На денот на празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим, во април 2012 година, во храмот на св.вмч. Димитриј во Скопје потемнетите фрески пред очите на многумина чудесно почнаа сами да се обновуваат. Зачудувачкото самообновување се случувало и на иконите, каде црвениот слој забележително се појавувал и го давал нејзиниот основен тон. Интензивното осветлување на фреските и иконите продолжило и во наредните недели. Пред очите на верните се случуваа чудесни промени а многумина доживеаа и на личен план покајни преобразби. Господ ја покажа Својата чудесна сила, нам ни останува непрестајно да Му принесуваме благодарствени и покајни молитви. Во чест на сеќавањето на овој голем Божји дар, година дена потоа, на 28-ми април 2013 година, на празикот Цветници, братството при храмот на св.вмч. Димитриј отлужи Акатист посветен на св.вмч. Димитриј по повод Божјото чудо што се случи врз фреските и иконите. Радува љубовта на верните кои дојдоа и благодарствено учествуваа во отслужениот Акатист и молебен.
Господе Исусе Христе помилуј не!
„Радувај се душо моја, додека среде храмот светлината те заблеска, овенчаниот со венец ја слушна твојата молитва и во Бога нашиот те застапува.
Воскликни душо моја денес, св.вмч. Димитрија те пази, чува, исцелува, те крева, во пресрет на Бога.
Нека запее денес целата црква, нека се радува: Радувај се Свети Димитрије славен свестеноначалнице и чудотворче!“
===
По отслужениот акатист отец Игор Калпаковски делејки му на верниот народ од петолебието, не потсети како што рече тој, за едно случување од минатата година, за едно грозоморно случување со момчињата кај Смилковското езеро, на кое сите се сеќавате, се случи наскоро по она осветлување во храмот кога заблескаа старите икони, не беше случајно тоа грозоморно дело, со кое злата човечка намера сакаше да не оттргне од благолепието кое се случуваше и на кое сме сведоци. Тој укажа дека не е случајна духовна поврзаност на овие настани....ова на некој начин е како искушување...
Преминпортал (д.б/к.т.)
28-ми април, лето Господово 2013
Друго:
- Нем трепет, восхит... будење пред Неговото чудесно присуство во храмот на св.вмч. Димитриј, Скопје
- Неговото чудесно присуство во храмот на св.вмч. Димитриј, Скопје (13.04.2012)
- Акатист на св.вмч. Димитриј (10.04.2012))