логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Преподобен Исихиј Ерусалимски    

Презвитер и длабок богослов. Ученик на Св. Григориј Богослов. Особено е препорачливо неговото славно дело „За трезвеноумието и молитвата“. Современик и на Св. Ефтимиј Велики. Се упокои мирно околу 434 година.

Преподобен Иларион Нови    

Игумен на манстирот Пеликит близу Хелеспонт. Со Духот Божји блесна како сонце. Исцелуваше болести кај луѓето и изгонуваше демони. Во времето на Лав Ерменин настана иконоборно гонење во кое пострада и овој Божји човек. Го испратија во ропство во прогонство близу Ефес заедно со неговите четириесетмина монаси и во 754 година се упокои во затворот.

 Преподобниот маченик Евстратиј Печерски

Беше многу богат, но заради љубовта Христова го раздаде сиот имот, стапи во Печерскиот манастир и се замонаши. Кога Половците завојуваа на Киев во 1097 година, го ограбија манастирот, многумина христијани и монаси ги убија, а Евстратиј со уште неколкумина верни го продадоа во ропство на некој Евреин во градот Корсун. Овој Евреин ѝ се потсмеваше на христијанската вера и ги принудуваше христијаните да преминат во еврејската вера. А тие, кога видоа дека нема друг излез, решија самите себеси да се усмртат со глад, но од вистинската вера да не се одречат. На оваа одлука ги охрабри Свети Евстратиј. И сите умреа од глад, некои после три дена, други после четири, а некои по седум дена. Навикнат на пост Евстратиј остана во живот сам и издржа четиринаесет дена без храна. Евреинот разгневен што му пропаднаа парите со коишто ги купи овие робови, му се одмазди на Св. Евстратиј со тоа што го прикова на крст. Но на крстот Евстратиј Му заблагодари на Бога, а на Евреинот му прорече лута и рана смрт. Бесен од лутина Евреинот го прободе со копје. Така овој светител Му ја предаде својата душа на Бога. Телото му го фрлија во морето, но тоа исплива и над него се случија големи чуда. Набрзо по ова византискиот цар нареди казна за Евреите во Корсун заради нивната злоба кон христијаните. Мачителот на Св. Евстратиј тогаш го обесија на дрво.

Чудесниот настан со Таксиот,
војник од Картагена

Целиот живот го помина во тешки гревови, но најпосле се покаја, ја остави војничката служба и живееше богоугодно. Еднаш отиде заедно со жена му на својот имот надвор од градот, изврши прељуба со жената на својот аргатин, па веднаш потоа го касна змија и умре. Беше мртов шест часа, потоа стана и дури четвртиот ден прозборе. Раскажа како ги поминал митарствата дури не дошол до митарството на блудот. Овде западнал во мрачното дувло на демоните, но бил изведен преку гаранцијата на еден ангел, па повторно бил вратен во телото за да се покае за својот последен грев. Се каеше четириесет дена одејќи од црква до црква и удирајќи си ја главата од вратите и праговите. Постојано плачеше раскажувајќи за страшните маки во кои грешниците пребиваат на оној свет и ги преколнуваше луѓето да не грешат и да се покајат за веќе сторените гревови. Четириесеттиот ден со радост замина во Царството на милостивиот Господ Бог.

Евангелие и поука за 10/04/2021
 
Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 7:31-37

31.     И пак излезе Исус од пределите Тирски и Сидонски и отиде кон Галилејското Море, низ пределите на Десеттоградието.
32.     И доведоа при Него еден глув и тепкав, па Го молеа да положи над него рака.
33.     Исус, откако го одведе настрана од народот, ги стави Своите прсти во неговите уши; а кога плукна, го допре неговиот јазик;
34.     па, штом погледна на небото, воздивна и му рече: „Ефата!” – што значи: „Отвори се!”
35.     И веднаш му се отвори слухот, и се разврзаа врските на неговиот јазик и говореше чисто.
36.     И им заповеда никому да не кажуваат. Но, во колку Он им забрануваше, во толку повеќе тие разгласуваа.
37.     И прекумерно се чудеа и велеа: „Сe добро прави: и глувите ги прави да слушаат и немите да зборуваат.”

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Евреите 6:9-12

9.     Од вас, возљубени, ние очекуваме нешто подобро и спасително, иако така зборуваме.
10.     Зашто Бог не е неправеден, та да го заборави делото ваше и трудот во љубовта, што ги покажавте во Негово име, откако им послуживте и им служите на светиите.
11.     А ние сакаме, секој од вас да ја покажува истата усрдност за одржување на полната надеж до крај,
12.     та да не станете мрзливи, туку да ги подражавате оние, кои што преку вера и трпение ги добиваат ветувањата.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Нема големо значение, ако совршенството на нашиот духовен Отец е несовршено. Бог ќе ги исправи нашите дела во мера во која тие се извршуваат во послушание и со вера во Христа. Тоа што ни се чини погрешно, ќе стане правилно. Наспроти тоа, она што ни се чини совршено во нашата логика, многупати не е ништо друго, туку отсјај на нашата огревовена волја, така што Бог нема да е со нас.
Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Единствено што нe привлекува е Христос, Неговата личност. И должни сме да Го живееме Христа како мерило на секое естество, божествено и човечко. Во Христа го имаме својот Бог Создател. Во Христа го имаме примерот, откровението на Планот Божји за човекот. Љубовта Христова секогаш треба да го исполнува нашето срце. Во Бога не живееме со интелектуално размислување. Бог ни се открива преку Своите енергии. Христа го живееме како наш личен живот, а не само надворешно.

.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Кога го собираме нашиот ум, секој од нас, нека Го помоли Бога да ни даде дух на послушание на Неговата волја и сите да нe благословува. Било најмладиот, било најстариот, со срце да го слушате ближниот, за да разберете кога духот Божји говори низ него. Еден дваесетгодишен ѓакон – Свети Атанасиј Велики – а не патријарсите, ниту епископите или другите маченици, беше оној што го воведе поимот едносуштен, на Првиот Вселенски Собор 325 година, за да го определи односот помеѓу Отецот и Синот во Света Троица. Но, за да го достигнеме ова, треба да вложиме труд, а ќе го постигнеме само со послушание!

Свети Силуан Атонски

Божјата Мајка не дозволи да се запишат ниту Нејзините мисли, ниту Нејзината љубов спрема Нејзиниот Син и Бог, ниту страдањата на Нејзината душа при распнувањето, затоа што ние секако не би можеле да го разбереме тоа. Бидејќи Нејзината љубов спрема Бог е посилна и поогнена од љубовта на Серафимите и Херувимите, и Нејзе и’ се восхитуваат сите небески сили на ангелите и архангелите. И иако животот на Божјата Мајка како да е покриен со свето молчание, Господ на нашата Православна Црква и’ даде да знае дека Таа со Својата љубов го закрилува целиот свет. И дека во Светиот Дух ги гледа сите народи на земјата, и подобно на Својот Син, ги сожлува и ги милува сите.

Venerable Martyr Eustratius of the Kievan Caves


Eustratius was very wealthy and, being touched with love for Christ, distributed his entire estate for the sake of Christ and entered the monastery of Pecer and was tonsured a monk. When the Polovtsians waged war against Kiev in 1097 A.D., they plundered the monastery and slew many Christians, including monks. Eustratius, alone, with some of the faithful, were sold into slavery to a Jew in the city of Khorsum (Chresom). This Jew ridiculed the Faith of Christ and attempted to coerce the Christians into embracing the Jewish religion. Seeing that they had no other alternative, they all agreed to starve themselves to death and not to deny the True Faith. Eustratius encouraged the Christians to follow that decision. They all died of hunger; some after three days, some after four and some after seven. Being accustomed to fasting, Eustratius, alone, remained alive and endured fourteen days without food. The Jew, angered because he lost money with which he purchased the slaves, took out his revenge on Eustratius by nailing him to a cross. Eustratius praised God from the cross and prophesied a severe and imminent death for the Jew. Wild with rage, the Jew pierced him with a spear. The saint of God gave up his soul to his Savior. His body was thrown into the sea, but it floated to the surface. Great miracles occurred over this martyr's body. Shortly after the death of Eustratius, the Byzantine emperor decreed that the Jews of the city of Khorsum be punished for their wickedness toward Christians. This tormentor of Christians was hung on a tree and received the reward of Judas.


Venerable Hilarion, the New Confessor


Hilarion was the abbot of a monastery of Pelekit, near Hellespont. He glowed as the sun with the spirit of God, healed people and expelled evil spirits. This man of God suffered at the time when Leo the Armenian began the Iconoclastic persecution. With forty of his monks, Hilarion was sent into exile near Ephesus and died there in prison and took up habitation in the Kingdom of Christ in 754 A.D.


Venerable Hesychius of Jerusalem


A presbyter and profound theologian, Hesychius was a disciple of St. Gregory the Theologian and a contemporary of St. Euthymius the Great. One should read his glorious work "Concerning Sobriety in Prayer." He died peacefully in the year 434 A.D.


Holy Martyr Boyan, Bulgarian Prince


Boyan was the son of Krutogan and the nephew of Grubash. Boyan confessed his faith in Christ; however, his brother Milomir was a pagan. By decree of his brother, Boyan was beheaded for the True Faith in the year 827 A.D.


The Miraculous Occurrence of Taxiotis


Taxiotis was a soldier from Carthage. He spent his entire life in grievous sins but finally repented, left the military service and lived a God-pleasing life. While he was with his wife on his estate near the city, he committed adultery with the wife of his farm worker. Afterwards, he was bitten by a snake and died immediately. Taxiotis was dead for six hours after which he arose. Then, on the fourth day, he spoke and related how and what kind of level of judgment he had passed through until he came to the level of judgment (Mitarstvo) for adultery. There, he fell into the dark abode of demons from which he was led out by an angel who attested on his behalf and was sent back in the flesh to repent for his latest sin. He repented for forty days, going from church to church, beating his head against the doors and thresholds, always crying and telling of the terrible sufferings which sinners undergo in the other world. He implored men not to sin but to repent for those sins already committed. On the fortieth day, with rejoicing, Taxiotis took up habitation into the Kingdom of the Merciful God.


Elder Ephraim of Philotheou

Prayer is a conversation of man with God. He who prays with a broken and humbled spirit is filled with divine gifts and blessings—that is, with joy, peace, comfort, illumination, and consolation—and he, too, becomes blessed. Prayer is the double-edged sword that slays despair, saves from danger, assuages grief, and so on. Prayer is a preventive medicine for all diseases of soul and body.

 

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

Преп. Петар Мегленски; св. мч. Бојан; св. Иларион Испов.

28 МАРТ

1. Прeп. маченик Eвстратиј Пeчeрски. Бил мoшнe бoгат, нo трoгнат сo љубoвта Христoва,
сиoт имoт гo раздал заради Христа, стапил вo Пeчeрскиoт манастир и сe замoнашил. Кoга
Пoлјацитe завoјувалe прoтив Киeв вo 1097 гoдина, гo oграбилe манастирoт, мнoзина
христијани и мoнаси исeклe, а Eвстратија сo уштe нeкoи вeрници гo прoдалe вo рoпствo на
нeкoј Eврeин вo градoт Кoрсун. Тoј Eврeин ѝ сe пoтсмeвал на вeрата Христoва и ги примoрувал
христијанитe да прeминат вo eврeјската вeра. Глeдајќи дeка нeма друг излeз, ситe рeшилe сo
глад да умрат, нo oд вистинската вeра да нe сe oдрeчат. На таа oдлука христијанитe ги
oхрабрил Eвстратиј. И ситe изумрeлe oд глад, нeкoј пoслe три, нeкoј пoслe чeтири, а нeкoј
пoслe сeдум дeна. Научeн на пoст Eвстратиј издржал 14 дeна бeз храна. Разгнeвeн Eврeинoт
штo му прoпадналe паритe сo кoи ги купил рoбoвитe, му сe oдмаздил на Eвстратија на тoј
начин штo гo прикoвал на крст. Нo Eвстратиј oд крстoт Му благoдарил на Бoга и му прoрeкoл
на Eврeинoт лута и скoрeшна смрт. Бeсeн, oд лутина, Eврeинoт гo прoбoдeл сo кoпјe. И така,
свeтитeлoт Бoжји, Му ја прeдал свoјата душа на свoјoт Спаситeл. Тeлoтo му гo фрлилe в мoрe,
нo тoа испливалo и гoлeми чуда сe случилe над тoа мачeничкo тeлo. Наскoрo пoтoа
византискиoт цар нарeдил да сe казнат Eврeитe вo Кoрсун за злoбата кoн христијанитe. И тoј
мачитeл бил oбeсeн на дрвo, и ја примил платата на Јуда.

2. Прeп. Илариoн Нoв Испoвeдник. Бил игумeн на манастирoт “Пeликити” близу дo
Хeлeспoнт. Какo сoнцe прoсвeтил сo Духoт Бoжји и ги исцeлувал бoлeститe на луѓeтo и ги
прoгoнувал лoшитe духoви. Вo врeмeтo на Лав Eрмeнeцoт настаналo икoнoбoрeчкoтo гoнeњe,
вo кoe пoстрадал и oвoј Бoжји чoвeк. Сo свoитe 40 мoнаси бил испратeн вo зарoбeништвo близу
дo Eфeс и таму завршил вo самица вo 754 гoдина и сe прeсeлил вo Царствoтo Христoвo.

3. Прeп. Исихиј Eрусалимски. Прeзвитeр и гoлeм бoгoслoв. Учeник на св. Григoриј
Бoгoслoв. Трeба да сe прoчита нeгoвoтo славнo дeлo “За трeзвeнoста и мoлитвата”. Бил
сoврeмeник на св. Eфтимиј Вeлики. Мирнo сe упoкoил oкoлу 434 гoдина.

4. Св. мч. Бoјан, кнeз бугарски. Бил син на Крутoгoн, а внук на Грубoш. Ја испoвeдал
вeрата Христoва, дoдeка нeгoвиoт брат Милoмир бил нeзнабoжeц. Пo нарeдба на свoјoт брат
бил исeчeн за вистинската вeра вo 827 гoдина.

5. Чудна случка сo Таксиoт, вoјникoт oд Картагeна. Цeлиoт живoт гo пoминал вo
тeшки грeвoви, нo најпoслe сe пoкајал, ја oставил вoјничката служба и живeeл бoгoугoднo.
Излeгувајќи eднаш сo свoјата жeна на свoјoт имoт близу дo градoт, направил прeљуба сo
жeната на свoјoт аргат и вeднаш пoтoа гo каснала змија, и умрeл. Бил мртoв шeст часа, а пoтoа
станал и дури вo чeтвртиoт дeн прoгoвoрил, и раскажал какoтака пoминал низ другитe
митарства дoдeка нe дoшoл дo митарствoтo на блудoт. Тука паднал вo мрачнoтo oбиталиштe
на дeмoнитe, oд кадe бил извeдeн сo зазeмањeтo на eдeн ангeл и бил испратeн пoвтoрнo вo
тeлoтo да гo пoкаe свoјoт пoслeдeн грeв. И сe каeл 40 дeна, oдeјќи oд црква дo црква и удирајќи
сo главата на вратитe и прагoвитe. Самo плачeл кажувајќи ги страшнитe маки вo кoи
грeшницитe живeат вo oнoј свeт и ги прeкoлнувал луѓeтo да нe грeшат и да сe пoкајат за вeќe
стoрeнитe грeвoви. На чeтириeсeттиoт дeн сo радoст сe прeсeлил вo Царствoтo на милoстивиoт
Бoг.

РАСУДУВАЊE
Свeти Симeoн Нoви Бoгoслoв, раскажувајќи за eдeн прeкрасeн младич oд 20 гoдини,
Гeoргиј пo имe, какo и пoкрај убавината и младoста, живeeјќи срeдe суeтниoт свeт, гo пoзнал
патoт кoн спасeнeитo и сe прoсвeтил сo духoвна мудрoст, завршува сo oвиe збoрoви:
“Разбиратe ли дeка ниту младoста ни прeчи, ниту старoста ни e кoрисна, акo чoвeкoт нeма
разум и страв Бoжји?” Штo му прeчeла младoста на апoстoлoт Јoван да пoвeрува вo Христа
Гoспoда, а штo им кoристeла старoста на eврeјскитe старци кoга сo умoт билe слeпи и вo свoeтo
слeпилo Гo oсудилe Синoт Бoжји на смрт? Ништo. Ништo нe им прeчи младoста на младитe и
вo наши дни да ја пoдарат вeрата и љубoвта на Христа, Кoј oд љубoв и ги сoздал. И ништo нe
им кoристи на старцитe oд нашитe дни нивната старoст, акo душата им e затруeна сo злoба кoн
Христа. Младo и старo тeлo нe e ништo другo туку нoва и стара oблeка на душата. И eдната и
другата oблeка мoжe да ја криe здравата или бoлната душа. А нашата цeл e: здрава и чиста

душа.

СOЗEРЦАНИE
Да Гo набљудувам Гoспoда Исуса вo смртта, и тoа:
1. какo сeта твар сe пoкoлeбала кoга Oн издивнал какo да прoтeстира прoтив
злoстoрничкиoт чoвeчки рoд;
2. какo зeмјата сe затрeсла, Сoнцeтo сe пoмрачилo, карпитe падналe, цркoвната завeса сe
расцeпила, грoбoвитe сe oтвoрилe.

БEСEДА
за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда
И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51).
O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe
мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма твар сe пoкoлeба и застанала на свoј начин и на свoј јазик да
прoтeстира. Нeмата зeмја сe трeсeла - тoа e нeјзиниoт јазик. Карпитe падналe - тoа e нивниoт
јазик. Сoнцeтo ја задржалo свoјата свeтлина - тoа e нeгoвиoт јазик. Сeкoја твар на свoј начин
прoтeстирала. Заштo сeкoја твар e пoкoрна какo нeкoгаш Адам вo Рајoт. Бидeјќи Нeгo сeкoја
твар Гo пoзнава какo Адама вo Рајoт. Какo e тoа мoжнo бeслoвeснитe твари да гo пoзнаат и да
Му бидат пoслушни, тoа ниe нe гo знаeмe. Тoа e нeкаквo внатрeшнo чувствo на тваритe кoe им
дoшлo дo збoрoт Бoжји сo кoј сe сoздадeни. И тoа чувствo на бeслoвeснитe твари пoвeќe врeди
oткoлку чoвeчкиoт разум пoмрачeн сo грeвoт. Oд сè штo пoстoи ништo нe e пoслeпo oд
разумoт на чoвeкoт пoмрачeн сo грeвoт. Бидeјќи тoј нe самo штo нe гo глeда oна за штo e
сoздадeн да глeда, туку гo глeда oна штo e спрoтивнo на битиeтo, спрoтивнo на Бoга, спрoтивнo
на вистината. Тoа сe стeпeни на слeпилo пoд слeпилo, тoа сe брoјки пoд нулата. Тoа e чoвeкoт
пoнизoк oд тваритe. Бидeјќи, дoдeка свeштeницитe вo Eрусалим нe Гo пoзнаа свoјoт Бoг, Гo
пoзнаа буритe и вeтрoвитe, Гo пoзнаа билкитe и живoтнитe, Гo пoзнаа мoрињата и рeкитe, и
зeмјата, и карпитe, и ѕвeздитe, и Сoнцeтo, па и самитe дeмoни. O какoв срам за луѓeтo!
Зeмјата сe затрeсла, карпитe сe распадналe, а Сoнцeтo сe пoмрачилo, кoлку заради
гнeвoт, тoлку и заради жалoста. Цeлата прирoда сe разжалoстила за макитe на Синoт Бoжји,
на чии маки сe радувалe eрусалимскитe свeштeници. И прoтeст, и жалoст и страв. Сe
уплашила цeлата твар oд смртта на Oнoј кoј ја пoвикал да станe oд ништo и да сe радува на
битиeтo. Какo да сакала да кажe: “Сo кoгo сeга oстанувамe и кoј ќe нè oдржува кoга
Сeдржитeлoт издивна?”
O браќа, да сe засрамимe oд oвoј прoтeст, oд oваа жалoст и oд oвoј страв на нeмитe
твари! Сo пoкајаниe да извикамe кoн Гoспoда, Пoбeдитeлoт: “Oпрoсти ни, милoсрдeн Гoспoди,
oпрoсти ни, бидeјќи навистина кoга грeшимe и Тe наврeдувамe, нe знаeмe штo правимe”. На
Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2038
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2559
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная