Божествена Литургија во храмот на св.Петка, Скопје (14.11.2022)
Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка. По смртта на татко им нивната мајка Теодотија целото време и труд ги даде на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. И Бог ѝ помогна, та нејзините синови израснаа како две слатки овошки и како два светилници на светот.


На 8.11.2022 година, кога Црквата го празнува споменот на св. вмч. Димитриј Солунски – Митровден, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше и проповедаше на Светата божествена Литургија во манастирот „Св. вмч. Димитриј Солунски“ – Марков манастир. Во ипоѓакон беше ракопроизведен чтецот Стево Миланов.











Свештенството при Соборниот храм во Скопје, на 13.10.2022 година, со сеноќно бдение го одбележа празникот Покров на Пресвета Богородица. На Светата Литургија, бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

























