логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Одговори на Вашите прашања    

Одговара: отец Горан Стојчевски

 Прашање од: С.Н

 

Нашиот мозок го сочинуваат две хемисфери: лева и десна. Левата се центрите за анализа, калкулација, проценка, размислување, ги контролира способностите за зборување, читање.... А десната хемисфера е задолжена за креативност, уметност (музика, сликарство), емоции, релија.
Се прашувам дали може од овде да се воспостави врска дека не случајно десната хемисфера е одговорна за овие креативни способнисти и пројавувањето на интерес за духовност со оглед на тоа што знаеме дека Бог ни го дава дарот за креативност, а и десната страна е претставена како чест и вистина, па оттаму и и Христос седи од десната страна на Отецот, а и праведниците ќе бидат од десната страна на Христа.

 

Одговор:

Според светите Отци човекот е создаден со разумна душа и прекрасно тело, според образот Божји, според Христа, и со сета свое битие како личност создадена според Бога, во сѐ се уподобува на Христос, совршениот Бог и совршениот Човек. Сѐ му служи на Бога, и умот и разумот, и душата и телото, сите подеднакво достоинство имаат во однос на Бога. Инаку, самиот ум има две функции, примарна која се храни со Бога преку молитвен заедница со Него, и секако крвна заедница преку причеста. И разумот како секундарна функција кога  умот не се храни со Бога туку со световните страсти за кои се прврзуваме и се храниме. Молитвата нѐ држи да ја реализираме неговата примарна функција, преку покајанието, а демонот се бори да ја оствариме само секундарната функција, како разум. Целта е човекот да го очисти срцето од страстите, да го просветли умот преку молитвениот литургиски живот, умот да слезе и зацари во срцето преку благодатта Божја и сиот човек да ја оствари својата цел, единство со Бога и растење во љубовта.

 

 Друго:

 +++

Послушанието е активирање на примарната функција на умот – соединување на нашата создадена енергија со несоздадената Божја енергија преку молитвата, како и пренасочување на неговата секундарна функција кон исполнување на Божјите заповеди. Послушанието е прием на вистинското Предание на Светите Отци. Послушанието е останување во рамките на соборноста на Православната Црква – без оглед на тоа кој што си мисли. Послушанието е процес на Божествено преобразување, растење и созревање до достоинството на дете Божјо. Послушанието е сѐ во Црквата Божја. Послушанието е возможно само во Црквата Божја.

Господи Исусе Христе, преку Богородица, дај ни што повистинско послушание и помилуј!

Митрополит Струмички Наум

(Извадок од беседата:  „Послушанието е премин од противприроден во природен начин на живот’ (04.11.2017 )

 

 Чувај се од она што мислиш дека си
Луѓето што се крстени си мислат дека и автоматски се христијани, но не сфаќаат дека нивните дела не го говорат истото. Најмногу ги издава нивната внатрешна насоченост кон барање, а не кон давање – како што Богочовекот Христос го даде Својот живот за спасение на човекот и светот.

 +++

Ретко кој чул за „петте контролни точки“ како единствен автопсихотерапевтски метод на христијанската психотерапија, преку кој се надминува секое искушение во нашиот живот, од најмало до најголемо. И, ретко кај кого да видиш денес дека ја бара Божјата правда, наместо човечката.

Малкумина се свесни за коренот на дуализмот што го живеат во себе при изборот помеѓу привлечноста на световното и потребата од Божественото. Не знаат дека се повикани да ја преобразат создадената енергија на својот ум преку примарната функција на умот – молитвеното единство со Бог, така што и во својата секундарна функција – комуникацијата со овој свет, истата енергија да дејствува преобразено. Ова дејствување во Литургијата на Црквата се нарекува духовен разум.

+++

 И, како сега јас да ви објаснам дека исихазмот, а не активизмот, е одговор на сите искушенија што ги носи со себе современиот модел и начин на живот?

Затоа, најмногу чувај се од тоа што си мислиш дека си, а не си!

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Пишува: Митрополит Струмички Наум

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (21.03.2021)

Од Верскиот календар на МПЦ (21.03.2021)

Свети Теофилакт, епископ Никомидиски Кога првиот царски советник Тарасиј од мирјанин беше избран за патријарх Цариградски, тогаш заедно со него примија монашки чин многумина од неговите пријатели и приврзаници од...

Од Верскиот календар на МПЦ (20.03.2021)

Од Верскиот календар на МПЦ (20.03.2021)

Св.7 свмч-ци Херсонски; преп. Павле Препрост (Тодорова сабота)   Тодорова саботаВо овој ден, прва сабота од постот, го празнуваме преславното чудо со коливото на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон,...

Од Верскиот календар на МПЦ (19.03.2021)

Од Верскиот календар на МПЦ (19.03.2021)

  Светите Четириесет и двајца маченици од Амореја Сите беа војводи на византискиот цар Теофил. Кога царот Теофил ја изгуби битката со Сарацените околу градот Амореја, Сарацените го зазедоа градот,...

Од Верскиот календар на МПЦ (18.03.2021)

Од Верскиот календар на МПЦ (18.03.2021)

Светиот маченик Конон Исавриски Во Христовата вера беше поучен и крстен во името на Пресвета Троица од самиот Архангел Михаил. Овој Божји Архистратиг го придружуваше сѐ до неговата маченичка смрт....

Од Верскиот календар на МПЦ (17.03.2021)

Од Верскиот календар на МПЦ (17.03.2021)

Преподобен Герасим Овој познат светител најпрво се учеше на подвижнички живот во Тиваида Мисирска, а потоа премина на Јордан и таму основа обител во која имаше околу седумдесет монаси и...

Од Верскиот календар на МПЦ (16.03.2021)

Од Верскиот календар на МПЦ (16.03.2021)

  Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск Му беа другари на Св. Теодор Тирон. Кога славниот Теодор славно и умре, тие останаа во затворот после него и уште долго не...

Од Верскиот календар на МПЦ (15.03.2021)

Од Верскиот календар на МПЦ (15.03.2021)

Св. свш-мч. Теодот еп. Киринејски; преп. Агатон Египетски (Велики пост)   Велигденски постиОвој пост е посветен за подготовка и во чест и спомен на Воскресението на нашиот Господ и Спасител...

Од Верскиот календар на МПЦ (14.03.2021)

Од Верскиот календар на МПЦ (14.03.2021)

 Преп. мч-ца Евдокија; св. мч-ца Антонина (Прочка – Велики поклади) Преподобната маченичка Евдокија Живееше во феникискиот град Илиопол во времето на царот Трајан. Беше прво голема развратница, а потоа покајничка,...

Од Верскиот календар на МПЦ (13.03.2021)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.03.2021)

Светиот свештеномаченик Протериј Овој светител беше презвитер во Александрија во времето кога патријарх во тој град беше еретикот Диоскор, еден од покренувачите на монофизитската ерес, којашто учеше дека во личноста...

« »

Наука и Култура

Февруари 20, 2021
„МАКЕДОНИСИМО“ ЈА ДОЛОВУВА СУШТИНАТА НА МУЗИКАТА – АЛБУМОТ НА ТРПЧЕСКИ СО ОДЛИЧНИ РЕЦЕНЗИИ ВО САД

„МАКЕДОНИСИМО“ ЈА ДОЛОВУВА СУШТИНАТА НА МУЗИКАТА – АЛБУМОТ НА ТРПЧЕСКИ СО ОДЛИЧНИ РЕЦЕНЗИИ ВО САД

„Народната музика во неговата родна Македонија е преполна со ритмичка виталност и модална убавина. За Трпчески и многу други Македонци, таа е дел од секојдневниот живот и така е уште од детството. За ‘Македонисимо’, тој групирал песни и танци во шест…
Февруари 09, 2021
3.angeli.so.truba

Прашањето на идентитетот во фокусот на канадските и македонските уметници

Во Чифте амам, во Национална галерија, од 10 до 26 февруари ќе се одржи изложбата FLUX IDENTITY, на која динамичен дијалог на тема идентитет и неговата разновидност водат уметници од Канада и од Македонија. Автор на проектот и куратор е Светлана Младенов од…

ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА ПЕРИЌ – РАНЛИВОСТА Е ХРАБРОСТ

Јан 06, 2021 Ставови 377
ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА ПЕРИЌ – РАНЛИВОСТА Е ХРАБРОСТ
Горда сум на секој проект и позади секој еден стојам непоколебливо. Нормално, некои од…

Кога некој ќе се потруди да те изгуби- ти потруди се да не те најде повеќе

Јан 05, 2021 Ставови 418
3.angeli.so.truba
Исто така секој момент можете да научите и некое друго сценарио и да сфатите, дека…

ПИЈАНМАНОВ: Уметноста е една од последните сили кои можат да го спасат човештвото

Дек 30, 2020 Интервју 494
3.angeli.so.truba
Прогласувањето национални паркови и зелени заштитни зони во југоисточна Македонија е исто…