Скопје, 13-ти септември, лето Господово 2016- храм на св. пророк Илија
На 13-ти септември 2016 година, во дванаесеттата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави Празник на појасот на Пресвета Богородица, во квечерината на денот, во храмот на св. пророк Илија, во скопската населба Аеродром, старешината на храмот, протопрезвитер Бранислав Стојанчов отслужи Акатист кон Пресвета Богородица,и принесувајќи молитви кон Бог за да ги заштити и спаси од елементарните непогоди жителите на Скопје. На крајот на Литургијата отецот произнесе беседа.
КОНДАК 1
Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи н¢, да повикуваме:
Радувај се, Невесто Неневестна!
ИКОС 1
Ангел претстател од небесата беше испратен
на Богородица да • рече‘Радувај се!’
И со глас бесплотен,
гледајќи Те како се воплотуваш, Господи,
во ужас стоеше воскликнувајќи •:
Радувај се,
низ Тебе радоста заблеска.
Радувај се,
низ Тебе клетвата исчезна.
Радувај се,
на паднатиот Адам исправување...
О, Семилостива Госпоѓо, Дево Владичице, Богородице, услиши нè нас кои Ти се молиме, и покажи ја милоста Твоја на луѓето Твои. Моли Го Синот Твој да нè избави од секое зло и да го сочува, градот и луѓето кои благочестиво прибегнуваат и го призиваат светото име Твое, од секоја напаст, помор, глад, земјотрес, потоп, оган, меч, налет на иноплеменици и меѓусебни војни, од секоја болест и секоја неволја, та од никаква рана, ни закана, ни помор, ни секаков праведен гнев Божји да не бидат поразени чедата Твои; туку сочувај нè и спаси нè по милоста Своја, Госпоѓо, нас кои Ти се молиме.
[youtube height="350" width="600" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=SvKSTZuooGQ[/youtube]
Друго:
„Стои таа пред својот Син и со мајчинска жал во срцето вели: „Господи, смилувај се на нив. Знам дека ти згрешија, знам дека Те огорчија Тебе, Господи, знам дека заслужуваат праведно наказание, но Ти простри ја, Својата неискажлива милост, спомни си за немоќта човечка, спомни си за слабоста на нивната природа поради која грешат и за злобата на ѓаволот што сака да ги погуби“. И тогаш слегува на нас милоста на Спасителот, и Он одново испраќа од небото благодатен дожд, кој ги одгонува далеку мрачните облаци на непријателството и благословен мир слегува на земјата. Во сите наши најголеми маки и искушенија милостивиот наш Бог, Кој не се гневи до крај, ни подари непосрамена надеж и непрестајно непроменливо застапништво, давајќи ни ја Својата Пречиста Мајка, која од Крстот ја довери на Својот возљубен ученик и богослов и ја направи Мајка на целиот човечки род. Не само одредени луѓе во своите лични испитанија, туку и цели народи и земји го чуваат споменот за прекрасните чудеса од застапништвото на Богомајката, во миговите кога веќе немоќна била секаква човечка помош да се спречи погибелта“.
- Божествена Литургија во храмот на св.пророк Илија (14.05.2016)
- http://preminportal.com.mk/266-vesti/17307-bozhestvena-liturgija-vo-hramot-na-sv-prorok-ilija-16-02-2016