На годинашниов Саем на книгата, меѓу 60-те излагачи беше и Македонската православна црква. Посетителите на саемот имаа можност да се запознаат со изданијата на МПЦ-ОА, кои опфаќаат, богослужбена, светоотечка, стручна литература, списаниа и брошури. Интересот на посетителите беше исклучително голем, и се овозможи пошироко запознавање со понудените изданиа на Синодот,Епархиите, Богословскиот факултет, Библиското здружение, изданијата на проф. Ратомир Гроздановски и списанието Премин.
„Минералите во Македонија“ на МАНУ - најдобро издание
Монографијата „Минералите во Македонија“ од Глигор Јовановски, Блажо Боев и Петре Макрески, Здружението на издавачи и книжари на Македонија ја прогласи за најдобро оригинално издание меѓу два саеми. Издавач е Македонската академија на науките и уметностите. Најдобро ликовно-графички обликувана книга е „Избрани дела во десет тома“ на Блаже Ристовски. Најдобро илустрирана книга или сликовница е „Волшебен семафор“ во издание на „Просветно дело“, а најдобар книжар е Елизабета Поповска од „Матица македонска“. Наградата „Јаков од Kамена Река“ за најдобра компјутерска обработка на книга ~ припадна на монографијата „Васко Ташковски“ во издание на МАНУ.
Преминпортал (к.т.)
Скопје, 15.04.2013 год.