логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Во издание на Скопската  православна епархија излезе книгата Оче наш -  Господовата молитва, која претставува толкување , односно појаснување на  молитвата која Исус Христос им ја предал на апостолите.

Епархијата книгата ќе ја дели како подарок на новокрстените Божји чеда, а пред се наменета е за дечињата.

  ГОСПОДОВАТА МОЛИТВА
Оваа молитва е светиња за сите христијани. Исус Христос им ја предал на Своите ученици по нивно барање. Тој им рекол, молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес, и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници и не воведувај не во искушение, туку избави не од лукавиот.
Зашто Твое е Царството, и силата и славата во веки. Амин.

ОЧЕ НАШ
Отец наш. Бог е извор на животот, Творец на сите луѓе и Заштитник на човечкиот род. Тој не сака нас, како што таткото ги сака своите деца. И ние ја повикуваме Неговата божествена помош со вера, надеж и љубов.

ОЧЕ
Така се обраќа детето кон својот татко. Ние Му се молиме на Бога со детска доверба. Зашто Господ е близок со нас, поблизок отколку што е душата со телото. Како сонцето, Тој ги излива Својата светлина и топлина и на добрите и на лошите, зашто Бог е Љубов, Милост, Простување, Грижа, Надеж, Радост.

НАШ
Сите сме деца на еден Отец. За Бога сите се еднакви, ние сме едно семејство, и Неговата љубов кон нас е безгранична. Тој посакува ние да се сакаме еден со друг како браќа и сестри, и тоа што за себе го бараме во молитвите, да го бараме и за другите.

КОЈ СИ НА НЕБЕСАТА
Кој престојуваш на небото. На небесата е Мајката Божја, ангелите и светите угодници Божји Му служат на Бога, Му се поклонуваат и Го прославуваат. Целото Божјо небо е безгрешно, чисто и свето.

ДА СЕ СВЕТИ ИМЕТО ТВОЕ
Бог е Убавина, Вистина и Светлина. Ние посакуваме таа убавина да ја спознае целиот свет. Боже, помогни ни да живееме според Твоите заповеди, та и преку нашите добри дела да Те слават сите луѓе.

ИМЕТО ТВОЕ
Името Божјо е свето, и кога ние со стравопочит и љубов го изговараме, во нашите срца се одразува Самиот Господ, како што во чистата роса се одразува сонцето.


ДА ДОЈДЕ ЦАРСТВОТО ТВОЕ
Царството Небесно - тоа е благодатта на Светиот Дух. Поради благодат ни се дава покајанието, коешто ги чисти нашите срца од секоја нечистотија и во нас се вселува Бог. А каде што е Бог, таму е и Неговото Царство - Царството на Мирот, Добрината и Љубовта!

ДА БИДЕ ВОЉАТА ТВОЈА
„Нека биде како што сакаш Ти" - вака може да каже детето, кое наполно му се доверува на својот татко, не сомневајќи се во неговата љубов и мудрост. Се - и радоста, и тагата - треба да се прима како света Божја волја, којашто не води кон спасение.

КАКО НА НЕБОТО
ТАКА И НА ЗЕМЈАТА

И на земјата, како на Небото. Ние молиме од Господа да ни помогне да ја исполниме Неговата волја смирено, предано и со љубов, како Богородица и светите небесни ангели.

И НА ЗЕМЈАТА
И на земјата. Додека Адам и Ева живееле во послушание кон Бога, на земјата имало рај. Ако живееме според Божјата волја, ние го враќаме рајот на земјата. Послушанието - тоа е почеток на рајот на земјата.

ЛЕБОТ НАШ НАСУШЕН
ДАЈ НИ ГО ДЕНЕС

Дај ни го сето тоа што ни е потребно секојдневно. Господ не учи да не бараме за себе богатства и раскош, туку да го бараме единствено најнеопходното, надевајќи се за се во Бога и спомнувајќи си дека Тој секогаш како Татко се грижи за нас.

ЛЕБ0Т НАШ НАСУШЕН
Лебот е животно неопходен не само за телото, туку и за душата. За душата се неопходни словото Божјо и причестувањето со светите Христови тајни. Нашиот Господ Исус Христос - Небесниот Леб - преку светата тајна Причест не осветува и не соединува со Бога и меѓусебно, не приближува кон вечниот живот, кон Царството на Љубовта.

И ПРОСТИ НИ ГИ НАМ
ДОЛГОВИТЕ НАШИ

Долгови - тоа се нашите гревови. Господ ги простува гревовите на тие што искрено се каат. Прости - значи разреши, отпушти. Нам - ние не се молиме само за себе, туку и еден за друг.

КАКО ШТО НИЕ ИМ ГИ ПРОШТЕВАМЕ
НА НАШИТЕ ДОЛЖНИЦИ

Како што и ние им проштеваме на тие што не навредуваат. Ако ти простуваш - и тебе Господ ќе ти прости; а ако не проштеваш, тогаш и твојот грев ќе остане со тебе. 

И НЕ ВОВЕДУВАЈ НЕ ВО ИСКУШЕНИЕ
Искушение - тоа е испитување на нашето срце во добро и зло. Што ќе одбереме? Господи, не испраќај ни прекумерни искушенија, помогни ни да го надминеме гревот во себе и да истраеме во доброто!

ТУКУ ИЗБАВИ НЕ ОД ЛУКАВИОТ
Тоа е молба кон Семоќниот Бог за заштита од ѓаволот. Лукав - значи измамник, лажливец. Токму тој ги сее во нас лошите мисли и желби, не поттикнува на грев, ја успива совеста, оправдувајќи ги нашите лоши постапки. Треба да се спротивставуваме на злото и неправдата и да Го молиме Бога за помош.

ЗАШТО ТВОЕ Е ЦАРСТВОТО,
И СИЛАТА И СЛАВАТА ВО ВЕКИ.

Славејќи Го и благодарејќи Му на Господа, ние се надеваме во Него, зашто на Бога Му припаѓа ЦАРУВАЊЕТО над светот, во Него има СИЛА да ги исполни нашите молби, и Нему Му прилега вечна СЛАВА.

АМИН
Амин - нека биде така.

 


 

 ДРУГО:

o.Gavril.besedi.jpg

Господовата молитва
Вовед

Верувам дека сите знаеме која е Господовата молитва, некои ја знаeме и на напамет, но не сум сигурен дали сите го знаeме нејзиното значение. За тоа се погрижиле светите Oтци, кои длабоко проникнуваат во словото Божјо и несебично ни го одставиле во наследтво тоа нивно искуство за да и ние да го научиме суштинаското значение на оваа молитва. Неа, Господ Исус Христос ни ја дал преку апостолите кога тие го замолиле да им каже како да се молат.

Тогаш Господ Исус Христос им кажува како да се молат: Кога се молите, не говорете многу како незнабожците, зашто тие мислат за своите многу зборови ќе бидат услишени; вие, пак, немојте да бидете како тие, оти вашиот Отец небесен знае од што имате нужда уште пред да сте Го помолиле.Туку молете се вака: и им ја кажува молитвата Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес; и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници; и не не воведи во искушение, но избави не од лукавиот, зашто Твое е царството, и силата, и славата во сите векови. Амин! (Мат, 6,7-13, Лук 11,2-4)

Основната молитва во Православната Црква е Господовата молитвa  или молитвата Оче наш и таа најчесто се применува во нашите Богослужби. Во нејзините зборови Спасителот се ни дал што ни е потребно за нашето спасение. Ако ја гледаме малку повнимателно, ќе заклучиме дека во неа се опфатени двата најголеми заповеди кои Господ Исус Христос ни ги даде во Новиот Завет: возљуби Го Господа со сето свое срце и со сета своја душа, и со сиот свој разум, и со сета своја сила!’ Тоа е прва заповед. А втората е случна на неа: ‘Возљуби го својот ближен како себеси!’ Друга заповед, поголема од овие, нема. (Мат. 22, 37-39; Мар. 12, 30-31). Што е уште поинтересно, во оваа молитва ќе забележиме дека ништо не бараме свое и ништо на земјата. Најчесто кога ние се молиме, разбираме дека молиме од Бога нешто и бараме ова-она, и бараме за себе и бараме нешто што е од овде на земјата. Но Господ не учи поинаку, дури и онаа прозба, Лебот наш насушен, дај ни го денес, има сосем друго значение за кое ќе видеме подоцна.

Ние веруваме во личносен Бог, Бог Света Троица, Отец, Син И Свет Дух и заради тоа ние можеме и лично да му се обратиме да го спознаеме и заедничариме со Него, а тоа значи дека нашиот Бог е конкретно Некој и ние со Него можеме да воспоставиме лична и љубовна заедница преку молитвата.

Оче – Бог пред се е Личност и ние со Него треба да воспоставуваме личносен или синовски однос, кога се обратиме кон некого со Отец, тоа значи дека се обраќаме кон својот родител, што го чувствуваме блиску и орагански поврзано. Тоа значи и дека нашиот Бoг е Личносен и Троичен и кога има Отец има и Син има и Свет Дух. Синот е Син по природа, додека ние сме синови по благодат. Преку крштението ние се восиновуваме на Бог и стануваме браќа на Христос. Преку овој призив ние ја спознаваме големината на љубовта Божја.

Следниот збор после именката Оче е зборот „наш„ . Што значи „наш”?  Тоа значи дека Отецот е наш Отец, на целата заедница, не мој или твој, туку наш, а тоа всушност е Црквата. Затоа оваа молитва не елична туку секогаш на Црквата. Надвор од Црквата и црковната заедница, оваа молитва, ќе се осмелам да кажам дека не важи, нема сила и спознание. Кога ќе речеме Оче наш, тоа значи дека сите ние сме браќа и сестри, затоа што имаме еден Отец, а кога сме браќа и сестри, тогаш неминовно е и да се љубиме. Моето да е твое и твоето мое. Ти да бидеш јас, јас да бидам ти. Односно секогаш да го пуштаме братот или сестрата пред нас.

Продолжуава…Lord’s prayer
Introduction

I believe we all know the Lord’s Prayer, many of us know it by heart, but I’m not sure if we all know its meaning. The Holy Fathers have gone deep into the Word of God and selflessly left their experience to us, so that we can learn the essential importance of this prayer. The Lord Jesus Christ gave us the prayer through the apostles when they asked Him to teach them how to pray.

So the Lord Jesus Christ taught them: When you pray, do not say much like pagans, for they think will be heard because of their many words. Do not be like them, for your Father knows what you need before you ask him. This is how you should pray: “Our Father who art in heaven, Hallowed be thy Name. Thy kingdom come, Thy will be done on earth as it is in Heaven. Give us this day our daily bread; and forgive us our trespassess, as we forgive our trespasses; And lead us not into temptation, but deliver us from the evil one, for thine is the Kingdom and the Power and the Glory, for ever and ever. Amen! (Matthew, 6.7 -13, Luke 11.2-4)

The central prayer in the Orthodox Church is the Lord’s Prayer or the prayer Our Father and it is used in our church services. In the words of the prayer our Savior gave us what we need for our salvation. If we look a little closer at the words of the Lord’s Prayer, we will come to the conclusion that Lord Jesus Christ gave us two major commandments in the New Testament: Thou shall love thy Lord the God with thy whole heart and with thy whole soul, and with thy whole mind, and with all your strength. This is the first commandment and the second is: ‘Thou shall love thy neighbor as thyself.’ There is no commandment greater than these. (Matt. 22, 37-39; Mark. 12, 30-31). What is more interesting in this prayer is that we are not requesting anything for ourselves and nothing from this world. Often, when we pray, we request something of God, something for ourselves, we ask for something that is here on earth. But, God teaches us differently, even that petition Give us this day our daily bread, has a completely different meaning which I will talk about later.

We believe in a personal God, God the Holy Trinity, Father, Son and Holy Spirit and therefore we can personally address Him, get to know Him and be in communion with Him. That means that our God is One and we can establish personal and loving community through the Prayer.

Father – God is a person and we should establish a personal or parental relationship with Him, when we address someone with Father it means we address our parent that we feel close bound. This means our God is personal and Trinitarian; and if there is the Father and the Son there will be the Holy Spirit. The Son is son by nature but we are sons by blessing. When we are cristened we become sons to God and brothers to Jesus. By this petition we get to know God’s love.

What comes after the noun Father is the word “our”.  What does “ours” mean? It means that the Father is our Father, to the whole community, He is not only mine or yours, but ours, and that is what the Church is. So this prayer is not personal but always for the Church. Outside the church and church community, this prayer, I dare say, does not exist and has no power or knowledge. When we say Our Father, it means that we are all brothers and sisters, because we have one Father, and when we are brothers and sisters, then it is unavoidable to love each other. What is mine is yours and what is yours is mine. You will be me and I will be you. Always put the brother or sister before us.

To be continued…

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная