Скопје, 12 април 2013 год.- На изложбена површина од 3.000 квадратни метри, во „Метрополис-арената“ на Скопскиот саем се одржува јубилејниот 25. меѓународен Саем на книгата, кој на едно место има најголема концентрација на дела од домашни и од странски автори, класична и современа, стручна, научна и белетристична литература, енциклопедии и друго.
Меѓу 60-те изложувачи на саемот излага и Македонската православна црква. Митрополитот Преспанско- пелагониски г.Петар, на трет ден од саемот го посети штандот на МПЦ-ОА, и се запозна со презентираните изданија на Македонската православна црква, а во кусиот разговор (пред неговиот настап во емисија на Македонската телевизија), не запозна со програмските зафати во издаваштвото на неговата епархија. Најнов, а за нашата црква многу значаен, заеднички проект на Преспанско -пелагониската и Астралиската епархија се Минеите. На саемот е изложен Минеј за месец Јануари, и се преведуваат и подготвуваат за печатење другите месеци, и со Божја помош, до крајот на 2015 година, би требало овие богослужбени книги преведени на македонски јазик да станат дел од Литургискиот живот на МПЦ.
Преминпортал (к.т.)
12-ти април, лето Господово 2013