ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ
Тропар на светите
Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј
10 ноември / 23 ноември
О, свети апостоли Христос Спасителот
во вас се зацари, душата во убавина се облече
и венци за вас Животот исплете.
За Олимпа и Родиона маченици
Ерост и Кварт, Сосипатар и Терцие епископи, свети
чувари на Божествените повелби,
молете се за нас о, вие кои послуживте
како бисери на Љбовта, за родот човечки.
Извор МПЦ-ОА
Манастир св Јован Претеча Слепче
Православен календар за 23/11/2024
ТРОПАР
Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.
Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.
Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.
Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.
ПреминПортал
2024 лето Господово
Од Верскиот календар:
Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј
Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Последните тројца се спомнуваат и на друго место, и тоа: Родион на 8 април, Сосипатар на 28 април, а Терциј на 30 октомври. Светите Олимп и Родион беа следбеници на апостолот Петар и кога тој пострада пострадаа и тие, на заповед од Нерон беа обезглавени. Ераст беше најпрво економ на Црквата во Ерусалим, а потоа епископ во Панеада Палестинска. Кварт беше епископ во Бејрут, многу страдаше, но и многумина ги приведе кон Христовата вера. Сосипатар беше епископ во Иконија, а Терциј беше втор епископ во истата таа Иконија. Духовно војуваа, станаа победници и зедоа венци на невенлива слава.