логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Грубоста често се кае, пријатноста никогаш.

Онаму кадешто недостасуваат луѓе, треба ние самите да бидеме луѓе.

Една грешка дебела колку влакно од целта може да одвлече стотици километри.

Давај така како што би сакал да добиваш, примај така како што би сакал да даваш.

Оксфам пресметале и дека богатството на 2.200 милијардери околу светот во 2018 пораснало за 900 милијарди долари, или по 2,5 милијарди долари на ден. Ова е раст од 12% на богатството на најбогатите луѓе, додека за истиот период најсиромашниот дел од светската популација бележи пад на богатството за 11%.

Ниту здравјето не е сè; секој е здрав ако така се чувствува; има болни кои се полни со волја за живот, што не ги напушта до самиот крај, но има и здрави луѓе кои венеат измачувани од стравот од страдање.
Среќата е секогаш таму каде што некој умее да сака и живее за своите чувства;

Математиката не е работа на мислење, како што ни човекот не е рационално суштество. Светските институции би требало да го регулираат правото на возрасните да бидат ирационални и неразбирливи. Психологијата нè учи дека кога ќе се најде објаснување за некоја околност или појава, тогаш се блокира природната тенденција на свеста да дејствува самостојно понатаму.

Дигитализацијата создава можности за креирање на нови бизнис модели, но и овозможува постоечките традиционални бизниси да ги трансформираат и унапредат своите застарени процеси. За развој на е-трговијата и создавање на дигитално општество потребен е пертнерски однос на засегнатите страни: бизнисите, владата, банките и потрошувачите.

Доделувањето на грантот од Програмата „Амбасадорски фонд на Соединетите американски држави за заштита на културата“ за 2018 година (The U.S. Ambassadors Fund for Cultural Preservation 2018) претставува најголемо достигнување во менаџерската практика на Националната галерија на Македонија и обезбедување на небуџетски извор на средства.

достоевски„Дали со сила треба да победуваме или смирено со љубов?“

Секогаш одлучувај вака: „Ќе победам смирено со љубов“. Доколку се одлучиш еднаш засекогаш, ќе можеш целиот свет да го покориш. Смирената љубов е голема сила, најсилна од се' - не постои ништо како неа.

Во 20 години колку што предавам, се менуваа програми и учебници, а не беше организирана ниту една обука или трибина за наставниците што го предаваат македонскиот јазик. Наспроти тоа, колегите што предаваат англиски јазик имаат редовни средби и обуки – посочува професорката Жаклина Свеќаровска од средно школо во Кочани


Дваесет години сум професор по македонски јазик и литература во средно училиште. И секојпат кога имам ученици од прва година, им давам задача да пишуваат диктат. Целта на задачата е проверка колку го владеат правописот. Секоја генерација е полоша од претходната, но никојпат не сум добила толку слаби резултати како сега. Пуздер направиле. На прекорот упатен од моја страна еден од учениците лаконски изјави дека и без тоа нема да живее и да работи во Македонија. Доби позитивна реакција од речиси целиот клас – споделува Жаклина Свеќаровска, професорка по македонски јазик во средното училиште „Ѓошо Викентиев“ од Кочани.

Мајчиниот јазик е скапоцен порцелански сад

Со професорката, која објавува и своја поезија, поразговаравме за поразителното познавање на мајчиниот македонски јазик на новите генерации и за тоа колку општеството вистински обрнува внимание на јазикот.

- Да замислиме дека мајчиниот јазик е скапоцен порцелански сад во нечиј дом. Родителите-сопственици на тој сад би ги научиле децата да не фрлаат ѓубре во него, да внимаваат да не го скршат, да го негуваат и одржуваат, би им ја објасниле вредноста на тој сад, кога и како е создаден, што симболизираат орнаментите со кои е украсен... Би им објасниле дека е скапоцен, па и децата ќе го доживеат како скапоценост – вели Свеќаровска.

Сѐ почесто децата не можат да го „пронајдат“ македонскиот збор за нешто што сакаат да го кажат, па се свртуваат кон англискиот.
- На што се должи тоа? На постојаната изложеност на содржини на англиски јазик – цртани, играни филмови, музика, видеоигри, а малку или никакви соодветни содржини од тој вид на македонски јазик. За децата да си го сакаат својот јазик, прво треба да го почитуваат. Почитта кон мајчиниот јазик се учи во општеството, во заедницата, пред сѐ, преку начинот на кој заедницата се однесува кон јазичните содржини, кон јазичното културно наследство и кон авторите – вели таа.




Жаклина Свеќаровска

Ако ние, возрасните, се однесуваме кон јазикот со должно внимание и љубов, тоа ќе го научат и децата. Овој предмет, тврди професорката, треба да има најдобар третман во училиштата.

- Што ќе засадиме, ако не подготвиме расад? Училиштата се расадници на иднината. Тие се важен дел во градењето на личноста на децата, токму поради тоа треба да добијат соодветно внимание од заедницата. Притоа постојано треба да се има предвид дека светот го осознаваме, го растајнуваме, го отклучуваме преку зборовите на мајчиниот јазик, затоа овој наставен предмет треба да има не само прво место во дневникот за работа, туку и соодветен третман – загрижена е професорката.

Ни една обука за наставници во 20 години

Таа објаснува дека во 20 години колку што предава, не била организирана ниту една обука за наставниците.
- Се менуваа програми и учебници, но во текот на толкав период не е организирана ниту една обука, консултативна средба или трибина за наставниците што го предаваат овој предмет, иако е еден од носечките предмети и во основното и во средното образование. Наспроти тоа, колегите што предаваат англиски јазик имаат редовни средби и обуки – посочува Свеќаровска.

Училиштата се расадници на иднината, вели Свеќаровска

Проблемот не е во англискиот јазик, ниту пак во кој било странски јазик што децата го учат. Познавањето странски јазици е многу важно, а за жителите на толку мало говорно подрачје какво што е нашето, дури е и неопходно.

- Проблемот е во негрижата кон сопствениот, а не во усвојувањето на туѓите јазици. Треба многу поинтензивно и попосветено да го негуваме мајчиниот јазик. На пример, ако децата (практика што не ја одобрувам) се цел ден пред телевизор - да се оневозможи пласирање на содржини наменети за најмладите кои не се синхронизирани на македонски јазик. Мислите за светот каков што го доживуваме, го гледаме или каков што го замислуваме ги соопштуваме низ зборови. Сиромашниот речник е одраз на сиромашен, тесен свет. Затоа е особено важно да се негува култура на читање, а, за жал, младите сѐ помалку читаат. На тоа поле треба да се работи – категорична е професорката.


Извор: https://www.fakulteti.mk/news/27072018/shto-kje-mi-e-da-go-znam-makedonskiot-jazik-koga-nema-da-zhiveam-tuka-reche-srednoshkolec-i-dobi-aplauz-od-cel-klas

 

debata

Вештачката интелигенција сѐ повеќе напредува и само можеме да погодуваме во која насока ќе се развива во иднина.

Ај-би-ем во Сан Франциско го претстави „Проџект дебатер“, компјутер што користи вештачка интелигенција и голема база на податоци за да му парира на човекот во дебатата. И успеал.

Користејќи стотици милиони документи - од новинарски до стручни статии, овој компјутер ги создавал одговорите на тема за која пред тоа не бил информиран.

Компјутерот во текот на дебатата не бил поврзан на интернет, туку морал да се потпре на базата на податоци што ја имал. Дебатата била одржана пред публика која гласала за тоа кој давал подобри аргументи.


Фото: Youtube/Printscreen

Луѓето победиле во категоријата подобра презентација, но компјутерот ја однел победата во аргументите. Од Ај-би-ем велат дека токму тоа е она што сакаат да го постигнат - да создадат уред што на луѓето ќе им помогне во донесувањето одлуки и давање добри и релевантни аргументи.

- Овој проект ја одразува мисијата на Ај-би-ем за развивање широка вештачка интелигенција која учи низ различни дисциплини за да ја прошири човечката интелигенција. Асистентите втемелени на вештачката интелигенција ни станаа доста корисни благодарение на нивната можност да спроведат софистицирани пребарувања по клучни зборови и да одговараат на едноставни прашања или барања. Овој проект истражува нова територија - апсорбира големи и различни сетови на информации и перспективи за да им помогне на луѓето да изградат уверливи аргументи и да донесат добро информирани одлуки - напиша на својот блог Арвинд Кришна, директор на одделот за истражување на Ај-би-ем.

Тој најави дека проектот ќе биде вграден во „Ај-би-ем Ватсон“, веќе добро познат компјутер со вештачка интелигенција.

- Колку потранспарентна и појасна можеме да ја направиме оваа трансформативна технологија, толку повеќе ќе можеме да ѝ веруваме. А колку повеќе можеме да ѝ веруваме, толку повеќе ќе ни помогне да донесеме подобри и поинформирани одлуки во сѐ покомплексниот свет - вели Кришна.

20.06.2018 год.

Извор:

https://www.fakulteti.mk/news/20062018/veshtachkata-inteligencija-gi-pobedi-lugjeto-vo-debata



Со оглед на големиот интерес, ќе се дрзнам да ја откријам тајната на старите јудејски готвачи и да ви раскажам како се прави хумус. Значи, не хумус за во саксија, туку оној хумус што го продаваат во мали теглички од 120 гр. за 90 денари и што го има по маркетите вообичаено на рафтовите за здрва храна.

Главната состојка на хумусот е наутот (леблебија за варење, ја има по продавниците за здрава храна и на пазарите и чини 180 денари за килограм), зрно од групата легуминози или махунарки, како што се гравот или сојата. Изобилува со протеини и др. хранливи состојки.

Наутот се вари 2-3 часа додека не омекне. Се исцедува водата и се става во блендер. На тоа се додава масло, најдобро ладно цедено (има многу убави и евтини штипски ладно цедени масла од фабриката за масло „Фила“) од маслодајна репка, може и сончоглед или лен (помалку), како и маслиново. Комбинацијата е работа на вкус.

Мерката е – се става масло колку што треба за да се потопи целата леблебија во блендерот (значи многу). На тоа се додава по вкус лимонов сок, сол, лук во прав, бибер. Се миксира додека не се добие густа каша со конзистенција на паштета.

Се полнат теглички, се затвораат, се редат во тенџере со вода, водата со тегличките се зоврива, и се оставаат преку ноќ постепено да се оладат. Вака пастеризиран, хумусот може да стои подолго време, препорачано во фрижидер. Ете, ја споделив со вас тајната на долговечноста на избраниот народ. Нека е на здравје!

 

Избор од ФБ профилот на: о. д-р Милан Ѓорѓевиќ

 

 

„На сите мои соборци во создавањето на подобар свет им порачувам оти е нужно создавање на филантропска култура“. - Трифун Костовски на денешната свеченост во МАНУ

„На човека му е дадено да дарува, пред сѐ себеси. Тоа е единствен начин да раснеме, да го заслужиме нашето постоење“, рече  бизнисменот, филантроп и поранешен градоначалник на Скопје, Трифун Костовски на одбележувањето на 20 годишнината од основањето на Фондацијата „Трифун Костовски“ при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Фондацијата има поддржано над 100 научно- уметнички проекти во МАНУ.


Во знак на благодарност, академик Фити му врачи на Костовски мозаик насловен „Четири елементи“, изработен од академик Газанфер Бајрам

Костовски пред членовите на семејството, претставници на дипломатскиот кор, универзитетски професори, академици кажа дека изминативе 20 години биле години од големо значење за него и неговото семејство, години кои значеле движење по нивните најважни постулати: одговорност и создавање на вредни заедници.

„Нема доволно можности за да се постигне сѐ во еден животен век, има многу искушенија. Затоа на сите мои соборци во создавањето на подобар свет им порачувам оти е нужно создавање на филантропска култура “, рече Костовски.


Трифун Костовски со ќерката Олга, претседателка на надзорниот одбор на „Еуролинк осигурување“, компанија која исто така е вклучена во проектите на МАНУ за култура и уметност

Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, кој е и претседател на Управниот одбор на Фондацијата, ја промовираше книгата издадена од Академијата :„20 години Фондација ’Трифун Костовски’“, со поднаслов „За филантропството на семејството Костовски“.

Говорејќи за Костовски како маркантна личност, академик Фити ѝ се заблагодари на Фондацијата за мисијата за помагање во зачувување на културата, културното наследство и современата уметност, како и за охрабрувањето и давањето поддршка на сите оние кои имаат талент во сите области на општетството.


Костовски со доајенката на македонскиот театар Милица Стојанова и нејзината ќерка, културологот Искра Гешоска (Фото: М. Златевска)

Во знак на благодарност, академик Фити му врачи на Костовски мозаик насловен „Четири елементи“, изработен од академик Газанфер Бајрам, како и 2 книги од академик Божидар Видоески, „Дијалектите во македонскиот јазик“, кои му ги врачи Марјан Марковиќ, раководител на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика во МАНУ.

Свеченоста почна и заврши со настапите на младите музичари: виолинистот Бојан Илиоски и пијанистот Дино Имери.

Б. НЕСТОРОСКА

(Фото: М. Златевска)

 

Извор: https://sdk.mk/index.php/magazin/daruvaneto-go-zasluzhuvame-nasheto-postoene-reche-trifun-kostovski-na-20-godishninata-od-negovata-fondatsija/

 

15-ти мај 2018 год.

Во рамките на кампањата на Национална галерија на Македонија под наслов
„Ваша приказна, наша историја“ (Your story our HISTORY) која е во знакот на
одбележување на нашиот историјат - 70 години постоење, интегрално го проследуваме
текстот на проф. д-р Владимир Трајковски инспириан од работилницата на едукативното
одделение под наслов „Од друг агол“. Оваа работилница е дел од Проектот  „Уметност за сите“
кој е подржан од страна на Амбасадата на Кралството Холандија. Имено, станува збор за организирано
фотографирање на повеќе локации од градот Скопје ( Золошката градина, Градски парк, старата Скопска чаршија..)
каде децата со аутизам, низ сопствена призма и од нивен агол, би ни го доловиле амбиентот што ќе го доживеат.





Интро во работилница "Фотографирање“ од проектот „Уметност за сите“

Постојат докази дека арт терапијата кај децата со аутистичен спектар на нарушувања (АСН) во специјалната едукација придонесува за позитивни промени на нивното социјално однесување и нивниот фокус на внимание. Арт терапија кај децата со аутизам може да биде ефективна при долготраен третман во групи или индивидуално, бидејќи процесот на креирање уметност го стимулира когнитивниот и емоционалниот развој, овозможува врски и води кон намалување на деструктивното однесување. Арт терапија може да придонесе за ублажување на две главни проблематични области: социјални комуникациски проблеми и ограничени и повторувачки шеми на однесување. Типични арт терапевтски елементи како што се сензорните искуства со видот и допирот може да го подобрат социјалното однесување, флексибилноста и вниманието на децата со аутизам.
Терапевтите ги опишуваат ефектите на уметничката терапија врз тие деца како способни да ги развијат своите компетенции за да го насочат вниманието, да ја подобрат флексибилноста, да се однесуваат на поструктуриран начин и да ги изразат своите искуства вербално. Верувам, дека фотографирањето може да биде од неверојатен интерес за лицата со дијагнозата на АСН. Тоа е форма на уметност која вклучува технички елементи (рачна изложеност - во која корисникот ги дефинира сите поставувања на фото апаратот) и примената на знаењето (составот, светлината, хармонијата на боите, предметот итн.). Слободата на фотографијата значи дека можете да фотографирате автомобили, авиони и мотоцикли, животни, како и многу други предмети, и со тоа лицата со АСН да најдат одличен начин да се изразат себеси. Таа произведува слика која може да даде големо чувство за награда и да каже нешто за нив и за нивната личност. Преку фотографирањето може да се подобри нивната емпатија во голема мера.
Во Република Македонија досега многу малку се обрнуваше внимание на културолошките потреби на лицата со АСН, а уште помалку на фактот дека создавањето уметност од страна на децата и лицата со АСН може да има терапевтски аспект. Националната галерија на Македонија во последните четири години се покажа како одличен аниматор на потребите на лицата со инвалидност. Вработените лица таму несебично го вложуваа своето знаење со цел за подобра социјална инклузија на лицата со инвалидност.
Оваа институција е меѓу првите од секторот култура која покажува интерес да ги вклучи децата со АСН во културното битисување во нашата држава. Од таму проектот „Уметност за сите# во кој како носител се јавува оваа установа, а финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија доаѓа во вистинско време. Како прва проектна задача е работилницата „Фотографирање“ во која учество ќе земат децата со АСН, а ќе се одвива на неколку локации во градот Скопје. Ова ќе биде одлична можност за ново дружење меѓу децата со АСН и нивните семејства. Фотографијата како вид на арт терапија кај децата со аутизам може да биде ефективна при долготраен третман во групи или индивидуално, бидејќи процесот на креирање уметност го стимулира когнитивниот и емоционалниот развој, овозможува врски и води кон намалување на деструктивното однесување.
Знаејќи дека некои од децата со АСН можат да покажуваат исклучителен интерес во одредена област, се поставува прашањето дали можеби во нашите деца од Македонија лежи некој нов светски филмски или моден фотограф?
Проф. д-р Владимир Трајковски


Голема благодарност до професорот Трајковски

Национална галерија на Македонија

 

 

Зад нив се уште петмина членови на групата, исто од редот на најсилните и најдобрите. Задолжени се за одбрана во случај некој да напад од зад грб.
Последен е водачот. Тој обезбедува никој да не биде оставен после него. Го надгледува единството на групата и патот по кој оди и подготвен е во секое време да интервенира онаму каде што е потребен.
Кај волците, ТОА се нарекува водство.

Оваа година е посебно значајна за Република Македонија затоа што одбележуваме еден неповторлив јубилеј, а тоа е 1000 - годишнината од Охридската Архиепископија и 60 години од нејзиното возобновување. Со оглед на тоа што Македонија е лулката од каде што е тргнато христијанството да се шири низ Европа за што сведочи и Библијата, особено ми е драго што со моите гостинки денеска можеме да присуствуваме овде", истакна г-ѓа Иванова.

Секој камен од калдрмата е скапоцен бисер изваден од пазувите на Водно. Во дваесеттите години од минатиот век, Скопје доживува голема трансформација во инфраструктурата, особено во изгледот на улиците. По Балканските и по Првата светска војна, се заменува дотраената турска калдрма, а се става нова коцка на плоштадот и на главните улици. Скопје добива нов, модерен лик.

promocija_15_knigi_uzkn_kulturno_nasledstvo_28_feb_2018_foto1Како дел од активностите за  одбележување на Европската година на културното наследство, денес во Археолошкиот музеј на Македонија  беа промовирани петнаесет нови изданија (десет на македонски и пет на англиски јазик)  од едицијата „Најзначајните вредности на културното и .

Еден англичанец, ТВ-водител, пред неколку години спасил лебед од сигурна смрт - лебедот бил заглавен во ограда од метална мрежа. Откако го негувал до заздравување, човекот го пуштил лебедот на слобода.
Кога по неколку години се вратил на истото место, човекот бил запрепастен од она што следело: лебедот го препознал.

Денес (8 февруари 2018 година) во МАНУ, беше промовирана монографијата за Борко Лазески. Со овој настан започна и месецот посветен на Борко Лазески во Националната галерија на Македонија, по кој веќе следната недела (четврток, 15 февруари) е предвидено отворањето на големата јубилејна изложба во чест на овој автор во Даут пашиниот амам.

Со овој проект НГМ, исто така го започнува одбележувањето 70 години од своето основање. Директорката на Националната галерија д-р Дита Старова Ќерими истакна дека значајно е што јубилејот го почнуваат токму со изложба на дела од Лазески, затоа што тој бил првиот в.д. директор на НГМ, тогаш Уметничка галерија-Скопје.

Кога денес ги споредуваме тие високи мигови на македонската уметност со овие бедни кич ветошини од последните десетина години во облик на јавни споменици, сфаќаме колку скапоцено време сме изгубиле и колку во еден миг сме биле многу, многу поблиску до Европа и светот, истакна академик Влада Урошевиќ на промоцијата на монографијата „Борко Лазески - сто години од раѓање“ во МАНУ, посветена на најпознатиот македонски монументалист и втемеливач на витражот во Македонија.

Урошевиќ 1956 година бил сведок кога авторот ја довршувал и поставувал монументалната, 225 квадратни метри „Фреска за НОБ“  во холот на старата Скопска железничка станица, која ја нарече исклучителен миг во развитокот на македонската ликовна уметност. Во облиците на тој мурал, долг 45 метри со над сто човечки фигури, рече, тогаш младите интелектуалци ја откривале традицијата на македонскиот фрескоживопис, како и влијанија од светската монументалистичка традиција, од уметноста на Вилијам Блејк или мексиканските муралисти....

 

- Тоа беше миг на пробивот на една повисока фаза во сфаќањето на односот помеѓу уметноста и општеството. По откривањето на оваа голема фреска пред очите на македонската јавност, веќе ништо не беше исто. Авторот покажа како се создава модерно уметничко дело. Беа потребни уште само неколку години и во Македонија отпорите против модерната уметност се стопија, испарија, исчезнаа, рече Урошевиќ на промоцијата на монографијата која ја објави Националната галерија на Македонија. Во неа се прикажани сите монументални дела на Лазески на територијата на Македонија.

Промоцијата се одржа во свечената сала на МАНУ на чии ѕидови се наоѓа витражот на Лазески „Светлина на минатото“ од 1975 година.

- Благодарение на овој витеаж, Борко е секогаш со нас и секогаш меѓу нас, истакна претседателот на МАНУ Таки Фити, кој за Лазески рече дека припаѓа во редот на великаните на модерната македонска уметност, со извонреден творечки талент кој го усовршил во познати сликарски школи меѓу кои и во Париз.

 

 Извор.http://cooltura.mk/likovna/promovirana-monografijata-za-borko-lazeski-vo-manu

 

 

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Март 24, 2019

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од бајките“, се поврзани повеќе епитети – тој кај нас и во светот е секогаш претставуван како уникатен пример на сликар на чудесниот свет на длабочините на езерото и комплексноста…
Март 07, 2019

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот писател Стефан Марковски е застапено во 15. издание на зборникот Castello di Duino.На меѓународниот конкурс за поезија и драмски текстови насловен I have a Dream/Ho un…

Срамота е младите да знаат повеќе странски, отколку македонски јазик

Фев 22, 2019 Литература 138
Foto
Младите подобро ги познаваат странските јазици одошто македонскиот јазик. Со цел да си…

Карикатурите на Златко Крстевски од Прилеп прошетале низ цел свет

Фев 14, 2019 Интервју 194
Светот доволно го знае Крстевски. Импресивен е неговиот пат низ светските изложби,…

Најбогатите 26 луѓе на светот поседуваат исто колку и најсиромашните 3,8 милијарди луѓе

Јан 21, 2019 Друго од култура 245
Оксфам пресметале и дека богатството на 2.200 милијардери околу светот во 2018 пораснало…

Беседи

Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков : „Ако нашата молитва не го опфати целиот свет, не сме Христови и не сме деца на Пресвета Богородица“

Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков : „Ако нашата молитва не го опфати целиот свет, не сме Христови и не сме деца на Пресвета Богородица“

Знаеме дека за секој дар што од Бог го добиваме, го добиваме од Неа и преку Неа, и поради Нејзините молитви, бидејќи самите со ништо не сме го заслужиле. Сѐ...

Протоереј Драган Јанковски: Втора недела од Велигденскиот пост

Протоереј Драган Јанковски: Втора недела од Велигденскиот пост

Човекот кога му прави добро на својот ближен, тоа е вистинска добродетел, која Му е угодна на Бога. Оваа вистина ја посведочува и самиот Господ Исус Христос, бидејќи не само...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

За Христoвитe дeла (беседа)

За Христoвитe дeла (беседа)

Какo Гoспoд извршил тoлку мнoгу дeла? Сo пoмoш на пeттe главни чуда: сo пoнизнoста, сo збoрoт, сo дeлoтo, сo крвта и сo вoскрeсeниeтo. Штo свeдoчат дeлата Христoви? Првo, свeдoчат дeка...

За двoумeњeтo на Пилат (беседа)

За двoумeњeтo на Пилат (беседа)

Пилат бил учeник сo свeтска мудрoст. А свeтската мудрoст нe дава сила туку влeва страв. Свeтската мудрoст нe ја пoддржува душата туку тeлoтo. Свeтската мудрoст нe влeва страв за душата...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинското прашање: се каеме или не?

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинското прашање: се каеме или не?

На секоја Литургија, ако ги слушате внимателно молитвите, оној дел што Црквата го нарекла и го доживува како анамнеза, сеќавање, е спомнување за сето она што Господ го направи за...

Жарко Ѓорѓиовски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019)

Жарко Ѓорѓиовски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019)

 Во денешново евангелско четиво Господ Исус Христос не упатува на три основни чекори: простувањето, постењето и безвременската награда која не очекува. И токму првиот чекор е простувањето: „Ако им ги...

БEСEДА за љубoвта над сeкoја љубoв

БEСEДА за љубoвта над сeкoја љубoв

Цeлoтo Eвангeлиe учи дeка трeба да сe oстави пoмалoтo заради пoгoлeмoтo, минливoтo заради нeминливoтo, лoшoтo заради дoбрoтo, eвтинoтo заради драгoцeнoтo. Кoга Eвангeлиeтo нe би вeтувалo пoгoлeми врeднoсти, тoгаш кoј би...

« »