За моменталната ситуација: паника или смиреност
Кога во најтешките моменти ја изговараме Исусовата молитва - Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот, нашиот ум и душа се заштитени од вознемиреност, страв и паника. На овој начин имунолошкиот систем автоматски станува здрав и добро организиран, а антителата молневито реагираат на секој натрапник - вирус, бактерија, малигна клетка... и како добро обучена и увежбана војска на време го уништуваат секој непријател!
Бидејќи во последните недели бевме изложени на огромен информативен притисок, исклучително е важно да не “ги голтаме” вознемирувачките вести и информации од разноразни медиуми, туку да останеме присебни, претпазливи, трезвени и молитвени.
Прекумерното следење, од час во час, колку луѓе се разболеле, колку починале и слично, не ни носи никаква корист, туку само дополнително ја нарушува и онака напнатата психа. Секако знаеме дека ситуацијата е сериозна – и тоа ни е доволно!
Да обрнеме внимание на следните редови кои можат да ни помогнат неповредени и победнички да го пребродиме ова зло.
Човекот е троедино суштество, по углед на нашето Божество - Света Троица - и се состои од тело, душа и дух. Телото е во светот, душата е во телото, а духот е во душата. Сè е нераскинливо поврзано и меѓусебно зависно. Ако еден од овие елементи е во неред, постои целокупна дисхармонија - опасна дисхармонија.
Човечката душа е енергетскиот центар и животниот мотор на телото. За да може телото да функционира добро и здраво, душата мора да биде добра и здрава. Човечкиот дух е најчистиот дел од душата, окото на душата, душа на душата. Духот ја храни и енергизира душата. А за да биде нашиот дух здрав и чист, тој мора да биде во контакт со Светиот Дух, кој доаѓа од Создателот на вселената, Бог Отецот.
Човечкиот дух прима светлина, благодат, сила и живот од Светиот Дух, а потоа ја пренесува на душата. Кога душата е исполнета со здрав дух, таа хармонично и навремено ги пренесува виталните импулси на целото тело, кое станува здраво бидејќи се исполнети условите за здравје.
Душата првенствено се грижи за три системи, автономниот нервен систем, ендокриниот систем и имунолошкиот систем. Кога тие се функционални, тогаш хармонично работат и другите системи на човечкото тело, а тоа се кардиоваскуларните, дигестивниот, респираторниот, урогениталниот и други, и на крајот, а можеби на прво место - централниот нервен систем, со нашата свест како круна.
Кога човекот е под стрес, во страв и паника, духот се раслабува, потемнува и ја губи својата вклученост во Светиот Дух. Со други зборови: ја губи волјата за молитва, Литургијата и Причеста, кои се главните облици на вклучување во „енергетскиот круг“ на Светиот Дух Божји.
Помрачениот човечки дух повеќе не може да ја осветли душата и таа не може да гледа, слуша и не може да го одржува својот телесен организам во хармонија и здравје.
Меѓу првите што страда е имунолошкиот систем, антителата се дезориентираат, страните микроорганизми, бактериите и вирусите слободно влегуваат, се размножуваат, почнуваат да ги ослободуваат своите секрети кои се токсични, односно отровни и штетни за луѓето, а луѓето се разболуваат, а понекогаш и умираат.
Слушаме како докторот му вели на пациентот дека не смее да се нервира бидејќи анксиозноста убива.Воглавно, на тоа и се завршува, односно нема упатство како да не се грижите(!). Понекогаш добиваме некој совет, да бидеме повеќе во природа, да се храниме здраво, да избегнуваме стресни ситуации... - но сето тоа е произволно и недоволно.
Главниот и единствен начин да се зачува мирот и силата на духот е да се учествува во секојдневен активен православен циклус.
А тоа значи: редовно исповедајте се, постете во среда, петок и четирите големи пости, бидете редовни на Литургијата и причестувајте се што почесто. А од друга страна имајте свое секојдневно, по можност, утринско и вечерно молитвено правило, каде се главни Новиот завет, псалтирот и православниот молитвеник. Кога човек ќе ја внесе оваа духовна пракса во својот живот, духот, душата и телото, со сите нивни системи, стануваат здрави!
Посебно во овие тешки периоди, како болести, природни катаклизми, глад, војни... мораме пред се да се грижиме за нашата духовна состојба! Нашата молитва тогаш мора да биде посилна од кога било, односно да се молиме што почесто, практично, постојано. Најдобро е со Исусовата молитва - Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот. На овој начин, нашиот ум и душа ќе бидат заштитени од вознемиреност, страв и паника, а имунолошкиот систем автоматски ќе стане здрав и добро организиран, а антителата молневито ќе реагираат на секој натрапник - вирус, бактерии, малигна клетка и како добро обучена и увежбана војска на време го уништуваат секој непријател!
Да се радуваме затоа што сме сведоци на уште еден историски Божји испит и чистење на нашите гревови.
А Бог знае што прави!
Монах Арсеније Јовановиќ
prijateljboziji.com /
За Преминпортал Симеон Стефковски
11.02.2023 лето Господово