ни се пријаде хот-дог. Откако ќе земеме по некој хот-дог, од таму ќе се отвори темата за „Дали сенфот е боја окер или листопадна жолта?”. Нормално на крај ќе останеме гладни.

 

 Извор:

http://preminportal.com.mk/administrator/index.php?option=com_content&view=article&layout=edit&id=18766

 

Не постои македонска математика, не постои македонска медицина, не постои македонска физика – сите тие нешта, како и странските јазици, можете да ги студирате секаде во светот, но македонистиката (книжевност, уметност, култура) – само во Македонија! Згаснаа дури и најважните лекторати по македонски јазик секаде во светот. Тоа е национална мизерија!

Алчноста за мене е болест, која го спречува човекот да ужива во моментите. Онаа неуморна потрага по нови дразби, нови ситуации и некои нови, неискусени доживувања, нè заслепува до тоа ниво што ги губиме скапоцените нешта што ги имаме, намалувајќи им ја вредноста. Впрочем, сите барем еднаш сме го чуле она дека животот се случува додека ги планираме нештата.


 
Зошто постојат такви монструми, некој на тој начин да повреди дете, како е можно дедо, роднина, сосед, родител да направи такво злосторство? Ова се прашањата кои одекнуваат в глава кога ќе прочитате или слушнете дека имало полов напад врз дете. А деновиве за жал црната хроника кај нас, но и во соседните земји беше преполна со такви вести. Сепак, на децата може да им помогнете за да не се случи најлошото, да ги подготвите, да ги научите, да знаат што е педофилија, како да ја препознаат и да стекнат доверба во Вас за да може сè да ви кажат. За оваа болна тема разговаравме со Ангела Маневска, координаторка на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 22 22, во Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

Факултети.мк : Кога, односно на која возраст родителите треба да почнат да ги предупредуваат децата за педофилијата?


- Со оглед на тоа дека секое дете на било која возраст може да биде потенцијална жртва на сексуална злоупотреба, превенцијата би требало да започне уште од најрана возраст. Во делот на предупредувања важно е да знаат кому можат да се обратат (блиски луѓе и релевантни институции), односно да ги поучиме дека можат да пријават во Полиција (192), Министерство за труд и социјална политика (15 505), воспитно образовни установи (педагог, психолог, наставник, воспитувач), СОС телефон за деца и млади (0800 1 22 22) при Првата детска амбасада во светот Меѓаши или Народниот правобранител (02 3129367). Особено е важно уште од мала возраст да ги учиме децата на нивните права, обврски и слободи. Децата имаат право на информации, вештини и стратегии со кои можат да стекнат контрола над своите животи со цел да станат и останат сигурни, слободни и силни.

Факултети.мк :Што конкретно треба да им се каже, кои зборови да се изберат за овој разговор, какво предупредување има најголем ефект?


- Соодветен пристап би било разговор со децата за нивните тела, за тоа што е сексуална злоупотреба и која возраст е соодветна за започнување на сексуални активности. Освен тоа, добро е децата да се научат да зборуваат отворено со родителите на сите теми, вклучително и секс. Родителите, како модел од кој децата учат, со грижата за своето тело можат да ги научат децата како да се грижат за нивните тела. Треба да ги научат дека возрасните не смеат да имаат сексуален чин со нив, и дека некои делови од нивното тело другите луѓе не смеат да ги допираат. Важно е да му се даде до знаење дека сторител на сексуална злоупотреба може да биде роднина, член на семејството, пријател или некое повозрасно дете. Ако на детето му е непријатно или избегнува да биде во близина на некое возрасно лице, важно е да низ разговор да се дојде до причината за таквото однесување. Исто така, во денешно време, многу е важно да се насочи детето кон претпазливо користење на интернетот, да знае дека не смее да го даде својот телефонски број, домашна или емаил адреса кога е „онлајн“. Предупредувањето има најголем ефект доколку доаѓа од личност која на детето му е позната и во која има доверба. Личност која знае дека ќе му верува и дека ќе го заштити. Личност која го штити неговиот најдобар интерес и го сака безусловно. Предупредувањето не треба целосно да се темели на заплашување, ниту пак на целосна беспомошност, туку на зајакнување на капацитетите на детето и создавање независност во мера во која детето ќе се чувствува сигурно во себе. Воедно, давање до знаење дека дури и да се случи такво нешто, детето не е виновно за тоа и заслужува нормален тек на животот како и сите останати деца.

Факултети.мк :Лесно е да се научи детето да не разговара со непознати, да бега од непознат, но што кога најстрашното може да се случи од некој близок, некој што го познаваат. Како да ги научиме децата да се заштитат или да ги заштитиме од вакви ситуации?


- Традиционалните стратегии на превенција од злоупотреба на децата поаѓаат од уверувањето дека предупредувањето на децата, дури и застрашувањето за тоа што смеат, а што не смеат да направат, како и судското гонење на извршителот, се ефикасна заштита. Иако потребни, тие сепак не претставуваат вистинска превенција бидејќи не ги прават децата ниту посигурни ниту пак помалку ранливи. На пр. не ги штитат од злоставувачите кои им се познати.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши поаѓа од превентивните стратегии кои произлегуваат од детските способности, а не од ограничувањето на детските активности и очекувањата дека родителите можат во секој момент да бидат покрај своите деца и да ги надгледуваат. Превенцијата поаѓа од ставот дека децата треба да се поучат што можат сами да сторат ако се најдат во опасна ситуација и со кого за тоа можат да разговараат. Она што можат да го сторат е да побараат помош од возрасни лица во кои имаат доверба, како и секогаш да бидат на сигурна оддалеченост кога разговараат со непознати лица. Доколку позната возрасна личност ги плаши и збунува со своите барања, особено ако бара тоа да остане "наша мала тајна", за тоа никако не смеат да молчат, туку мораат да им кажат на возрасни на кои им веруваат и да им зборуваат за тоа се додека тие тоа не почнат да го сфаќаат сериозно.Кога децата се жртви на полов напад од страна на близок, траумата е уште поголема и дополнително се збунети, па затоа е потребно да се поучуваат каде можат да се обратат во тие ситуации. (Полиција, СОС телефон за деца и млади, Министерство за труд и социјална политика, воспитно образовни установи). Тие често пати се плашат да говоорат бидејќи сметаат дека може да се одрази на добросостојбата на семејството и во тие ситуации децата треба да се доверат во некој кој име е близок и во кого имаат доверба (наставници, соседи, роднини). Тие треба да го пријават несоодветното однесување до надлежните институции, бидејќи секое премолчување претставува соучество во сексуалната злоупотреба на детето.

Факултети мк: Се случува најстрашното, детето се соочува со педофил, како да го научиме самото да проба да се спаси од него?


- Јасно и гласно да му кажат „не“ на оној/онаа кој/а се обидува да ги загрози и да се обидат на побегнат на најблиско сигурно место. Доколку непознато лице ги фати, да се обидат да го збунат со удирање во осетливи делови на телото (препони, потколеница, горниот дел од стопалата) да му ја тргнат раката од уста со силно повлекување за малиот прст во спротивен правец, како и силно да викаат со цел некој да ги слушне и да им помогне.

Факултети.мк : Како да ги препознаеме децата жртви на сексуална злоупотреба?


- Децата жртви се многу чувствителни во однос на тоа како возрасните го изразуваат шокот, сомневањето, гадењето од слушнатото. Можат да станат агресивни, да изразуваат срам или повеќе да не сакаат да зборуваат за тоа.
Тие можат да опишат изразити телесни или сексуални детали, кои што поголемиот дел деца не можат да ги опишат. Тоа го поттикнува кај нас мислењето дека станува збор за фантазија, но децата, особено помалите, немаат искуство, ниту речник за да измислат таква приказна. Преплашени се. Можеби очекуваат дека заради исповедта да им се случи нешто страшно, но немаат претстава за вистинските последици, вклучувајќи ги продолжените судски постапки. Можат да се најдат под притисок, да негираат сѐ или да не ја прифатат соработката ако:
· станат свесни дека сторителот (кому предходно му верувале) би можел да оди во затвор;
· дека постои можност семејството да се распадне.

Факултети.мк: Многу е важно ако се случил полов напад на дете, истото да им прозбори на родителите за тој болен настан. Како се стекнува таква доверба?


- Довербата во родителот/родителите се стекнува низ текот на целиот живот, односно од самото раѓање на детето. Одговорниот родител воспоставува здрава врска со своето дете, со што му дава доволно простор за доверба и чувство дека детето ќе биде заштитено, прифатено и безусловно сакано во било која ситуација. Но, и обратно – родителите мораат да им пристапат на децата со доверба кон кажанато, бидејќи детето жртва речиси никогаш не лаже дека е сексуално злоупотребено.

Факултети.мк: Како да му помогнеме на дете кое било жртва на педофил?

- Еден аспект кој честопати знае да се заборави во случај на сексуална злоупотреба е соочувањето со сопствените емоции како родител или близок на детето. Поаѓајќи од ставот дека целото внимание треба да се сврти сега кон детето, често се заборава дека токму неразрешените чувства околу самата злоупотреба врз детето можат да биде дополнителен проблем во целиот процес. Се разбира, во таа ситуација детето е најмногу загрозено и истрауматизирано, но со цел да му се помогне на детето на најдобар можен начин потребно е прво родителот или блискиот да се соочи со своите чувства и реакции. Доколку се случи сексуален напад врз детето, родителот треба да му покаже на детето дека и покрај овој настан ќе го сака, ќе го почитува и ќе го заштити. Особено важно е детето во ниту еден момент да не биде обвинувано за злоупотребата. Можно е детето да се чувствува исплашено и збунето во однос на сексуалниот насилник, особено ако тој/таа претходно бил близок/блиска. Затоа, во тие почетни моменти, од огромна важност е родителот или блиското лице на детето да му покаже безусловна љубов, почит и заштита и да му даде до знаење на детето дека постојано ќе биде со него.

 

Извор: http://www.fakulteti.mk/news/16-08-02/intervju_so_angela_manevska_decata_mora_da_se_uchat_da_prepoznaat_seksualna_zloupotreba.aspx

- Овојпат во кафе-книжарницата „Децата од нашата улица“, на акцијата што ќе се случи на 5.05.2016 г., секој ќе може да достави книга, но и да си земе книга, што значи на слоганот Биди човек-подари книга го додаваме и Книга од вас-за вас.

Треба да го правиме Полисот. Тоа е дефинитивно нешто околу кое многу луѓе се согласни, барем во оние кругови во коишто се движам. Луѓето од различни провиниенции се согласни дека треба да се гради Полисот. Таму има полемика, таму има продуктивен дисензус. Таму може да се формира пат кон некаква си апроксимација до идеалната Политеја.

Но, кај нас има огромна количина на нешто што и не е поезија, а сепак е одамна ставено во некакви програми, и тоа кај луѓето созадава одбивност кон читањето на таков вид литература што претенциозно се нарекува „поезија". Знам голем број здрави луѓе кои велат дека не разбираат поезија, не ја читаат, и им се чини дека тоа е нешто глупаво или неразбирливо.

Христовото учење не подразбира буквално влечење големи дрвени крстови како Неговиот, туку подразбира мирно прифаќање на искушенијата, вели отецот и додава дека секој човек со чисто срце и искрена вера неговите зборови ќе ги сфати како повик на разумност и толеранција. Презаситени сме веќе од патриотски и националистички прикаски и крв, вели владиката. И навистина сме презаситени.


Човекот кој го напушти Google и се врати во Македонија


Со Игор Трајковски, освен за Time.mk и секако работното искуството во Google, разговаравме и за можностите за развивање на нови бизниси користејќи ги широките можности кои ги нуди Интернетот, како и за актуелните најави за реформите во високото образование, поради фактот што и самиот тој, како професор, но и студент кој ги запознал одблиску образовните системи и на Германија и Словенија, дава свои размислувања и идеи за тоа што значи добро и квалитетно високо образование.

Денешниот гостин во рубриката „На ручек со…“ можеби лично не го познавате, но сигурно редовно се „закачувате“ на неговиот сајт- Time.mk кога сакате да ги дознаете најновите информации од земјата, па и од светот, а притоа да останете на едно место.

Самиот факт дека Time.mk е најпосетуваниот агрегатор на вести во земјава го наметнува заклучокот дека за секој активен корисник на Интернет, порталот Time.mk е првиот сајт кој на дневна основа го пребарува, кога сака да ги има сите вести на едно место.
Професор Д-р Игор Трајковски, или „мастермајндот“ на овој собирач на вести на едно место, не само што е пионер во воведувањето на ваков агрегатор во Македонија, туку е и еден од првите Македонци кои работеле во најпосакуваната фирма во светот Google, коај угледниот магазин „Форбс“ неколку години по ред ја прогласува за најпосакуван работодавач. Трјковски бил на два пати дел од Google-еднаш во Америка, вториот пат во Швајцарија.


Igor Trajkovski

    Направија еден куп згради за разно разни цели, може една да се направи за старт-ап бизниси. За фирми со по двајца вработени. Треба да им дадат само струја, вода, телефон и интернет, и да се остават децата да работат“

Секако, на таквиот успех веројатно „љубоморат“ многу негови колеги од ИТ секторот, кои сигурно сонуваат за работа во оваа компанија, но за скромниот професор Трајковски искуството во Google е само попатна станица, која му ги проширува хоризонтите во она што тој сака да го изучува и го прави љубопитен- вештачката интелигенција и паметните алгоритми.

Во денешната рубрика, со Трајковски, освен за Time.mk и секако искуството во Google, разговаравме и за можностите за развивање на нови бизниси користејќи ги широките можности кои ги нуди интернетот, како и за актуелните најави за реформите во високото образование, поради фактот што и самиот тој, како професор, но и студент кој ги запознал одблиску образовните системи и на Германија и Словенија, дава свои размислувања и идеи за тоа што значи добро и квалитетно високо образование.


Од Google сами ме контактираа!

Игор Трајковски е роден во Скопје, во Долно Лисиче. Отсекогаш негувал љубов кон математиката и кон информатиката. Уште од основно училиште редовен е на сите натпревари, прво по математика, а потоа и во информатика. При запишување на студии, имал повеќе дилеми, на кој факултет да студира- ПМФ или Електро- факултет. Барајќи начин да ја реши дилемата, кратко време поминува во Русија, но се враќа назад и дипломира на ПМФ во Скопје. По дипломирањето продолжува на мастер студии во Германија, а докторира во Словенија. Меѓу мастер студиите и докторските студии, прави пауза од една година, барајќи тема на која сака да ја пишува својата докторска дисертација, па додека истражувал за докторската тема, се отвора можноста за вработување во Т-Мобиле во Македонија. Набрзо, сфаќа дека тешко е да се работи и да се прави докторат, па заминува во Словенија, каде целосно се посветува на студиите.


Igor T

    Треба да се напушти малку популистичката политика. Никаде во свет нема 96% од средношколците да студираат“

Можноста за работа во Google доаѓа уште додека е во Љубљана. Бил лично контактиран од хед- хантерите на оваа мултинационална компанија, чија пракса е да ги интервјуираат студентите кои покажале добри резултатите на меѓународните натпревари по информатика. Откако ги поминал сите интервјуа, се сели во Калифорнија, и добива канцеларија на само неколку метри од канцеларијата на тогашниот извршен директор на Google- Ерик Шмит.

„Искуството да се работи во таква компанија е непроценливо. Канцеларијата во која работев беше на пет метри од канцеларијата на Ерик Шмит, поранешниот ЦЕО на Google. Таму владееше доста отворена и релаксирана атмосфера. Имавме пристап до целата документација за тоа како работи веб- сајтот. Дополнително, компанијата нуди идеални услови на работа, канцеларии во кои вработените имаат се што им треба само за да не си отидат дома. Нуди три оброци зготвени од професионални кувари кои се најмени од најдобрите хотели во Америка. Последниот оброк е во 17 часот, а непишано работно време беше 16-17 часот. Тоа беше мотивација да останеш повеќе на работа и да поработиш уште два три часа повеќе“, низ смеа раскажува Трајковски.
Во Google во Америка работел шест месеци. Една година подоцна добива шанса да ја искуси и атмосферата во европската канцеларија на Google во Швајцарија. Вели дека работната атмосфера и инфраструктура е иста. Разликата е во проектите во кои се работат. Во Америка работел во тимот за персонализација на реклами, додека во Швајцарија на автоматско тестирање на софтверски решенија за потребите на Google.
Со оглед на фактот дека се повеќе млади студенти заминуваат во странство, логично се наметна и прашањето, зошто при таква блескава кариера, референци кои можат да му отворат врати во било која светска компанија што ќе ја посака, Трајковски решил да се врати во Македонија.
„Тоа беше лична одлука. Не се заснова на некои пресметки, услови за работа. Секако Америка како држава и како услови кои ги нуди за работи е најдоброто место, особено за мојот сектор. Но, тоа беше лична, психолошка одлука, некое чувство на не припаѓање таму. Јас социјално не се снајдов таму“, вели Трајковски и додава дека и седум години подоцна не жали за така донесената одлука.


Од фирмите зависи колку ќе го користат Интернет пазарот

Идејата за Time.mk се јавува додека бил во странство. „Ми фалеше сајт на кој на едно место можам да ги видам сите информации кои ме интересираат“. Имајќи подобар увид во начинот на работа на Google News, кога се враќа во Македонија, сам ја прави палтформата. Од 100 посети на ден, за кратко доаѓа од 1500 посети на ден, а денес веќе е најпосетуваниот агрегатор во земјата.
Идеја за овој агрегатор воопшто не била замисла која треба да прерасне во бизнис кој ќе го развива, но поради успехот кој до доживува, потребата од тоа сама се наметнува. Трајковски фирмата ја регистрирал дури во 2010 година, две и пол години од првото лансирање на порталот.
Вели, токму така и треба да се бараат идеите за развивање на бизнис. „ Мојот став во однос на претприемништво и смислување на нови работи го сведувам на две работи- да се види што има во странство, што може да ви фати око и може да биде интересно и кај нас, и да се проба да се направи тука, нема ништо лошо во тоа. И втор начин, самиот ти како човек, да видиш што ти треба во секојдневниот живот. Што е она што ве тера да речете- „е да го имаше ова во Македонија, ќе беше супер“. Најдобрите фирми што се направени во свет, се од луѓе кои направиле продукти на кои се и први корисници. Најуспешните се тие каде самиот сопственик е првиот корисник. Оти тој најдобро знае што е она го треба да го даде со продуктот. Од таму треба да доаѓа инспирацијата“, објаснува тој.
Според него, допрва почнува приказната со интернет бизнисите. Но, тука спрегата за развој веќе не ја гледа кај граѓаните, туку кај фирмите и нивната креативноста да понудат платформи кои ќе одговорат на барањата на клиентите, уште повеќе да ги предвидуваат нивните барања.
„До пред појавата на сајтовите за групно купување, некако владееше клима дека граѓаните во Македонија не сакаат да ги употребуваат картичките за интернет купување. Но, тој мраз го скрши Grouper.mk и треба да го земат целиот кредит за тоа, оти тие се оние што го разработија овој бизнис. Со тоа се покажа дека луѓето, ако им дадеш нешто интересно или паметно немаат проблем да остават картичка и да купуваат он- лајн. Затоа сега одговорноста е кај фирмите- колку тие се спремни да направат сајт кој ќе понуди целосно имплементирано решение- од почеток на услугата- па се до крај. Затоа мислам дека сега се најмногу зависи од фирмите и нивната креативност да го користат овој пазар, а не толку од граѓаните, оти тие веќе го надминаа тој баук дека на интернет се краде и дека не треба да се купува он- лајн“, вели тој.
Притоа додава дека воопшто не треба да се смета за срамно, доколку некој претприемач во земјава искористи идеја која веќе е разработена во странство. „Не се срамам, ниту се плашам, ниту пак ми е под чест, да ископирам некоја добра идеја од надовор што функционира и работи, а што ја нема тука, и да се проба. Оти и копирањето не е лесно“, вели тој.
Нема логика 96% од средношколците да се запишат на студии

За оние што редовно го следат Трајковски на социјалните мрежи, добро е познат фактот дека тој е активист, кој редовно ги споделува своите ставови и мислења за општествените процеси во земјава. Особено беше цитиран со неговите ставови околу последните законски измени за високото образование.

  Trajkovski

Не треба сурово да се гледа на сите ставови на социјалните мрежи и да се носат престроги заклучоци. Мојот заклучок е дека таму се кажуваат многу работи, но во реалноста луѓето се плашат да го спроведат тоа во пракса“

Се согласува дека критериумите во македонското образование се значајно намалени, но смета дека воведувањето на државен испит не е решението за подобро и поквалитетно образование, а уште помалку решение е државата целосно под контрола да го земе образованиот процес во свои раце. „Зошто да не можам да студирам на било кој универзитет во земјава и сам да одлучам дали ќе продолжам во приватен сектор или во странство. Вака државата директно ми го скратува правото на студирање“, вели тој. Според него ,потреба е подлабока реформа во образованието, која подразбира справување со неколку аномалии. А вината за раѓањето на неквалитетните кадри, вели тој, треба да си ја бара државата кај себе, оти таа е институцијата која им дала акредитација на самите универзитети.
„Еден од првите промени што мора да се направат е да се регулираат платите на професорите. Од мое лично искуство можам да потврдам дека луѓето што се професори на факултет, навистина сакаат да бидат професори. Нешто што најмногу сакаат да го прават е да предаваат на факултет. Но, платите се прениски. Конкретно, мојата плата е 31 илјада денари, 23 илјади од државата, а 8 илјади од сопствени средства на факултетот, а има и такви професори кои земаат само 23 илјади денари плата.
Додека во исто време “од ракав” се создаваат позиции во администрација со почетна плата од 35 илјади денари, професорите работат за 23 илјади. Мислам дека државата за да добие поквалитетни професори, мора да им се покачат платите. Не може шофер во УЈП да зема 29 илјади плата, а професор 23 илјади“, вели тој.
Освен платите, според Трајковски, многу важно е да се вложува и во што е можно повеќе научни проекти. Трето, да се воведат приемни испити. „ Последните конкурси за запишување на факултетите откриваат идеја дека политиката на државата е да ги преземе сите средношколци. Затоа нема и приемни. Се полнат квотите на факултетите. Се нема мерка, само се гледа што поголем број студенти да се запишат оти факултетите добиваат пари, поради партиципацијата од 200/400 евра, па затоа постои тепачка за студенти, било какви. На државата, пак, уписот на факултет и големите квоти и годат за да се контолира и вештачки намали процентот на невработеност.Треба да се напушти малку популистичката политика. Никаде во свет нема 96% од средношколците да студираат. Тоа не е логично “, вели Трајковски.
Според него, место мешање на државата во автономијата на универзитетите, тој предлага државата да им помогне на младите способни кадри, на тој начин што ќе ги охрабри и поддржи во реализирање на нивните бизнис идеи.
„Државата може да се вклучи на тој начин што ќе го поттикнува претприемништвото меѓу студентите. Да ги поддржи најдобрите студенти да стартуваат некоја идеја. Направија еден куп згради за разно разни цели, може една да се направи за старт-ап бизниси. За фирми со по двајца вработени. Треба да им дадат само струја, вода, телефон и интернет и да се остават децата да работат, да ги развиваат своите идеи“, вели тој.
За крај, ни откри дека освен што работи на унапредување на Time.mk и е редовен професор на ФИНКИ- Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, во моментот работи на четири локални проекти, кои наскоро ќе бидат промовирани во јавноста. А ние со нетрпение чекаме да ги погледнеме!


IMG_4925


Откровение ми стана органското производство на храна

Освен професорската улога и љубовта кон информатиката и вештачката интелегенција, Трајковски вели дека во последните две години слободното време најмногу го користи за создавање фолии преку кои органски произведува храна. „Тоа ми е откровение. Веќе сум член на неколку групи поврзани со органско производство на храна, каде разменуваме најразлични искуства од одгледување на посебни семиња, па се до начинот на изработка на фолиите“, вели тој.

Извор: Капитал

solunac

Образованието не подлежи на импровизации и концептуални збрки. Супстанцијално образованието не треба да биде реперкусија на политичкиот систем, а уште помалку, чекор во некаква  политичка програма на која било политичка партија, оти на тој начин тоа е само еден запчаник на механизмот на власта, и има комплетно пресвртена онтологија,  не произведува индивидуалитети, што е негова основна цел, ами, дури и напротив, ги укинува...

ИНТЕРВЈУ ДУКЕ БОЈАЏИЕВ: Од коренот не се бега!

Уметноста станува совршена само кога е искрен израз на емотивната состојба на креаторот во моментот на создавање. Кога тој станува медиум низ кој животното искуство и емоциите се преточуваат во форма која може да ја сподели со светот. А доказ за совршена уметност е кога таа  станува бесмртна. Ако една песна, филм, слика или било која форма на уметност преживеала децении,...

„Практикувањето култура од страна на полуобразованите моќници е еднакво погубно како кога рудар би практикувал акушерство“, вели филмскиот критичар, радиоводител и писател Влатко Галевски



Промоцијата на Вашата нова книга „Исповедни финеси“ собра убава публика и некако целиот настан беше мошне инспиративен и интересен, навраќајќи не' на вистинските вредности, на траењето, на суштината. Дали тоа беше и Вашата идеја во создавањето на овие толку искрени исповедни финеси?

Не милувам да ја толкувам искреноста како карактерна особина, туку како состојба, барем кога се врзува со творењето, со пишувањето. И не само во рамки на толкувањата на реалноста, туку и како зборовна фикција. Оттука, идејата да се пишува со елементарна искреност е повеќе одлика на моите ставови кон луѓето и настаните кои се спомнуваат во книгата. Веројатно, во тоа лежи причината што на промоцијата дојдоа драги луѓе, добронамерници, пријатели, не само мои, туку и меѓу себе. Мојата идеја водилка во „Исповедните финеси“ беше нурнување во сопствените сеќавања, а промоцијата чинам дека ги поттикна присутните во истата насока.

Да, токму така, читањето на Вашите сеќавања некако го тера човек да се наврати и на своите. Интересно е чувството, неповторливо, па дури честопати и непредвидливо. Но, во секој случај прекрасно. Не заради настаните кои честопати и не се такви, туку поради задржувањето на мигот и откривајќи една поинаква перспектива. Што откривте Вие пребарувајќи по сопствените сеќавања?

Се радувам што во Вашето прашање е потврдена не само мојата, туку и универзалната човекова потреба да се навраќа на сеќавањата, зашто тие се единственото нешто што го дефинира нашиот живот, вредностите, сакањата, не ретко и непријатните искуства, но во тоа се крие животното азно, тоа ни ја дава новата мотивација за наредниот ден по кој ќе бидеме побогати за уште едно сеќавање. Да, точно е, сеќавањата се миговни реминисценции од кои се плетат мали, но значајни приказни, а кои го оправдуваат нашето досегашно, но и понатамошно постоење.

Пребарувањето по сопствените сеќавања и откривањето на суштинските вредности во нив не ретко знае да биде и не толку розово, напротив, често дури и болно и вознемирувачко. Како постојано да водиме борба на радоста на животот со стравот од таа радост. Можеби исчезнатите сеќавања е добро што ги нема, па сепак постојано сме во потрага по нив. Менталната авантура е, сепак, посилна од физичкиот напор за нејзино одбегнување.

Издавачот „Или-или“, односно Игор Ангелков, рече дека сте дел од онаа урбана слика на градот и дека упорно се борите против шундот и кичот. Мора да кажам дека се согласувам со тоа и дека сум одушевена колку ненаметливо, со она што го работите, успевате да се наметнете. Како самиот лично наоѓате начин да се изборите со она што не Ви се допаѓа и да истраете на своето, без оглед дали некој тоа денеска го забележува или не?

Борбата со невкусот никогаш не била силната страна на институциите. Напротив, тие на свој начин се негови промотори, поддржувачи и апологети. Тоа е така зашто колективизмот практикуван во политиката го пренесуваат и во сферата на културата и уметноста. Затоа верувам само во индивидуални реакции, субверзии, критики и противења во однос на колективниот кич. Невкусот е подеднакво опасен колку и полициското насилство, на пример. Бидејќи се генерирани од истите центри на моќ, од истите канцеларии на неукоста и провинцијалноста. Практикувањето култура од страна на полуобразованите моќници е еднакво погубно како кога рудар би практицирал акушерство! А тоа колку мојот личен ангажман некој го препознава или не, скоро да не ме интересира. Јас водам лична војна против секаков вид сервилност, полтронство и, пред се', против културниот непотизам. Моето згрозување од овие категории никој не може да ми го забрани! Дури и кога тоа јавно го искажувам или пишувам!

Работите на фестивалите „Синедејс“ и „Астерфест“, каде што се обидувате да вклучите што повеќе млади и што повеќе македонски имиња како во жиријата, така и низ критичките осврти, со кои ги поттикнувате младите кон овој жанр. Две децении на радио ја водите и емисијата „Слушајте филм“, а овде би ги споменала и дебатните филмски вечери што ги организирате секоја среда, прво во „Менада“, а сега во МКЦ и на кои имате повеќе публика од некои филмови во кино... Од каде толкава упорност и ентузијазам?

Мене ме интересира активниот однос кон филмот, многу повеќе отколку обичниот конзумеризам. Токму домашните филмски фестивали ги земам како добра почва за таквата активна релација помеѓу младите и филмот. Постојано и без исклучок, секаде каде што има можност повикувам талентирани и умни девојки и момчиња кои се кадри да навлезат во суштинските вредности на филмската уметност и кои патем ќе се едуцираат преку процесот на селективност. Во таа насока функционира и емисијата „Слушајте филм“ на „Метрополис радио“. Емитувани се преку 2.000 часови филмска музика и за мене, и по нејзиното 20-годишно опстојување во етерот, емисијата се' уште е радост и предизвик. Се' уште учам и откривам нови димензии на оваа благородна уметност. Крајно пребирливо, се разбира. А со оглед дека кај нас речиси не постои филмска критика, дебатниот филмски клуб „Лале“ во МКЦ е место каде барем вербално се „критикува“ и тоа е еден од начините за комуникација помеѓу филмофилите во градов. Е, тоа го „одработувам“ од чист ентузијазам. Доказ, дека на секоја возраст е можна љубов...

Имате напишано голем број филмски критики, а и сега подготвувате нова книга рецензии фокусирана на македонскиот филм. Можеме ли генерално да проговориме за состојбата со македонската кинематографија, земајќи го предвид нејзиниот развој низ годините?

Прилично болна тема. За жал, повеќето македонски режисери не сфатиле дека нивно животно промашување е што се посветиле на филмот без поддршка на талентот. Сепак, од она што досега е снимено, 20 отсто е многу лошо, 75 отсто е просечно, а 5 отсто добро. Процентите отприлика одговараат на бројот на снимени филмови во Македонија. За среќа, пак, кај неколкумина млади режисери веќе препознавам значаен потенцијал.

А што се однесува до подготовките за нова книга, некако предолго ја пакувам. Замислена е да биде пресек на македонскиот игран филм прикажан преку куси рецензии. Еден вид филмски водич во целокупната домашна играна продукција. Можеби одолговлекувам затоа што не сум задоволен од количината на субверзивност и критичност кон повеќето македонски филмови.

Утрински весник- Сунчица Уневска

За време на своето дваесетгодишно искуство, Конеска има насликано околу 700 икони и 300 фрески. Повеќето од иконите се во приватна сопственост во нашата земја, но и во странство

Повеќе артикли...


Видео содржини

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Верата на нашите татковци - Евхаристија

Авг 04, 2018
Верата на нашите татковци Тема: Евхаристија - Света Причест 11.03.2018

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Август 27, 2018

Секуларизмот и религиозното образование во Европа

Секуларизмот во груба смисла на зборот се сфаќа или дефинира како одвоеност на Црквата од државата, а сето тоа со цел да се избегнат негативностите поврзани со теократското државно уредување, во смисла на скратена слобода на изразување и ограничена слобода на…
Август 12, 2018
klaudija

Македонскиот е најстар кодиран јазик со најстара азбука, а словенското име е накалемено подоцна

Клаудија Лутовска Да се повика на историска одговорност кон сите домашни и светски фалсификатори е должност на сите кои живееме во ова време, во кое, сите тие влијанија се свирепи удари врз Македонскиот народ, неговото постоење, постоење на Македонскиот…

ПРАВОСЛАВИЕТО ВО РУСИЈА: Русите биле покрстени со книги кои им ги испратил Цар Самуил

katedrala_moskva
Притоа, имајќи предвид и некои историски околности, како и улогата на Самуиловата држава…

Што ќе ми е да го знам македонскиот јазик кога нема да живеам тука, рече средношколец и доби аплауз од цел клас

Авг 01, 2018 Друго од култура 365
Во 20 години колку што предавам, се менуваа програми и учебници, а не беше организирана…

Или кирилица или казна милион динари

Авг 01, 2018 Литература 283
kirilica
Подготвил: Тамара Гроздановски Новиот закон предвидува кирилиско писмо да има апсолутна…

Беседи

ереј Игор Острески: Беседа во дваесет и првата недела по Педесетница

ереј Игор Острески: Беседа во дваесет и првата недела по Педесетница

 Зрното на верата посеано во човечките души, раѓа живот. Оној кој искрено верува, го љуби својот небесен Отец и се потчинува на Неговата воља.  А Неговата воља е совршеноста на...

БEСEДА  за пoкајаниeтo на царoт

БEСEДА за пoкајаниeтo на царoт

Пoкајаниeтo нe e самo за eдeн час или за eдeн дeн. Тoа трeба да бидe нашe внатрeшнo занимањe дo крајoт на живoтoт. Сeкoја нoќ гo навлажнувам лeглoтo мoe, гoвoри Давид....

Митрополит г. Наум: Суштинско недоразбирање

Митрополит г. Наум: Суштинско недоразбирање

Пројавите на неврозата ги објаснивме: губење контрола над мислите и чувствата, губење контрола над зборовите, и најтешкиот вид невроза – губење контрола и над своите дела. Не можат меѓу себе...

БEСEДА за Бoга Свeтиoт Дух кoј излeгува oд Oтeцoт

БEСEДА за Бoга Свeтиoт Дух кoј излeгува oд Oтeцoт

За Свeтиoт Дух ни e oткриeнo дeка Oн излeгува oд Oтeцoт и сo Синoт сe испраќа. Никoј да нe бара пoвeќe за да нe паднe вo заблуда. Штoм излeгува oд...

БEСEДА за Христoвата тага

БEСEДА за Христoвата тага

Глeдатe ли кoлку e важна смртта Христoва? Ниe сo нeа смe искупeни, сo нeа смe спасeни. Никoј да нe застанува eдинствeнo на Христoвата наука, туку нeка сe прeнeсe и на...

Воздвижение на Чесниот Крст

Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

БEСEДА за тoа какo грeшницитe гo примаат лoшиoт а нe дoбриoт

БEСEДА за тoа какo грeшницитe гo примаат лoшиoт а нe дoбриoт

Кoј e тoј другиoт кoј ќe дoјдe вo свoe имe и кoгo грeшнитe луѓe пoлeснo ќe гo примат oткoлку Христа Гoспoда? Тoа e oнoј кoј нe нoси крст и нe...

   Митрополит Антониј Сурожски - Рождество на Пресвета Богородица

Митрополит Антониј Сурожски - Рождество на Пресвета Богородица

Секој празник на Mајката Божја е чиста радост; тоа е радост не само заради љубовта Божја кон нас, туку и радост заради тоа што земјата – нашата едноставна, родна, обична...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

« »

Најново од култура

Православен календар

22/10/2018 - понеделник

+Светиот апостол Јаков; Преподобен Андроник и неговата сопруга Анастасија; Светите праведни Авраам и Лот; Свети Димитриј, патријарх Александриски; Свети Стефан, деспот српски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Тропар

Тропар на светиот Христов апостол Јаков Алфеев 9 октомври / 22 октомври 2018

Тропар на светиот Христов апостол Јаков Алфеев 9 октомври / 22 октомври 2018

Славата Божја која небесата ја вознесуваат, ја возвестуваше ти о апостоле и мачениче Христов Јакове,проповедувајќи ја науката за бесмртноста и...

Тропар на светата Христова подвижничка Пелагија преподобна 8 октомври / 21 октомври

Тропар на светата Христова подвижничка Пелагија преподобна 8 октомври / 21 октомври

Од темнина изведи ја душата моја –повикуваше о, ти славна мајко Пелагиокон Небесниот Женик твој Христос,Он те поведе во познание,

Тропар на светите Христови маченици Сергеј и Вах 7 октомври / 20 октомври 2018

Тропар на светите Христови маченици Сергеј и Вах 7 октомври / 20 октомври 2018

Величание на Христовите страдалници, и очи на Црквата Христова, Сергее многустрадалени Вакхе преславен, просветете ги очите на нашите души.

Добредојде Православие.мк

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Последни коментари

За Божествената правда

Кога некој би ми рекол: ’Отец, морате да ја напуштите својата ќелија зашто таа ми припаѓа мене. Слезете и одете под чемпресот во градината’, ако поседувам Божествена правда, јас тоа со радост ќе го прифатам. Ако постапам според човечката правда, би ја одбил неговата понуда и би почнал да се расправам со него, а може да завршиме и на суд Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа..Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Протоереј Андреј Ткачев: Примете, јадете

 

Во Рајот Господ им рекол на луѓето да не јадат од дрвото на познанието. А злиот лукавец велел – јадете. Христос вели „јадете“, „пијте од Неа сите“, а злиот говори: „не јадете“, „недостојни сте“, „потребно е долго и тешко да се подготвувате“. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Икона на Пресвета Богородица „Нажалена за бебињата убиени во утроба“

 

Божјата Мајка е добра застапничка во сé, особено голема е Нејзината помош за жените и децата. Во христијанството постојат голем број на икони на Богородица и тие толку се разликуваат една од друга што тешко е да се претстави дека на нив е изобразена едната и иста Божја Мајка.  Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная