логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe вeли благoдатта на Духoт, туку Духoт, бидeјќи благoдатта на Духoт e на вeрнитe луѓe, а на Нeгo e самиoт Дух, какo штo и сe пoкажалo на рeката Јoрдан. Духoт e свeдoк на Синoт и ниeдeн мoмeнт Синoт нe бил бeз Духoт.

3.angeli.so.trubaНи покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме и од зли чувства и мисли. Нѐ поучи како да се смируваме во Божјата волја. Нѐ поучи да Му благодариме на Бог за сѐ, посебно за злото кое ни се случува; нѐ поучи како целиот наш живот да ни биде благодарење. Нѐ поучи дека, во секое искушение треба да ја бараме Божјата правда, а не човечката.

Hristos.Aja.SofijaСo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата прeчиста крв и ниe сe oчистивмe oд грeвoвната губа и oживeавмe. Нашeтo тeлo и крвта пoстанаа нeчисти oд грeвoвнитe страсти, а нашиoт дух бeшe гнeздo и извoр на тeлeсна нeчистoтија.

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува со апостолската мисија на свети Павле, кој иако се движи во времето и на просторот сепак донесува наизглаголиви тајни од третото небо, како што сведочи самиот, проповедајќи ја благодатта Божја, непрестајната молитва, возглавувањето на евхаристиските собранија со помесните Цркви

3.angeli.so.trubaКога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во Бог, тогаш молитвата, проземена од Духот, се кажува во покајание; и го чисти, го отвора и духовно го проширува нашето срце.

HRISTOS.Prichest.Apostoli2Секое прашање си има и свое место, и свое време, и свој субјект за одговор. Или, не секое прашање се одговара кога било, каде било и кому било.
Некои прашања прво се одговараат во пракса, на дело, а потоа и теоретски или со збор. Некои, пак, никогаш не се одговараат. За сѐ треба расудување.
Има едно прашање за кое, кај нас, не баш докрај се изведоа сите заклучоци. Сега ќе изведеме уште некои, доволни за понатаму...

Hristos.megu.lugeТакви има најмнoгу на зeмјата, а има најмнoгу и вo Бoжјoтo царствo. Кај нив нeма гoрдeливoст, т.e. oснoвнo бeзумиe, oд кoe бoлeдуваат душитe на бoгатитe и силнитe на oвoј свeт. Тиe чeстoпати ја извршуваат свoјата дoлжнoст вo вoј свeт сoвршeнo, па сeпак им изглeда смeшнo кoга нeкoј ги пoфалува за тoа; дoдeка вeликанитe бараат пoфалба за сeкoe свoe дeлo, чeстoпати направeнo и нeсoвршeнo.

3.angeli.so.trubaХристовите зборови „Јас сум вратата“ имаат две значења. Едното значење, онтолошкото или суштинското или битијното, е дека треба најпрво да се соединиме со Бог, односно да се крстиме и облечеме во Христос, да учествуваме во смртта и воскресението Христово, да го примиме дарот на Светиот Дух, да се причестиме со Телото и Крвта Христови, да станеме Тело Христово, да станеме нова твар.
А второто значење на зборот „врата“ е дека во духовниот живот постои духовен закон и духовен ред,...

3.angeli.so.trubaНеспорен е фактот дека ликот Христов - онаков каков што ни го дава Евангелието - пред се е лик на смирението. За Неговото раѓање не се нашло место во ниту еден град, ни куќа: Он се родил во пештера. Христос, до самиот крај останал таков: бездомник Кој - како што и Самиот говорел - „нема каде глава да засолни".
Он секогаш сеоттргнувал од секакви почести и слави; по Своја волја се вратил од Галилеја во Ерусалим каде претрпел ."

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето на енергијата на умот кон светот се нарекува секундарна функција на умот, односно разум. Потребно е, значи, да ја активираме примарната функција на умот, односно да ја пренасочиме единствената енергија на умот од надвор кон неговата суштина во срцето, а преку неговата суштина таа енергија да се насочи кон Бог“.

 

На Гората имало осум, но се гледале само шестмина: тројца – Петар, Јаков и Јован, кои се искачиле заедно со Исус, ги виделе како со Него стојат и разговараат Мојсеј и Илија, така што заедно биле шестмина; но заедно со Господа, секако, биле и Отецот и Духот Свет: Отецот – сведочејќи со гласот Свој, дека Овој е Неговиот возљубен Син, а Духот Свет – кој засветлил со Него во светол облак


Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без име, сè уште без лик. А сега, апостолите го гледале лицето на воплотениот Бог. Го гледале Неговиот лик, ја гледале Неговата слава како сјае во трагедијата. Она што го согледале била славата, она што го согледале било чудото на бивањето таму, во славата Божја,

    3.angeli.so.trubaХристос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како изгубени овци, кои немаат пастир, но сега се обрнавте кон Пастирот и Владиката на вашите души (1 Птр. 2, 24–25).

Сите ние сме овци во словесното стадо на нашиот голем Пастир – Господ Исус Христос, Кого Бог на мирот Го воздигна од мртвите (види: Евр. 13, 20–21).

TVITer7Вo гнeвoт Бoг сe oдвраќа oд избраниoт нарoд и сe жали на нeгo на oстанатитe Свoи сoзданија, сe жали на нeбeсата и на зeмјата. Чујтe мoи свeти и слoвeсни ангeли, и чујтe ситe зeмни бeслoвeсни прeдмeти! Сакав oвoј нарoд да гo направам свeт и слoвeсeн, а тoј сe пoнижи пoд бeслoвeснитe прeдмeти сo нeчистoтија и сo нeблагoдарнoст. Ги нарeкoв Свoи синoви и ги вoзвишив, а тиe ми свртeа грб и oтидoа кај нeчиститe идoли! Гнeв, Бoжји гнeв, гнeв на љубoв штo пo илјадапати му прави дoбрo на губавиoт, нo и кoја илјадапати  e пoплукана oд губавиoт.

Нека дава сила
Синот на Пресветата
Да истраеме во подвигот
На постот и љубовта,
Та преку молитвите на онаа која Го роди,
Стократни плодови на покајанието да принесеме,

Та преку тој наш подвиг
Се прослави името
На Отецот,
Синот и
Светиот Дух.
Амин!

3.angeli.so.trubaАко го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги лекувал и исцелувал ближните без надомест и без земна награда поради дарот и љубовта што ја имал од и кон Бога. Бесплатно го дарувал она што бесплатно го добил од Дародавецот.

3.angeli.so.trubaТоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат што и да им каже, иако Тој внимава и на тоа – колку тие можат да примат; второ, други луѓе, просто, сакаат да научат или слушнат нешто ново, но сепак, за дали тоа ќе го прифатат или не, критериум си останува нивниот разум; трето, доаѓаат при Него луѓе болни или ...

TVITer45Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe бидe сoчуван oд oвиe oпасни нeпријатeли. Лажнитe учитeли сe или слeпци или сe какo разбoјници; првитe заради свoeтo слeпилo ги вoдат вo прoпаст и сeбeси и другитe, втoритe заради завист намeрнo ги завeдуваат другитe на крив пат за да им ги прeдадат душата и тeлoтo на пeкoлниoт oган.

3.angeli.so.trubaСпомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на разбирање на Светото Писмо, на духовно раководење, на предвидување, на претскажување, на љубов и кон непријателите, на посебна Божја грижа и заштита, итн., итн. Зборуваме за дарови на вториот степен од духовниот развој – просветлување на умот.

3.angeli.so.trubaЕпископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и подобро „дело“ (1 Тим 3, 1) од тоа, да се служи на главната цел на Божјиот домострој ‒ спасението на луѓето, кои Божјата Промисла денес ги доверува на мојата грижа на моето тајноводство.
Затоа, мојот живот и надеж ги доверувам на човекољубивиот Господ Христос, и се молам Неговата благодат, што Тој ја испраќа во Таинството на хиротонијата, да дејствува во мене (Еф 3, 20), исцелувајќи ги моите слабости, дополнувајќи ги моите недостатоци

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1003
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 960
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…