Од чудата на Света Ксенија Петербургска
Не многу одамна во Санк Петербург - Русија, се случила следната неверојатна случка:
Дваесет и осум годишната медицинска сестра Оксана Попова имала кошмарно видение во сонот : нејзиниот брат, 22 годишниот Димитриј бил нападнат и удиран со нозе од страна на некакви пијани бандити. Кога таа го раскажала тоа чудесно видение на нејзината баба, бабата офнала. Се покажало дека и на неа и се сонило истото видение: некакви одметници го удирале Димитриј со нозете и целиот бил окрвавен. Вечерта станало јасно дека и мајката на момчето сонила сличен сон. После разговорот меѓу нив, наеднаш настапило молк.
Кога Димитриј се вратил од универзитетот, соопштил дека ќе патува и дека до понеделник ќе гостува кај еден пријател во селото Кавгалово. Се покажало невозможно да го задржат. Дури откако му раскажале на Димитриј за тројно повторениот сон, тој едноставно се насмеал и приквечерта излегол.
Жените во куќата останале преплашени. Бидејќи неможеле да направат ништо, секоја од нив си отишла во собата и почнала со молитва. Без да се догoворат една со друга, се покажало дека секоја од нив се молела на Света Ксенија Петербургска, кон која сите во домот имале силна почит. Насред ноќ наеднаш ѕвончето на вратата заѕвонело. На прагот стоел премрзнатиот од студ - Димитриј. На прашањето зошто се вратил од патувањето , тој неволно одговорил: „Го променив планот!” Потоа откако испил една чаша водка, длабоко заспал.
Утредента рано наутро Димитриј на мајка му, баба му и сестра му им го раскажал следното: На една од станиците, во возот се качила чудна жена облечена во лесни алишта и со шамија околу главата и седнала во вагонот точно спроти него. Од длабокиот поглед на нејзините сини очи, тој останал вкочанет. На следната станица во возот влегле неколку пијани силни момчиња. Седејќи недалеку од Димитриј, пиеле алкохол и со силен глас пцуеле. Ненадејно, сопатничката станала и го фатила момчето за ракавот на јакната и го повлекла во ходникот. Тој се обидел да и се спротистави, но во себеси слушнал глас: „Ајде, да одиме!” На следната станица двајцата се симнале од возот. Вратите се затвориле, а возот бавно тргнал, така Димитриј во моментот успеал со свои очи да ја види започнатата тепачка меѓу пијаниците во вагонот што го напуштиле. Гледајќи околу себе, утврдил дека е сам на перонот. Одеднаш, испотен од страв, човекот побрзал да се врати и со следниот воз во обратна насока се прибрал дома.
Следното утро Оксана го зела нејзиниот брат со себе и го однела на Смоленските гробишта во храмот посветен на Света Ксенија Петербургска. А неверниот во Бога студент, кога ја погледнал иконата на светителката, со пребледнати усни рекол: „Господи, тоа е таа!”
Избор од фб профил на Свети Марко Ефески
Друго:
пп